Уапсени две лица за убиството на претседател на кипарски фудбалски клуб - Канал 5

Уапсени две лица за убиството на претседател на кипарски фудбалски клуб

Грчката полиција приведе две лица во врска со убиството на претседателот на кипарскиот фудбалски клуб од втората лига Кармиотиса.

Уапсени две лица за убиството на претседател на кипарски фудбалски клуб

Ставрос Демостенус, 49, беше застрелан пред својот дом во крајбрежниот град Лимасол на 17 октомври. Демостенус бил во својот автомобил кога непознат напаѓач на мотоцикл пукал во неговото тело.

Осомничените, идентификувани како етнички Грци од Грузија, биле приведени во четвртокот во Солун откако Кипар издаде европска потерница.

„Тие се осомничени дека учествувале во извршување на нарачано убиство“, изјави полициски службеник, без да даде детали за нивната улога.

Грчката полиција не ја исклучува можноста осомничените да се поврзани со таканаречената „грчка мафија“, која се смета за одговорна за неколку слични нарачани убиства и има блиски врски со мрежи на организиран криминал управувани од етнички Грци во Грузија и други поранешни советски републики.

Кармиотиса минатата сезона настапуваше во најсилната кипарска фудбалска лига, но го загуби прволигашкиот статус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија на нафтена платформа во државата Апуре, Венецуела. Повредените се префрлени во Колумбија на лекување.

Нова трагедија во Венецуела: Експлозија на нафтена платформа, oсум повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум работници се повредени во експлозија што се случи доцна во неделата навечер по локално време на нафтена платформа во државата Апуре во југозападна Венецуела, потврдија денес локалните власти.

Надлежната служба на компанијата „PDVSA“ што управува со нафтената платформа потврди дека сите повредени работници се префрлени во соседна Колумбија каде што ќе добијат медицинска помош, пренесува Ројтерс.

„PDVSA“ не одговори веднаш на барањата на Ројтерс за дополнителен коментар за експлозијата на нафтената платформа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Турција очекува единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО во Анкара следниот месец, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс.

Анкара ќе биде домаќин на самит на 32 лидери на земјите-членки на НАТО, како и претставници од земјите-партнери во Персискиот Залив, Азија и Пацифичкиот регион, на 7 и 8 јули, во услови на тензии во рамките на алијансата околу поделбата на товарот, трошоците за одбрана и поплаките на САД за недостатокот на учество на сојузниците во повторното отворање на Ормутскиот теснец за време на војната меѓу САД и Израел со Иран.

„Нашето главно очекување од самитот е да се постигнат резултати што ќе ја заштитат националната безбедносна чувствителност на сојузниците и ќе го зајакнат духот на солидарност и единство на алијансата“, рече Ердоган на настан во Истанбул за парламентарците од земјите-членки на НАТО.

Турскиот лидер рече дека сојузниците ќе разговараат и за војните во Иран, Украина и Појасот Газа за време на состанокот, додавајќи дека официјална Анкара очекува поголема поддршка од сојузниците во напорите за ставање крај на повеќе од 40-годишното востание на милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК) и вклучување на Турција во европските одбранбени планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Денешната прес-конференција е поврзана со ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик. 

 Милошоски: Филипче уште сега создава алиби за дебаклот кој ќе го доживее на следните избори

Прво би сакал да напоменам дека ваквата најава од господинот Венко Филипче е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање.

Втората работа, сметам дека Венко Филипче преку најавата за блокада на Изборниот законик, бара можно оправдување, алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат.

Третата работа е многу симптоматична и тоа е прашањето дали Венко Филипче ја следи Левица во нејзините ставови. Бидејќи денес имавме најава од Левица за можна блокада и филибастеринг на овој закон од Реформската агенда, а потоа следува потврдата од Венко Филипче којшто се обидува да го имитира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано, останува да одговори претседателот на СДСМ.

И последната поента што сакам да ја упатам, како една остра критика до претседателот на СДСМ, којшто многу често знае реторички да ја истакне важноста на граѓаните на Македонија, без разлика каде живеат, дали во државата или во дијаспората, е што токму овој Изборен законик предвидува електронско гласање на дијаспората согласно моделите коишто ги видовме во Француската Република и во Република Естонија. Ваквото електронско гласање на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање на изборите за претседател на државата и нивното учество со гласање за избор на пратеници.

Но, предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал, не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните во Република Македонија. Се забележува и преку неговиот пристап кон нашите содржавјани коишто живеат надвор од границите на Македонија. За жал, со ваквиот однос веројатно господинот Филипче ќе ги изгуби и следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат, но многу е непромислено што со ваквите потези краткорочно можеби наоѓа за себе алиби, но долгорочно ѝ прави штета на Република Македонија. Прво, по однос на нашата Реформска агенда пред Европската комисија и второ, по однос на таа нераскинлива врска на македонските иселеници со матичната држава преку можноста и уставното право тие да гласаат на секои избори.

YouTube video

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер