МакедонијаУапсени пијани возачи низ Македонија, радовишанецот предизвикал сообраќајкаЛишени од слобода возачи во Радовиш, Гевгелија, Куманово, Битола и Прилеп затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во Радовиш предизвикал и сообраќајна несреќаНа 13.12.2025 година во 02:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица на ул. „8 Септември“ во Радовиш го лишија од слобода В.К.(60) од Радовиш. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна несреќа, во која учествувал В.К. со патничко возило „џип“ со радовишки регистарски ознаки, било констатирано дека В.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.63 промили алкохол во крвта. На 13.12.2025 во 02:11 часот, полициски службеници од СВР Струмица на ул. “7ми Ноември” во Гевгелија го лишија од слобода Г.Р.(45) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „пежо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Г.Р. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.35 промили алкохол во крвта. На 13.12.2025 во 01:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово на ул. "Прва Петолетка" во Куманово го лишија од слобода Л.П.(22) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Л.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,91 промили алкохол во крвта. На 13.12.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово на ул. " Перо Чичо" во Куманово, го лишија од слобода Р.З.(58) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Р.З., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.50 промили алкохол во крвта. На 13.12.2025 во 03:48 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „4-ти Ноември" во Битола, го лишија од слобода Б.Ш.(22) од Битола. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди" со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ш., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.66 промили алкохол во крвта. На 12.12.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Орде Чопела" во Прилеп, го лишија од слобода Х. Г.(31) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел" со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г., и при преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили. По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter