Уапсен е руски готвач во Париз - планирал заговор за време на Олимпијадата

Француските власти уапсиле руски готвач кој 14 години живее во Франција под сомнение дека планирал голема дестабилизација за време на Олимписките игри во Париз.

40-годишниот маж бил уапсен во неделата за време на претрес на неговиот стан во центарот на Париз, каде што бил пронајден документ, наводно поврзан со елитната руска специјална единица која работи под команда на ФСБ, наследникот на КГБ.

Властите отвориле истрага за наводите за споделување „разузнавачки информации со странска сила“, кривично дело казниво до 30 години затвор. Тие сметаат дека наводниот заговор не бил поврзан со тероризам. На неименуваниот маж му е одреден притвор, пишува Си-Ен-Ен.

Церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз ќе се одржи во петок на брегот на Сена, а властите веќе подолго време се загрижени за можно руско мешање. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека и други Руси биле уапсени поради обид за ширење дезинформации пред Игрите. „Веруваме дека тој имал намера да организира дестабилизациски и шпионски операции“, рече Дарманин.

Тој додаде дека се снимени и други обиди за ширење дезинформации: „Видовме видео на наводен член на Хамас кој најавува напад во следните неколку дена бидејќи Франција ќе биде домаќин на израелски спортисти. Не сме сигурни, но се чини дека е лажна закана што ја шират проруските канали“, рече тој.

Францускиот весник „Монд“ објави дека разузнавачките служби пресретнале разговор меѓу готвачот и шефот на руските разузнавачи пред два месеци во кој осомничениот изјавил дека „Французите ќе имаат церемонија на отворање каква што досега не виделе“. Не биле дадени детали за природата на наводниот заговор.

Ле Монд пишува дека уапсениот се обучувал како готвач во Париз и учествувал во руски реални шоуа и емисии за готвење. Тој првпат пристигнал во Франција во 2010 година и извесно време поминал во Куршевел, ски-центар популарен кај руската елита, каде што работел во ресторан со ѕвезда на Мишелин, пред да се пресели во Париз во 2012 година.

Според пораките од септември 2012 година, до кои Ле Монд имал пристап, осомничениот ѝ рекол на својата газдарица дека се враќа во Москва за да работи како службеник во руската влада. Но, во април 2013 година, тој учествувал на граѓанска обука, задолжителен чекор за интеграција во Франција.

Разузнавачките служби го следеле со месеци. Во неделата во 6 часот, го пребарале неговиот дом на брегот на Сена и наводно пронашле документи од дипломатски интерес. Мајкрософт минатиот месец објави дека Русија се обидува да ги попречи Олимписките игри со создавање лажни веб-страници кои копираат автентични француски медиуми и користат вештачка интелигенција за да ги поттикнат стравувањата од насилство и тероризам.

Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада.

Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници.

Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во болниците во Софија и Варна.

Дополнително, итно е ставена во готовност клиничката база во болниците во Софија, Варна и Благоевград за да се примат повредени лица доколку има потреба. Бугарските болници се подготвени да примат уште повредени по координација со властите на Република Македонија, информира Владата во Софија.

Сочувство од Советот на амбасадори до родителите и блиските на загинатите во пожарот

Советот на амбасадори изрази сочувство до семејствата и блиските на загинатите во трагедијата во Кочани. 

-По повод големата трагедија, којашто се случи утрово, по избувнувањето пожар во дискотека во Кочани, во која животот го загубија 59 младинци, членовите на Советот на амбасадори на Македонија обземени со тага изразуваме длабоко сочуство до родителите, роднините, другарите и пријателите на жртвите. Останавме неми пред оваа трагедија што се случи кај нашите сограѓани од Кочани и целата држава. Се молиме за душите на починатите и побрзо оздравување на повредените, стои во соопштението од Советот на Амбасадори на Македонија.

Папата Франциск испрати сочуство по повод трагедијата во Кочани

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе.

Папата изрази „длабоко сочувство до семејствата на жртвите“, како и „својата духовна блискост со повредените“, се наведува во телеграмата упатена до скопскиот бискуп Киро Стојанов.

Тој исто така увери дека сеќавањето на жртвите ќе го задржи во своите молитви.

притисни ентер