Уапсен Шола, претседателот на СЕХА лигата - Канал 5

Уапсен Шола, претседателот на СЕХА лигата

На граничниот премин Бајаково кој ги дели Хрватска и Србија ноќеска во 2 часот и 30 минути од страна на хрватската полиција уапсен е Санди Шола претседателот на регионалната ракометна СЕХА лига.

Уапсен Шола, претседателот на СЕХА лигата

Овој настан се случува во предвечерието на завршниот „Фајнл фор“ турнир во ова натпреварување кој викендов треба да се одржи во Скопје.

Шола во текот на вчерашниот ден беше во Скопје на договор околу последните подготовки за финалниот турнир, но откако ги чул информациите за серијата апсења на членови од неговата фамилија одлучил да тргне кон Загреб, иако имало најава и за негово лишување од слобода.

Претседателот на СЕХА, неговата мајка и двајцата браќа се осомничени за направен криминал од преку 11 милиони евра во „Карловачка банка“, чиј претседател на Управниот одбор е токму Санди Шола.

Во тек е испрашувањето во полиција, по што ќе биде познато дали на Шола ќе му биде одреден притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврден случај на маларија во Македонија

Бил на егзотично патување во Занзибар и на тура во Танзанија, се вратил во Македонија со маларија. 

Потврден случај на маларија во Македонија

Триесетгодишникот е хоспитализиран на Инфективна и прима соодветна терапија, со симптоми на грозница и треска уште вчера побарал медицинска помош, сега е стабилен, потврдува Директорот на Клиниката Д-р Фадил Цана. Со него на одмор била и неговата сопруга но засега таа нема симтоми, а важно е да се потенцира дека маларијата не се пренесува од човек на човек, туку преку убод од заразен комарец, навременото препознавање и лекување се клучни и нема простор за паника, вели Д-р Цана.

Овој случај доаѓа само по неколку дена откако кај двајца пациенти беше потврдена западнонилска треска кои се уште се на Инфективна, но лекарите оценуваат дека се во добра состојба иако остануваат на болничко лекување. Иако и двете заболувања се поврзани со комарци, станува збор за различни инфекции со различен начин на ширење.

Епидемиолозите апелираат граѓаните кои се враќаат од тропски земји и имаат висока температура, треска, малаксаност или други симптоми веднаш да побараат лекарска помош и да информираат каде патувале. Најдобрата заштита е превенцијата – користење средства против комарци, носење облека со долги ракави и, по препорака на лекар, превентивна антималарична терапија пред патување во ендемски подрачја.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Даниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

По една година вршител на должноста, судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на скопскиот Кривичен суд. 

Даниела Димовска е избрана за претседателка на Основниот кривичен суд Скопје

При гласањето во Судскиот совет доби едногласна поддршка од сите 11 членови. Образложувајќи ја одлуката да и ја дадат поддршката рекоа дека нејзината програма за работа нуди визија за развој и подобро менаџирање со судот. во трката за позицијата влезе со еден противкандидат – судијата Ивица Стефановски.

-Aпликации доставија, за жал, според мое мислење, само двајца канндидати, бидејќи станува збор за голем суд во кој работат околу 50 судии каде 90 осто ги исплнуваат условите. Нивните апликации беа прифатени како уредни и по спроведување на постапката од Комисијата,- изјави – Ивица Николовски – Член на Судски совет.

-Присуствував на интервјуто на двата кандидати, можам да кажам имаше разлика во пристапот на гледањето на двата кандидати како треба да се менаџира судот. Судијата Даниела Димовска имаше менаџерска визија точно како треба да биде нејзината позиција и што треба да прави како иден претседател,- изјави – Антоанета Димовска – Член на Судски совет.

Според дел од членовите на Советот, постапката за избор за нов претседател која се одоговлече речиси една година, го отвори прашањето дали Димовска веќе со една година искуство како претседател, била во предност.

-Во дадениот случај имаме една година вршител на дејност кој имал можност во рамките на таа година да ги покаже своите организациски, менаџерски и комуникациски капацитети, да спроведува конкретни активности и да ги презентира своите резултати ние во Судскиот совет да ги видиме. Навистина ги видовме од в.д претседателката која сега е претседателка но се поставува прашањето долгото траење на изборите, дали се создава предност во однос на другиот кандидат,- изјави – Сузана Јошевска – Анастасовска – Член на Судски совет.

-Навистина е недозволиво постапките да ни траат толку колку што ни траат. Треба да се вложиме преку измена на нашите акти ова време да се сведе на најкратко можно,- изјави – Александар Камбовски – Претседател на Судски совет.

Инаку Димовска е позната дека го судеше поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски кој доби 3 и пол години затвор. Лани во јули беше избрана за в.д претседател на Кривичен а нејзиното име беше актуелно во јавност неколку месеци подоцна кога нејзиниот брат Драган Паунов, инспектор во УЈП Штип, беше уапсен во рамки на проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР поднесе кривична пријава против четири деца и пет родители за насилството врз малолетничката во Аеродром

5 кривични пријави за 4ца малолтеници и 5 кривични против петмина родители за запуштање и малтретирање на дете поднесе МВР по последниот случај во општина Аеродром. 

МВР поднесе кривична пријава против четири деца и пет родители за насилството врз малолетничката во Аеродром

Како што посочија од полицијата двете малолтенички кои држеа за коса и и удираа шлаканици на нивна врсничка заработија кривични пријави за наслиство, против двјаца малолетници се поднесени криични за неовластено снимање, а против еден од нив како што посочуваат од полицијата поднесена е и пријава за поттинкување на делото.

Во последниве неколку месеци јавноста е сведок на се позачестени случаи на врсничко насилство. Случајот во Аеродром се случи пред една недела, а сличен случај имаше и пред околу 3 месеци во општина Ѓорче Петров кога насилнички малтретираа девојче, гасеа цигара од нејзе и ја понижуваа терајќи ја да јаде измет. За овој случај, судија за малолетници се уште постапува, за девојчињата има мерки на претпазивост, но не е познато кои се, бидејќи надлежните велат дека согласно законот за правда на децата не смеат јавно да кажат каде малолетничките што го извршиле насилството можат, а каде не смеат да се движат.

Социолозите и психолозите постојано апелираат дека не треба само декларативно да зборуваме туку и во пракса како држава да делуваме. По последните неколку случаи надлежните почнаа обуки за училишните психолози, педагози и социјални работници во основното образование, со цел да се препознаат децата кои се жртви на насилство за правовремено да им се помогне. Инаку според податоците на МВР претходната учебна година евидентирани се 93 пријави на насилства во 64 училишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер