Менг, која е потпретседателка на компанијата и главна финансиска директорка, уапсена е поради наводно кршење на американските санкции, изјави неименуван извор за агенцијата „Ројтерс“.
Агенцијата додава дека засега не е можно да се утврди природата на нејзиниот прекршок.
Извори за агенцијата изјавуваат дека САД вршат истрага во компанијата Хуавеј уште од 2016 година поради наводен извоз во Иран на производи кои потекнуваат од САД, што е кршење на санкциите кои Америка ги воведе кон таа земја.
Компанијата преку соопштение го потврди апсењето и додаде дека не им е појаснето кој е прекршокот на Менг.
Од Хуавеј наведуваат дека немаат никаква сознанија за тоа дека Менг направила некое казниво дело.
Амбасадата на Кина во Канада побара од властите веднаш да ја ослободат Менг.
„АП“ наведува дека апсењето се случило во “чуден момент“ бидејќи американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Кина Си Џинпинг ден пред нејзиното апсење најавиле 90 дневно “примирје“ во трговската војна.
Агенцијата оценува дека апсењето на Менг би можело дополнително да ги комплицира трговски преговори меѓу Кина и САД, а потсетува дека официјален Вашингтон го гледа Хуавеј и останатите други кинески компании како можни паравани за кинеска шпионажа.