1Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени
3Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц
3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
ЖивотУапсен пилот на „Алјаска ерлајнс“ откако се обидел намерно да ги исклучи моторите на авионот Летот 2059 на Алјаска, реализиран од „Хорајзон ер“ бил пренасочен за Портленд, Орегон, откако пилот кој не бил на должност „безуспешно се обидел да ја наруши работата на моторите“ за време на лет од Сиетл до Сан Франциско, јавија од компанијата.&nbsПилот на авиокомпанијата „Алјаска ерлјанс“ кој не бил на должност, но седел на резервното седиште во пилотската кабина синоќа бил уапсен по основано сомнение обид за убиство, откако наводно се обидел да ја оневозможи работата на моторите за време на регионален лет, јавија дел од американските медиуми. Летот 2059 на Алјаска, реализиран од „Хорајзон ер“ бил пренасочен за Портленд, Орегон, откако пилот кој не бил на должност „безуспешно се обидел да ја наруши работата на моторите“ за време на лет од Сиетл до Сан Франциско, јавија од компанијата. Капетанот на Хорајзон и првиот офицер брзо реагирале и го осигурале авионот, енергијата во моторите не била запрена, укажаа од компанијата. Џозеф. Д. Емерсон бил уапсен од полицијата во Портленд без инциденти веднаш откако авионот слетал. Претходно за време на летот, првиот офицер и капетанот го спровеле и го заклучиле во задниот дел на авионот. Емерсон треба да се појави пред судија в среда. Адвокатот на пилотот не бил достапен за коментари, јавуваат американските медиуми. Се дознава дека за време на летот тој се обидел да ги исклучи моторите на авионот преку системот за гасење пожар. -Тој систем се вклучува со рачка во форма на букавата Т. Ако рачката е целосно свртена, вентил во крилото на авионот го затвора притокот на гориво до моторот. Пилотите на Хорајзон реагирале брзо и ги ресетирале рачките. Во авионот се наоѓале околу 80 патници и членови на екипажот. Пилотот кој е во затвор, се соочува со обид за убиство под 83 точки, како и обвиненија за непромислено изложување на опасност и загрозување на воздухоплов, јавија од канцеларијата на шерифот на округот Мултноман. Од авиокомпанијата укажаа дека Емерсон бил нивни капетан од 2019 година, но тој работел како пилот за неколку компании повеќе од 20 години и успешно ги добивал задолжителните медицински сертификати. Од Федералната воздухопловна администрација во писмо до американските авиокомпании синоќа повикаа на зголемена будност кај авиопревозниците и екипажите и укажаа дека инцидентот „не е никако поврзан со тековните светски настани“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаТаравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измениГо поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју. Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПремиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време.. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници.. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД.. „Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот ВајцВо Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија.. Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.. Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда.. И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter