Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран
1Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со Иран
3Спортски празник за младите во Кичево: Македонски Олимписки Комитет успешно го одбележа „Олимпискиот ден“
Црна хроникаУапсени четворица по претрес во Гостивар- пронајдени дрога, оружје и муницијаНа 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.Р.(23), З.А.(22) и Н.С.(24), сите од Гостивар.При преглед кај нив, кај А.Р. биле пронајдени осум пакувања со бела прашкаста материја, додека кај З.А. едно пакување со бела прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Р., при што биле пронајдени и одземени пиштол „берета“ калибар 22мм, пушка карабин „застава“ калибар 8,57, една рамка и вкупно 191 куршуми од различен калибар за кои не поседувал дозвола. По документиеање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПретставничкиот дом на САД усвои резолуција за повлекување на американските сили од воените операции со ИранПретставничкиот дом на САД усвои резолуција со која се бара повлекување на американските сили од воените дејствија против Иран, освен доколку Конгресот не одобри понатамошен ангажман.Резолуцијата, предложена од демократите, е усвоена со 215 гласа „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републиканци, кои гласаа спротивно на ставот на својата партија.. Иако резолуцијата има претежно симболичен карактер поради можноста претседателот да стави вето, таа претставува значајна политичка порака до Белата куќа. Доколку мерката биде усвоена и во Сенатот, Трамп најверојатно ќе стави вето за да го спречи нејзиното стапување во сила. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот, што во моменталниот политички распоред се смета за малку веројатно..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЗдравјеШпанија откри 111 случаи на редок рак поврзан со импланти за градиШпанските здравствени власти потврдија дека до крајот на 2025 година ќе бидат регистрирани вкупно 111 случаи на анапластичен лимфом на големи клетки, ретка форма на рак поврзан со импланти за гради. Шпанската агенција за лекови и медицински помагала (Aemps) примила вкупно 146 сомнителни пријави откако започнала да ја следи состојбата во 2012 година, објавува Euronews. Податоците се дел од шестиот извештај за следење на националниот протокол за откривање и проучување на овој вид лимфом, изготвен врз основа на извештаи регистрирани во Системот за надзор на медицински производи. Агенцијата со години спроведува надзор на специфични болести во соработка со медицинските друштва и европските здравствени власти. Според извештајот објавен од агенцијата, најголем број пријави се регистрирани во Мадрид, по што следат Андалузија, Каталонија и Валенсија. Анапластичниот лимфом на големи клетки поврзан со импланти на дојка, меѓународно познат како BIA-ALCL, е редок вид на не-Хочкинов лимфом. Важно е да се напомене дека ракот не потекнува од самото ткиво на дојката, туку од клетките на имунолошкиот систем кои можат да се развијат во ткивната капсула околу имплантот. -Aemps нагласува дека ова е ретка болест чија инциденца е ниска во споредба со големиот број жени кои имаат импланти на дојка. И покрај ова, агенцијата ја нагласува важноста на понатамошниот надзор и подобрувањето на раното откривање. Досегашните истражувања сугерираат дека болеста има повеќе причини. Меѓу факторите што се проучуваат се видот на имплантот што се користи, генетската предиспозиција и можните воспалителни процеси или контаминација поврзани со имплантацијата. Сепак, експертите забележуваат дека дефинитивна причинско-последична врска сè уште не е утврдена и дека механизмот што го активира развојот на лимфом сè уште не е прецизно познат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био ПазаротГрадоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на Фејсбук напиша: Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот.Интензивно се одвиваат градежните активности на Био Пазарот. Изградбата на овој Био Пазар ќе обезбеди современ, уреден и сертифициран простор каде локалните земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси ќе можат директно да ги продаваат своите производи, без посредници – по фер цени, со зголемена доверба од потрошувачите. Со овој капитален проект инвестираме во три столба – здравјето на граѓаните, економската моќ на нашите производители и одржливата иднина на Кавадарци. [✔️] Инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 26.500.000 ден плус ДДВ, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22