3СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
СветУапсена поранешната претседателка на Парламентот на Бангладеш поради случувањата за време на немирите во 2024Полицијата ја уапси поранешната претседателка на Парламентот на Бангладеш, Ширин Шармин Чаудури, во врска со настаните со задушувањето на масовните протести во 2024 година кога соборена тогашната власт на премиеркате Шеик Хасина.Чаудури (59) била уапсена во куќа на нејзини роднини во населбата Данмонди во главниот град Дака. По приведувањето таа е предадена на истражните служби кои и одредија мерка притвор. Таа беше првата жена на функцијата претседател на Парламентот на Бангладеш, избрана во април 2013 година. Функцијата ја извршуваше должноста до септември 2024 година. Оставка даде на функцијата еден месец откако по насилни протести на 5 август 2024 година беше соборена од власт партијата „Авами лига“ на Шеик Хасина. Полицијата соопшти дека ги разгледува поднесените предмети против Чаудхури и дека таа ќе биде изведена пред суд по конкретни обвиненија. Таа се товари за повеќе случаи поврзани со насилствата за време на немирите, вклучително и смртта на златар во северниот регион Рангпур. Во меѓувреме, Специјалниот суд во Дака покрена обвиненија против поранешната премиерка Шеик хасина која се наоѓа во егзил во Индија. Нејзе и беше судено во отсутво и во ноември минатата година е осудена на смрт поради бруталното задушување на немирите против власта. Според проценките на Обединетите нации, во насилствата во Бангладеш во 2024 година животот го загубиле околу 1.400 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешка сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје, двајца загинати , тројца повредени-Две лица загинаа, а тројца се повредени во тешка сообраќајка на автопатот Куманово-Скопје.Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“ управувано од М.М. (65) и автомобил „опел корса“ управуван од С.Н. (27) – двете со скопски регистрации. По наредба на јавен обвинител, возачот на „мерцедесот“ е приведен В о тешка сообраќајна несреќа што вчеравечер околу 21:35 часот се случила на автопатот Куманово-Скопје, во атарот на село Агино загинале две лица загинаа, а тројца се повредени .Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа иметоФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии. Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира. Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума. Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap GroupЈа разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо. Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо. Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра. Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја. Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра. А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group. Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк до Руднап? Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика. Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа. Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија. „Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски. Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика. Затоа што сè е бизнис за Мицкоски. Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter