На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
2На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
НБАУапсен НБА кошаркарКошаркарот на НБА лигашот Бруклин, Дианџело Расел е уапсен рано утрово на аеродромот Ла Гварди. Полицијата во неговото шишенце со сок пронашла околу 50 грама марихуана.Екипата на Бруклин Нетс веднаш по инцидентот се огласи во медиумите, но , ниту од тимот на Бруклин ги немаат сите информации што навистина се случило со нивната ѕвезда, и сега ја очекуваат официјалната потврда за настанот. Американската полиција само објави дека е уапсен познат кошаркар. -Добивме повик и специјалната единица реагираше. Во неговата торбица е пронајдена марихуана. Расел е обвинет за поседување на наркотици со тежина помала од 50 грама, е наведено од полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрон се урна во ЛитванијаДрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урнал на северот од оваа земја-членка на ЕУ и НАТО, соопшти денеска министерот за одбрана Робертас Каунас.Остатоците оштетиле приватен автомобил, но нема повредени, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи. Засега не е познато дали леталото носело експлозив, а во тек е истрага, додаде тој. Претходно денеска, властите ги повикаа жителите во централните и северните делови на земјата да побараат засолниште поради присуството на неидентификуван летечки објект. Во областа беа испратени борбени авиони на НАТО за заштита на воздушниот простор, а аеродромот во Каунас беше затворен во траење од околу еден час. Украина: Русите ги попречуваат сигналите Полската војска денеска исто така пријави можно нарушување на својот воздушен простор. Во последните месеци, украински дронови во неколку наврати навлегоа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион. Од Киев изјавија дека дроновите отстапиле од планираните патеки на летање поради руско попречување на сигналите. Ова предизвика загриженост дека руската војна во Украина би можела да се прелее преку границите на НАТО. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: дрон Литванија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени сообраќајни контроли во Скопје: Осум возачи под дејство на алкохолЧетири лица лишени од слобода за безобѕирно управување со моторно возило.Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со посебен акцент на откривање и санкционирање возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. При контролата откриени се осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои тројца се лишени од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 ‰. Дополнително, од слобода е лишено уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, затоа што управувало моторно возило без возачка дозвола. Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол и со своето одговорно однесување да придонесат за побезбедни патиштаТагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 25 возачи за „безобѕирно управување возило“12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца возеле со активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 25 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 12 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа, В.Р.(24), А.Н.(31), М.С.(32), Б.Д.(48), И.М.(22) и М.А.(20) и уште двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје А.Џ.(32) од селото Ново село, Ј.Б. (25) од село Орланци, М.И.(44) од село Бојане, и еден малолетник од Кочани. Под дејство на алкохол патничко возило управувале, К.В.(51) и Ѓ.С.(35) двајцата од Скопје, Р.К.(30) од Радовиш, В.М.(24) од Штип, Д.П.(21) од Штип, К.К.(41) од Прилеп, Д.В.(47) од Прилеп, В.К.(43) од Прилеп, Б.Р.(63) од Неготино, Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско, М.Б.(42) од Гевгелија, додека В.С.(53) од Делчево и П.Д.(24) од Битола управувале возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook