ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
2ЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водата
Шоу бизУапсен е маж кој ја демнел и вознемирувал Тејлор СвифтЕден маж е уапсен и обвинет дека ја малтретирал и демнел американската музичарка Тејлор Свифт, во близина на нејзиниот дом во Њујорк, пишува Би-Би-Си.Дејвид Кроу (33) од Сиетл е уапсен синоќа по пријава за „емоционално вознемирен маж кој се однесува чудно“. Тој беше обвинет за две точки од обвинението за малтретирање и следење, соопшти њујоршката полиција. Инцидентот се случил неколку дена откако домот на американската ѕвезда бил мета на обид за кражба. Свифт во тоа време не била дома, таа била во Бафало на фудбалски натпревар каде го бодрела својот партнер, играчот на Канзас Сити Чифс, Тревис Келче. Полицијата не потврди дали осомничениот за кражба е поврзан со случајот на малтретирање и следење. Ова не е прв случај на малтретирање на американската кантавторка. Во 2022 година, еден маж беше уапсен затоа што пијан возел до зградата во Њујорк и се обидел да упадне во нејзиниот стан. Познат е и случајот со Роџер Алварадо, кој упаднал во нејзиниот стан, а полицијата подоцна го пронашла како спие во нејзиниот кревет. Тој е осуден на шест месеци затвор. Извор: Би-Би-СиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗакони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во СобраниетоЧетири закони што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност ќе се најдат пред пратениците на седница на Собранието.Меѓу точките на дневниот ред е предлог-законот за изменување и дополнување на законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, кој е во фаза на прво читање.на седницата ќе бидат разгледани и предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и предлог-законот за високото образование, кој исто така е ставен на дневен ред во прво читање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Хаос во Истанбул: Песочна бура го погоди градотСилна песочна бура го зафати Истанбул вчера.Силна песочна бура го зафати Истанбул вчера, пред да почне поројниот дожд,небото се затемнило, ветерот корнел дрвја и кревал покриви, а возачите се соочиле со тешкотии поради намалената видливост предизвикана од облаците прашина. Bugün İstanbul. Bu mevsimde herhalde ilk defa oluyor. #istanbul #fırtına #sel pic.twitter.com/0cNitLhBJg — Murat Sagman (@muratsagman) July 22, 2026 Поради силниот ветер и неповолните временски услови, некои авиони што се обидувале да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“ биле принудени да кружат во воздухот, објави порталот „Сон Саика“. Деца што си играле на улицата и еден минувач за малку ќе настрадале откако силниот ветер откорнал дел од покрив во истанбулската општина Есенлер; инцидентот бил снимен од безбедносна камера, пренесува „ТРТ Хаберлер“. Силниот јужен ветер подигна високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните долж крајбрежјето. Ветарот откорна дел од шатор поставен на плажата, кој падна врз едно лице. Во центарот на Истанбул, во областа Фатих (населба Лалели), дрво падна на патот и предизвика краткотраен застој во сообраќајот. Во населбите Зејтинбурн и Бејоглу ветрот откорна покриви од згради, а дрво што падна на улица во Бахчелиевлер удри во паркиран автомобил. #İstanbul #İstoç’da saniyelik #fırtına pic.twitter.com/Gjjkh9ke6J — Her_Branşta_Beşiktaş (@Her_Bransta_BJK) July 22, 2026 Бурен ветер проследен со слаб дожд на одредени места уследи по топлотниот бран, за време на кој температурата во Истанбул надмина 35 степени. Метеорологот Адил Тек изјави за „Сабах“ дека од правец на Бугарија и Романија кон Турција се движи нов систем што носи дожд; тој во текот на вечерта најпрвин ги зафати Едрене и Киркларели, а потоа дождот ќе ја зафати цела Тракија, особено европскиот дел и северните делови на Истанбул.Тагови: Истанбул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈП „Комунален сервис“ Валандово со итно предупредување до граѓаните - зголемено е нивото на арсен во водатаПо Гостивар забренета за пиење и водата во Валандово. Од јавниот комунален сервис соопштуват дека лабораториските анализи покажале зголемено присуство на арсен и упатија итно предупредување до жителите на овој град да не ја пијат водат, туку да ја корситат само за технички потреби. Според градоначалникот на општината Ѓоко Камчев можно е да настанала печатна грешка при објавувањето на резултатите. – тврди дека се прават нови анализиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter