Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент - Канал 5

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на парламентот, Андриј Парубиј.

Уапсен осомничен за убиството на поранешниот претседател на украинскиот парламент

„Се спроведуваат потребните истраги“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им на истражните органи за „брзата и координирана работа“.

Парубиј (54) беше еден од видните лидери на проевропската револуција на Мајдан и претседател на Врховната Рада од 2016 до 2019 година. Тој беше застрелан во саботата во Лвов, западна Украина.

Шефот на украинската воена разузнавачка служба, Кирил Буданов, ја обвини Русија за убиството, имајќи ја предвид војната која трае од февруари 2022 година.

Парубиј е познат по неговата улога во големите проевропски движења во Украина – најпрво во „Портокаловата револуција“ во 2004 година, а потоа и во Мајданот во 2014 година, кога беше „командир“ на групите за самоодбрана. Протестите беа насилно задушени, што доведе до заминување на прорускиот претседател Виктор Јанукович и негово бегство во Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина лансираше седум нови сателити (ВИДЕО)

Кина денеска ја лансираше ракетата со која ќе се „постават“ седум сателити во вселената, објави „Синхуа“.

Кина лансираше седум нови сателити (ВИДЕО)

Ракетата беше лансирана во 11:21 часот по пекиншко време од центарот за лансирање сателити Таијуан во северната кинеска провинција Шанкси и успешно ги испрати сателитите во нивната планирана орбита. Според центарот за лансирање, ова беше 665-та летна мисија на лансирно возило од серијата „Долг марш-6ц“, пренесува политика.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти најавите и црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат

​Кога СДС нема што да каже, ете ги ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија.

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти најавите и црните сценарија на СДС, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат

Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле.

Што ли уште што не измислија.

Наспроти сите нивни тврдења не само што државата не банкротира, туку по долг временски период имаме намалување на јавниот долг за 20 милиони и државниот за 40 милиони евра.

Додека цените на производите во континуитет се следат и се држат под контрола, така што сега инфлацијата се намалува за разлика од период на власт на СДС кога рушеше двоцифрени рекорди.

А, денес еве ги пак СДС кои сега ја пратија Јованка Тренческа да заплашува народот, да всади недоверба во граѓаните и пак да најавува дека цените ќе растеле.

Додека тие зборуваат дека цените ќе се зголемат, реалноста е сосема поинаква и тоа го потврдуваат сите надлежни институции и цените во маркетите. Така податоците на ДЗС за јули месец потврдија дека инфлацијата на годишно ниво значително се намали и изнесува 2,3%.

Во однос на цените на горивата, ги потсетуваме СДС дека тоа се берзански производи, но и покрај тоа, благодарение на мерките преземени од Владата, Македонија останува на најниски цени во регионот.

И, ако СДС и Тренческа имаат забелешки во однос на цените и откупот на пиперката им порачуваме да се обратат до кланот Заев, кои ја имаат најголемата фабрика за производство на ајвар.

Така да, наспроти најавите и црните сценарија на СДС како за банкрот на државата, така и за зголемувањето на цените, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат, а цените на горивата се најниски во регионот.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проштална средба на Гаши со турскиот амбасадор Улусој

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со H.E. Фатих Улусој, пред неговото заминување од мисијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Турција во Република Македонија.

Проштална средба на Гаши со турскиот амбасадор Улусој

На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност и признание за придонесот на амбасадорот во унапредување на билатералните односи и политичкиот дијалог меѓу двете пријателски земји.

Заемно беа потврдени одличните политички односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција и беше реафимиран интересот за натамошно унапредување на меѓупарламентарната соработка на билатерален и мултилатерален план, за проширување на успешната економска и инвестициска соработка, како и за интензивирање на соработка во сите области од заемен интерес.

Заблагодарувајќи му се за плодната и интензивна соработка, претседателот Гаши му посака на амбасадорот Улусој успех во идните професионални ангажмани и изрази надеж дека тој и во иднина ќе продолжи силно да ја поддржува Република Северна Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер