Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале
1Судење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале
3Собраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“
Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
2Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаУапсен е Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ за проневера на 660.000 евраОдделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.С., поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември - декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист. Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура. Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот - изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување на постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ. Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс, го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице, соопшти МВР. Се огласи и Јавното Обвинителство: Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Проневера во службата од член 354 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од ноември – декември 2024 година, како службено лице, претседател на ФФМ, прибавил противправна имотна корист од околу 660 илјади евра за правно лице од Скопје, односно износ што надминува значителна имотна корист. Сомненијата укажуваат дека делото е извршено така што ФФМ, како членка на УЕФА, во текот на 2024 година добила строго наменски парични средства за ревитализација на спортски терени и инфраскруктура. Со финансиската поддршка од УЕФА во рамките на програмата „HatTrick VI”, осомничениот започнал постапка за спроведување на проектот – изградба на трибина на Стадион “Билјанини Извори” во Охрид и дал предлог за отпочнување постапка за избор на компанија за реализација на проектот. По одобрување од Управниот одбор, осомничениот поднел барање до три фирми за понуди за изградба на трибината на стадионот. Била избрана најповолна понуда за изградба во вкупен износ од околу 3,3 милиони евра без ДДВ. Иако изведувачот тоа не го побарал, ниту во барањата за доставување понуди било наведено како можност, осомничениот, спротивно на одлуката на Управниот одбор, вметнал дополнителен услов во склучениот договор со избраната фирма, со кој предвидел авансна уплата во износ од 20% од вкупната вредност на договорот пред започнување на градежните работи и без какво било претходно постапување од изведувачот. Притоа не предвидел никакво правно обезбедување за уплатените средства на име аванс. Го потпишал таквиот договор и на 17.12.2024 година, паричните средства во износ од околу 660 илјади евра кои му биле доверени во службата, со негов налог до службите за исплата авансно ги префрлил на правното лице. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и постои оправдан страв дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСудење за „Пулс“: Градежното вештачење покажа дека системот, односно институциите и поединците целосно не функциониралеГрадежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле.Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во дискотеката ‘Пулс’, системот, односно институциите и поединците целосно потфрлиле. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите“. Ова меѓудругото го изјави судскиот вештак и професор на Градежен факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени Марковски, кој во време на изработката на градежното вештачење беше декан на Градежнниот факултет, нагласи дека вештачењето покажало дека безбедноста на посетителите воопшто не била земена во предвид при реконструкцијата и пренамената на објектот за дискотеката „Пулс”. – Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо – изјави Марковски професор на Градежен факултет при УКИМ. Според него, проблемите произлегуваат и од начинот на кој била извршена реконструкцијата на објектот. – Нема закон што може да донесе и предвиди нешто различно од ДУП. Но, она што е најважно тука бидејќи фокусот е на безбедноста … степенот на безбедност зависи од намената на објектот пропишана во ДУП. Основни барања кои мора градбата да ги обезбеди и нема тука компромис, не случајно во основните барања за градбата е ставена и заштита при пожари – нагласи Марковски. Професорот Марковски при презентацијата на фотографиите на видео бим посочи дека новоизградените шанкови и галерии ја спречувале евакуацијата во дискотеката „Пулс. Според објаснувањето плочата под дискотеката аметерски била зајакната, за да не пропадне а над неа одозгора потоа се ставале железни конструкции, шанкови, галерии, со што, како што посочи гостите во Пулс со години биле во ризик и без да знаат за тоа, а ризичните зафати се одвивале во 2012 и во 2024 година, без дозвола и без инспекциски надзор. 12 години институциите му прогледувале низ прсти на газдата на Пулс, изјави по денешното рочиште еден од родителите на загинатите во пожарот во дискотеката. -Бидејќи објектот бил под надлежност на локална самоуправа и вештиот наод ги посочува ДЗС, Државниот инспекторат за труд, градежните инспектори и како инспекции со законски надлежно ст. Ако 12 години имало реконструкции без проект, без надзор инспекциски записник, тогаш не зборуваме за еден пропуст, туку зборуваме за систем кој предолго не гледал таму каде што требало а цената ја платија 63 млади животи - изјави Александар Наунов – Родител на Надица Наунова.. Судењето во судницата во „Идризово“ ќе продолжи со изведување на градежно вештачење на објектот “Пулс” и како и распит на вешти лица кои го изработиле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово вознемирувачко видео: Девојче во Куманово обиколено, удирано со шлаканици и клоциСе нижат случаите на врсничко насилство.Три девојчиња наспроти едно, со шлаканици и удирајќи ја и со клоци ја тераат жртвата да се извинува, а во еден момент насилничките ја кубат за коса притиснувајќи ја до ѕид. Според првичните информации видеото кое сега е објавено и на медиумите е снимено пред околу еден месец во Куманово, но сега било пријавено во полиција, а денеска девојчето жртва е повикано на разговор во станица. Снимката од физичкото малтретирање првично осамнала на социјалната мрежа „снепчет“ како начин да се даде до знаење кои можат да бидат последниците ако некој употребува пцовки против насилничките. Од МВР за Канал 5 велат дека се запознаени со случајот и дека постапуваат. Иако настанот се случил пред околу еден месец, оттаму брифираат дека сега е пријавен во полиција. Во врска со објавеното видео за кое прашувате, ве известуваме дека СВР Куманово во координација со ОЈО Куманово презема мерки и активности за расчистување на случајот, по што соодветно ќе ја известиме јавноста,-МВР. Според првичните информации жртвата има 14 години, а една од насилничките е возрасна и има 19 години, другите се малолетни. Во рок од околу еден месец ова е втор случај со јавно објавени снимки на кои се гледа како малолетнички се тепани, понижувани и малтретирани, во главно, од врснички. Во скопски Аеродром, жртва беше дванаесет годишно девојче кое беше натерано да клекне на коленици и да се извинува, да каже дека нема да пријави во полиција, додека е удирано со шлаканици влечено за коса и снимано од поголема група малолетници кои навиваат. За овој случај во тек е постапка пред суд, откако Обвинителството за четворица малолетници побара да бидат изречени мерки на претпазливост - забрана на децата во судир со законот да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата. Во меѓувреме, се уште нема пресуда за еден од најпознатите вакви случаи кој предизвика силна реакција и во јавноста што се случи пред околу три месеци во Ѓорче кога насилнички малтретираа девојче, гасеа цигара од нејзе и ја понишуваа терајќи ја да јаде измет. Процедурата се уште не е завршена и е во тек.Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСобраниска седница за реконструкција на Владата – разрешени се осум министри, Стоилковиќ со најмногу гласови – 95 „за“Во Собранието започна дводневната расправа за реконструкцијата на Владата, која ќе опфати 8 министри. Расправата ја следи Јана Јосифоска. Јана, како тече седницата, кога може да се очекува да бидат избрани новите членови на кабинетот на премиерот Мицкоски? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55