Уапсен поранешниот британски принц Ендрју - се сомничи за злоупотреба на службената должност и соработка со Епстин - Канал 5

Уапсен поранешниот британски принц Ендрју - се сомничи за злоупотреба на службената должност и соработка со Епстин

Принцот Ендрју Маунтбатен Виндзор, најмладиот син на покојната кралица Елизабета II и брат на кралот Чарлс, на неговиот 66-ти роденден е уапсен под сомнение за злоупотреба на службената должност. 

Уапсен поранешниот британски принц Ендрју - се сомничи за злоупотреба на службената должност и соработка со Епстин

Поранешниот британски принц е осомничен за споделување на доверлив материјал со покојниот сексуален престапник Џефри Епштајн, а ова наводно е потврдено со документите кои беа објавени во врска со целиот случај. Ендрју бил приведен од куќата во Сандригем, каде што живее од неодамна, откако кралот Чарлс го острани од кралскиот имот во Виндзор.

Како што пишуваат британските медиуми, се почнало почнало околу 8 часот наутро, кога пред куќата на Ендру пристигнале шест необележани полициски возила, кои извршиле претрес.

Британскиот крал Чарлс III се огласи по апсењето на неговиот брат, изразувајќи длабока загриженост, но и одлучност дека никој не е над законот.

-Она што сега следи е целосен, фер и соодветен процес со кој ова прашање ќе биде истражено на соодветен начин и од страна на надлежните институции .“- Крал Чарлс 3.

Според еден од коментаторите на кралското семејство, несомнено се работи за прво апсење во поновата историја на кралското семејство.

-Тој не кажа дека му е жал за жртвите на Епштајн. Принцот категорично кажа дека не бил во контакт со Епстин, тоа дефинитивно го доведува во прашање тоа што го кажа и конкретно рече дека не бил во контакт со Епштајн откако го посетил во Њу Јорк а тоа се покажа дека е лага. Всушност електронскта пошта, откако е целосно прочитана не само што вели дека продолжиле да се забавуваат туку и дека биле заедно. Сега кога тоа е поврзано со монархијата, станува очајно штетно против кралот Чарлс и принцот Вилијам,-- Ричард Фидѕвилијамс, коментатор на кралското семејство.

Жителите на Лондон се надеваат дека Кралскиот статус на Ендру нема да има влијание врз истрагата и дека тој ќе се соочи со казна.

Ендру Маунтбатен-Виндзор бил долгогодишен пријател на Епштајн и одржувал контакт со американскиот финансиер дури и откако тој бил осуден за сексуална злоупотреба на деца во 2008 година. Ендру претходно се извини за своите минати врски со Епштајн, но категорично негираше какво било кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.

Почина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево

Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина.

Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар.

Потоа натпреварот беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.

Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката

Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра.

Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.

Илјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)

Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант.

YouTube video

Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти.

Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти.

Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер