Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите - Канал 5

Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите

Грчката полиција уапси 31-годишен маж, кој е осомничен за експлозијата на бомба во стан во Атина, во која загина еден маж, а една жена е тешко повредена.

Уапсен маж по експлозијата во Атина, во која загина едно лице- познати се деталите

Полицијата соопшти дека случајот е поврзан со герилски групи и дека експлозијата се случила при изработка на бомба, пренесе Ројтерс.

Уапсениот Грк вчера сведочеше и рече дека ги споделил клучевите од станот со парот осомничен за експлозијата, но негирал каква било вмешаност во инцидентот.

Во текот на изминатите 20 години, во Грција се појавија бројни левичарски и анархистички герилски групи кои објавија војна против сите форми на владеење, по уништувањето на групата „17 Ноември“.

Експлозии на бомби и подметнати пожари врз политичари, полицајци, судии и бизниси беа вообичаени за време на грчката должничка криза од 2009 до 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку петмина загинати во страшна сообраќајка во Анталија, трудница меѓу повредените (ВИДЕО)

Во страшна сообраќајна несреќа што се случи во населбата Манавгат во Анталија, Турција, пет лица го загубија животот кога нивниот автомобил падна во клисура. 

 Најмалку петмина загинати во страшна сообраќајка во Анталија, трудница меѓу повредените (ВИДЕО)

Двајца повредени се однесени во болница, од кои едната е наводно бремена жена , објави Хабер.

Голема трагедија се случи кога автомобил изгуби контрола и падна во клисура во населбата Манавгат во Анталија. Според првичните информации, пет од седумте лица во возилото го загубија животот, додека две се тешко повредени.

Несреќата се случила на патот Ташагил - Деребучак, во близина на населбата Бејдигин. Автомобилот, кој ја изгубил контролата од возачот, паднал во клисура покрај патот.

5 лица го загубија животот

Откако граѓаните што ја виделе несреќата ја пријавиле во центарот за итни повици 112, на местото на настанот биле испратени медицински екипи, пожарникари, членови на AFAD и жандармеријата. Екипите што се спуштиле во бездната и веднаш стигнале до возилото утврдиле дека пет лица во автомобилот го загубиле животот.

Двете лица што биле повредени во несреќата биле префрлени во болница со брза помош откако добиле прва помош на лице место.

Гувернерот на Анталија, Хулуси Шахин, во својата изјава во врска со несреќата изјави дека во возилото имало вкупно седум лица, од кои пет починале.

Гувернерот Шахин изјави дека една од повредените лица префрлени во болница била бремена и истакна дека екипите продолжуваат со истрагата и спасувачката работа на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица дилери на дрога се уапсени во Куманово

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица.

Четворица дилери на дрога се уапсени во Куманово

На 25.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.И.(55), М.И.(26), Р.А.(50) и А.П.(46), сите од Куманово. При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба во 14:00 часот, кој не бил дома, а биле затекнати неговиот син М.И., неговиот пријател Р.А. и пријателката А.П., биле пронајдени и одземени прашкаста материја, дигитална вага, предмети со остатоци од бела прашката материја, метадон и други предмети.

По преземени мерки, во 17:30 часот на Спомен костурница во Куманово бил пронајден и Д.И. и кај него биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја, дробилка и други предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде.“

Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени.

Тука би сакал уште еднаш да додадам дека Градот Скопје од Владата исто така треба да добие до Нова година камиони, цистерни и метларки за подобра хигиена. Тендерот тука е завршен, мислам и дека оние формални процеси со царина и слично се завршени.

Таму некаде до крајот на август месец денеска разговарав со потпретседателот на Влада и министер за транспорт ќе можеме да направиме промоција и на таа опрема се разбира бидејќи таа опрема нема да добие само Скопје туку и уште неколку други поголеми општини низ државата, исто така сега е процесот на жалби.

Очекувам и тој да заврши како процес и да се добијат новите автобуси електрични што исто така ќе ги добие Градот Скопје, но и другите општини низ државата, така што се интензивираат активностите, се работата проектите, се реализирано она коешто е ветено.

За жал, не можеме преку ноќ сето она коешто со децении е уништувано да го поправиме, но се разбира со фокусирана работа, со посветена работа гледате дека и тие работи што се невозможни стануваат реалност и стануваат возможни.

Благодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата на Град Скопје, на колегите од Владата, на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, тука пред сè мислам на градоначалниците во Градот Скопје.

Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините, а јас сум убеден дека Орце онаков каков што е карактер, уште попосветено, иако и сега е максимално посветен, уште попосветено ќе продолжи да ги реализира проектите коишто наумил да ги реализира, а се приоритет на Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните работи на клучката Момин поток во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер