СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
1СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријави
3Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
1Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
АвтомобилизамУапсени работници на „Renault“поради кражба на деловиНационалната полиција на Шпанија уапси неколку работници во фабриката на „Renault“во Ваљадолид поради кражба на моторни делови.Вкупно се уапсени три лица од фабриката, уште еден работник од помошната фирма „Arcese España S.A.“ и возач на камион. Полицијата ја потврди економската штета од речиси 600.000 евра. Истрагата е се уште отворена и не се исклучени нови апсења, пишува „Jutarnji.hr“. Како што дознава „Europa Press“, истрагите започнале како резултат на жалбите на директорот за логистика на „Arcesa España S.A.“ како и од одговорното лице за безбедност во Рено во врска со кражба на материјал наменет за фабриката за мотори. На 13 декември 2022 година била пријавена кражба на катализатори во вредност од 69.174 евра, кои биле примени на производствената лента во Рено Ваљадолид, но кои мистериозно исчезнале. Благодарение на снимката од камерите на објектите, откриено е дека на 7 декември, шефот на екипата „Arcese“, во договор со возачот на камионот за внатрешна испорака, ја натоварил наведената украдена стока во наведеното возило. Минатиот петок беа уапсени и двете лица, како и трет вработен – возач на виљушкар. Во согласност со она што се случи, „Renault“ откри дека наводно со истиот метод во изминатите неколку години биле украдени материјали во вредност од 589.762 евра. „Renault“ започна внатрешна истрага од сопствениот оддел за безбедност, која откри „сомнителни дејствија“ на други вработени во „Arcese“ кои наводно биле вклучени, како и друг возач на камион кој престанал да работи за „Renault“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор, следуваат соодветни пријавиНа 07.08.2026 во 12:00 часот во с.Грешница, општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. На 07.08.2026 во 17:00 часот во с.Сарандиново, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А.(76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрон влегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал близу границата со РоманијаБеспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев.Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија и додаде дека тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за одбрана работат на утврдување на потеклото на дронот.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветШпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на МадридШпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија. Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ултиматумот и кажа дека ќе останат најмалку до 15 август, кога, како што рече, Шпанија очекува нов бран мигранти да ја погоди Сеута. Нејзината влада изјави дека одлуката за привремено суспендирање на шенгенскиот договор е за да се спречат мигрантите кои влегле во Сеута да патуваат кон италија. Мадрид го отфрли овој став, велејќи дека се заснова на лажни аргументи, бидејќи мигрантите кои дошле до Сеута немале начин да влезат во Шенген зоната.Тагови: Италија Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook