Уапсен екс директорот на државни патишта Ејуп Рустеми и уште четири лица - Канал 5

Уапсен екс директорот на државни патишта Ејуп Рустеми и уште четири лица

Во полициска акција денеска е приведен поранешниот директор Државни патишта, Ејуп Рустеми.

Уапсен екс директорот на државни патишта Ејуп Рустеми и уште четири лица

Приведени се уште четири раководни лица, меѓу нив и раководител на одделението на наплата на патарини.

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет физички и едно правно лице во врска со злоупотреби при јавна набавка за избор на фирма за физичко обезбедување на 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта.

Против тогашниот управител на фирмата од Кичево и правното лице е поведена истрага за кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство од член 275-в од Кривичниот законик, додека за останатите четворица – тогашен директор на претпријатието, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата, се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи.

Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 година со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување 24/7 на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена, а на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување за целиот период на договорот се до неговото раскинување.

Тогашниот директор на јавното претпријатие бил должен да се грижи за законитоста во работата и примената на прописите, статутот и другите акти, како и да врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите, но не ја извршил таа должност и го пропуштил должниот надзор над носителот на јавната набавка иако знаел дека физичкото обезбедување се врши само делумно.

Двајца осомничени раководители на одделение за наплата на патарини и контрола, исто така имале задолжение да го следат договорот и неговото исполнување, да вршат контрола во извршувањето, одобрување на работни налози за извршување на услугата, испратници, следење на квалитетот на извршените услуги и проверка на доспеаните фактури, како и да изготвуваат извештаи дали договор е целосно реализиран. Таквите контроли не ги вршеле во целост и иако знаеле дека обезбедувањето се извршува само делумно најчесто во прва смена, ги потпишувале барањата за одобрение за плаќање.

Вториот потписник на договорот бил запознаен со бараната спецификација, но и покрај тоа ги одобрувал барањата и одобренијата за плаќање, по што ги одобрувал и доспеаните фактури кои потоа биле реализирани во корист на Агенцијата за обезбедување.

На овој начин другите осомничени на осомничениот носител на набавката му овозможиле да прибави противправна имотна корист во износ од 46.918.079 денари и со тоа нанеле штета од големи размери на Јавното претпријатие за државни патишта.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите се предложени мерки на претпазливост.“- сооппти ОЈО.

Пред министерството за внатрешни работи е Елизабета Дамјаноска Спасеновска.

Познато ли конкретно за кои лица станува збор и за што се сомничат?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бизнисмен ја изненади ќерката на Здравко Чолиќ- на полноќ добила подарок од 7.000 евра (ФОТО)

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, Уна Чолиќ, го прослави својот роденден во Виена со постаро момче бизнисмен кое ја изненади со скап подарок.

Бизнисмен ја изненади ќерката на Здравко Чолиќ- на полноќ добила подарок од 7.000 евра (ФОТО)

Уна го живее својот идиличен живот, а нејзиното момче реши да ја изненади за нејзиниот роденден.

Имено, ќерката на Здравко Чолиќ објави серија фотографии од Виена, на кои покажа како уживала во краткото патување за роденден со својот емотивен партнер.

Постариот бизнисмен ја изненадил својата подобра половина, во нивната хотелска соба прво пристигнал огромен букет црвени рози, додека Уна избрала часовник „Картие“ вреден околу 7.000 евра.

Двајцата уживале и во вечери во луксузни ресторани, обиколка на градот, а Уна ја упатила својата желба за роденден точно на полноќ, додека тој ја изненадил со мало колаче со свеќа, за прославата да може да започне токму тогаш.

Кој е дечкото на Уна Чолиќ?

Како што се испостави, нејзиниот избраник води профитабилен бизнис, а има и ресторани што ги издава под наем.

- Момчето на Уна е препродавач на автомобили и автоделови и е многу успешен во тоа. Тој поседува и продавници во Белград кои ги издава под кирија и заработува многу пари од нив - изјави извор близок до двојката.

Да ве потсетиме дека, според медиумите, ќерката на Чолиќ наводно е подготвена за брак и планира наскоро да се сврши.

- Уна Чолиќ и нејзиното момче уживаат во љубовта веќе неколку години, тие се неразделни, а Здравко Чолиќ му го даде благословот на својот зет и го пречека во семејството со раширени раце. Тие сериозно размислуваат за следниот чекор, па затоа свршувачката е поблиску од кога било - изјави неодамна извор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дронови погодија брод во близина на Бугарија- издадено е предупредување

Осумнаесет членови на екипажот на контејнерскиот брод „Контшип Џет“ беа спасени откако три морнарички дронови го погодија бродот во Црното Море, околу 16 наутички милји од бугарскиот брег.

Дронови погодија брод во близина на Бугарија- издадено е предупредување

Како што објави „Новините“, повеќе од 20 контејнери со опасни материјали паднаа во морето.

Според бугарските власти, бродот претрпел три дупнати дупки и сè уште плови, но силно се навалува.

Потеклото на дроновите не е утврдено.

Контејнерите што пловат во морето вклучуваат литиум-јонски батерии, киселини, запаливи течности и други опасни материјали, поради што властите ги предупредија морнарите за ризикот за пловидбата.

Првичната морска инспекција кај ’ртот Калијакра не покажа видливи знаци на загадување, но ќе бидат земени примероци од вода за лабораториска анализа.

Во одделен инцидент, остатоци за кои се верува дека му припаѓаат на рускиот дрон „Геран“ беа пронајдени на брегот во близина на Царево.

Министерството за одбрана на Бугарија соопшти дека остатоците се собрани и транспортирани во поморска база.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина 24- годишна атлетичарка во страшната железничка несреќа во Шпанија

Шпанската атлетика е обвиткана во жалост по смртта на Хулиета Галего, 24-годишна скокачка во далечина за мадридскиот клуб АД Спринт, која вчера загина во железничка несреќа во Урда, покраина Толедо,објавија шпанските медиуми. 

Загина 24- годишна атлетичарка во страшната железничка несреќа во Шпанија

Атлетичарката е една од 69-те жртви на ужасниот судир меѓу два воза.

Галего го прослави својот 24-ти роденден на 9 октомври и оваа година живееше во Германија. Редовно се натпреваруваше на шпанските клупски првенства, каде што се истакна во дресот на АД Спринт. Нејзиниот личен рекорд во скок во далечина беше 5,90 метри.

Веста за нејзината смрт ја потресе атлетската заедница на Шпанија, а претседателот на Кралската шпанска атлетска федерација, Раул Чападо, се збогува со младата атлетичарка во емотивна порака.

- Постојат удари што го погодуваат самото срце на атлетското семејство. Денес, спортот тагува за загубата на Хулиета, живот полн со ветувања кој беше неправедно прекинат - рече Чападо.

Тој нагласи дека шпанската атлетика ја дели болката со семејството, пријателите и клубот на младата атлетичарка, нагласувајќи дека не се сами во овие тешки моменти.

- Шпанската атлетика го зачувува духот на Хулиета и ја дели огромната тага на нејзиното семејство, пријателите и клубот на кој таа му припаѓаше целиот свој живот. Тие не се сами во оваа празнина - изјави претседателот на федерацијата и им упати сочувство на семејствата и пријателите на сите загинати во несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер