3Обвинителството побара притвор за газда Деко, сега го гонат за давање поткуп во Министерството за економија
Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила
1Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила
БалканУапсена раководителка во железницата на СрбијаПолицијата денеска ја уапси раководителка во железницата на Србија, со седиште во Белград, во рамки на антикорупциската акција поради уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.По наредба на Специјалното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска е упасена С.К., менаџерка за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железница Србија“, како и тројца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, додека еден е во бегство, во врска со извршување неколку кривични дела со коруптивни елементи, што резултираше со уривање на настрешница на таа железничка станица на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 15 лица, а тројца беа тешко повредени. Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека постои основано сомневање дека нивните пропусти се причинско-последично поврзани со трагедијата, бидејќи доколку постапувале совесно и ја извршувале својата должност за вонреден увид, како и контрола на условите за време на пробната работа, тогаш ќе можеле да ги забележат недоследностите пред уривањето на настрешницата. „Морам да напоменам дека Специјалното одделение постапува одвоено од предметот на Јавното обвинителство во Нови Сад во кој е поднесено обвинението, како и одвоено од предистражните дејствија што ги презема Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со финансирањето на проектот за реконструкција на Желеничката станица во Нови Сад, бидејќи делата на извршување на кривичните дела за кои се товарат осомничените се извршени на територијата на Белград, иако трагичната последица се случила во Нови Сад“, рече Стефановиќ. Тој додаде дека случајот е формиран откако Обвинителството ја разгледало кривичната пријава од 2 февруари, приложените докази и документацијата во врска со кривичното дело, која е објавена на веб-страницата на Владата на Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката .Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во вечерашното Само Интервју.. Министерот за одбрана повика надлежните да ја истражат постапката..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаМицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателствоПремиерот Христијан Мицкоски на ФБ објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп при неодамнешното учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. „Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“, објави Мицкоски во описот на фотографијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДеветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила Во мало клиничко испитување на персонализирана вакцина против рак на бубрег, болеста не се вратила кај ниту еден од деветте пациенти кои ја примиле. Учесниците биле следени во просек три години и четири месеци по операцијата, а резултатите се сметаат за охрабрувачки, иако поради малиот број испитаници не може со сигурност да се каже дека вакцината спречила болеста да се врати. Персонализирана вакцина против рак Научниците развија експериментална вакцина која го учи имунолошкиот систем да ги препознава клетките на ракот. Процедурата вклучува анализа на туморот на секој пациент, избирање уникатни делови од протеинот, таканаречените неоантигени и нивно користење за да се направи вакцина. Целта е да се стимулира одбранбениот систем на телото да нападне рак кој е специфичен за таа индивидуа. Охрабрувачки резултати од мало истражување Во истражувањето учествувале девет лица со проѕирно клеточен карцином на бубрегот, најчеста форма на оваа болест кај возрасните. Седум пациенти биле во трета и двајца во четврта фаза на болеста. На сите им беа целосно отстранети туморите и во моментот на вакцинацијата немаа видливи знаци на болеста, но беа изложени на висок ризик за нејзино враќање. Научниците се надеваа дека ќе ја искористат вакцината за да го обучат имунолошкиот систем да ги уништи преостанатите клетки на ракот кои се премногу мали за да бидат откриени со стандардни тестови. Сите девет пациенти развиле имунолошки одговор, а кај седум од нив Т-клетките активирани со вакцината успеале да го препознаат сопствениот тумор на пациентот. Потребна е претпазливост при толкувањето Истражувачите предупредуваат дека резултатите мора да се толкуваат со претпазливост. „Со оглед на ограничениот број на пациенти, мора да бидеме претпазливи во понатамошните толкувања“, велат Дејвид Браун од Универзитетот Јеил и Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер, кој ја водел студијата. Бидејќи студијата немала контролна група, не е можно да се одреди колку пациенти би имале релапс доколку не ја примеле вакцината. Исто така, оваа студија не може да потврди дали додавањето на лекот за имунотерапија ipilimumab, кој го примиле пет пациенти, дополнително го подобрил исходот. Предизвици во развојот на вакцините Развивањето вакцина за рак на бубрезите е посебен предизвик бидејќи овие тумори обично имаат помалку мутации од, на пример, меланомот, што значи помал број на потенцијални цели на вакцината. И покрај тоа, научниот тим успеа да произведе вакцина за секој учесник. „Нашата цел беше да изградиме траен имунитет на антигени специфични за туморот, што на крајот ќе доведе до имунолошки одговор против самиот тумор“, велат Браун и Чуеири. Следењето покажа дека имунолошкиот одговор трае со години. Клучен чекор беше да се потврди дека Т-клетките активирани со вакцина може да ги препознаат вистинските туморски клетки, а не само делови од нив во лабораторија. Во седум од девет случаи успеале да го потврдат токму тоа. „Истражувавме дали Т-клетките активирани од вакцината се способни да го препознаат сопствениот тумор на пациентот“, велат истражувачите, објаснувајќи дека ова е голем технички предизвик бидејќи тие морале да ги зачуваат виталните туморски клетки за секој пациент. Безбедност и идни истражувања Студијата од првата фаза се фокусираше првенствено на безбедноста и подносливоста. Најчестите несакани ефекти беа благи, како што се реакции на местото на инјектирање и привремени симптоми слични на грип. Ниту еден од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Иако наодите покажуваат дека е можно да се развијат вакцини кои создаваат траен имунолошки одговор за овој тип на рак, останува нејасно дали тие навистина ги подобруваат резултатите од лекувањето. „Треба да тестираме персонализирани вакцини кај многу поголем број пациенти и да се увериме дека тие навистина ги подобруваат резултатите во споредба со сегашниот стандарден третман“, заклучија Браун и Чуеири. Во тек е поголема студија, INTerpath-004, која тестира друга персонализирана вакцина базирана на технологијата на mRNA во комбинација со имунотерапија. Студијата е објавена во списанието Nature.Тагови: вакцина рак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter