Уапсен директорот на албанската Агенција за државни патишта, Евис Бербери - Канал 5

Уапсен директорот на албанската Агенција за државни патишта, Евис Бербери

По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, уапсен е директорот на Агенцијата за државни патишта на Албанија, Евис Бербери и три други лица.

Уапсен директорот на албанската Агенција за државни патишта,  Евис Бербери

Според СПАК, Бербери е обвинет за корупција и перење пари.

Тој пред неколку дена поднел оставка од оваа функција, со образложение дека тоа е од лични причини. Пред тоа бил извршен претрес во неговата куќа од каде биле изземени компјутер, мобилен телефон и документи.

Обвинет е за настан од 2018 година, пред Бербери да влезе во Министерството за инфраструктура и енергетика и да биде на чело на Агенцијата.

- Од истрагите на Обвинителството се работи за перење пари и корупција. Приведени се и други лица и бизнисмени кои вршеле перење пари. Станува збор за настан во 2018 година, кога Бербери беше сопственик на фирма пред да влезе во Министерството за инфраструктура. Извршена е фиктивна продажба каде се сомнева дека вршеле перење пари, наведуваат албанските медиуми.

Дел од медиумите неговото име го поврзуваат и со неправилности во спроведувањето на тендери за изградба на патишта.

Бербери беше назначен за директор на Агенцијата за државни патишта во јуни 2021 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пенал на празен гол, Арбелоа го повлече тимот

Пријателскиот натпревар за купот „Коста дел Сол“ меѓу Малага и Фулам заврши на необичен начин. 

Видео: Пенал на празен гол, Арбелоа го повлече тимот

По нерешениот резултат 2–2, англискиот тим го напушти теренот и одби да учествува во изведувањето пенали. Од клубот објаснија дека изведување пенали не било предвидено со договорот и дека тимот морал да стигне на лет.

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, одигра клучна улога во инцидентот, бидејќи беше исклучен поради бурно протестирање против судијата.

Ништо во текот на натпреварот не навестуваше ваков расплет. Фулам двапати водеше, а Малага во двата наврати израмнуваше. Вториот гол на домаќините беше постигнат од оправдано досуден пенал во 90-тата минута, што ги поттикна и последователните настани.

Додека екипите се подготвуваа за изведување пенали, Арбелоа влезе во расправија со судијата Мигел Анхел Ортиз Ариас во врска со одлуката за пеналот. Неговиот протест беше толку жесток што судијата му покажа црвен картон.

Арбелоа го напушти теренот, а по неколку минути збунетост пред околу дваесет илјади гледачи, играчите на Фулам го следеа до соблекувалната. Управата на клубот одлучи тимот да не учествува во изведувањето пенали, со што на теренот останаа само играчите на Малага.

Ситуацијата се разреши кога Енеко Јауреги изведе симболичен пенал кон празната мрежа и постигна гол, со што Малага и официјално стана победник на турнирот. Сепак, инцидентот не заврши тука, бидејќи поранешниот тренер на Реал Мадрид не се појави на прес-конференцијата по натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството

Денес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. 

Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството

Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Свечената седница по повод 25 години Охридски рамковен договор.

“ Дефинитивно она што можеме да го кажеме е дека Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата. Постоеше неизвесност, поделби, страв и државата беше на ивица да стане држава на поделби, на раздор, на силен национализам. Пред 25 години државата можеше да тргне по тој пат, но избра да тргне по сосема друг пат — пат на соработка, на дијалог, на меѓусебно почитување и меѓусебно разбирање.

Се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост. Тука е несомнена улогата и на меѓународната заедница, нашите партнери од Европската Унија и од НАТО, таму каде што државата природно припаѓа — не само заради својата политичка определба, туку и заради јасната определба на сите кои што живеат во Македонија, која што е јасно прозападна и проатлантска.

Мораме да бидеме отворени — јас секогаш сакам да бидам отворен и да кажеме дека ако гледаме наназад, децении по потпишувањето на договорот, имаше и поединци и цели политички структури и цели политички партии, кои што за среќа не се дел од оваа Влада, коишто договорот го злоупотребуваа за свои лични интереси. Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам, етнички тензии и на тој начин да владеат со државата. Може да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа и за за сега, еве да видиме во овие две години, дека во суштина најголемиот дел од работите беа поврзани со личниот и семејниот интерес.” – се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски.

Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието.

“Градиме модерна инфраструктура:

За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце.

Интензивно се гради Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани.

Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево.

Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе во првиот квартал следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга.

Се гради Битола – Прилеп.

Го пуштивме Градско – Дреново – Фариш.

Го пуштивме Куманово – Крива Паланка.

Почнуваме е да градиме Кочани – Виница – Делчево, како и Радовиш – Струмица – граница со Бугарија.

Ова не начинот на кој треба да се развива државата исто како што се развива и железницата. Веќе интензивно работиме на Коридорот 8 поврзување со Бугарија. Очекувам во соработка со Европската Унија веќе следната година да почнеме да работиме: прва фаза Скопје - Јегуновце-Тетово– Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга.

Се инвестира многу и во образованието, каде што се прават темелни реформи коишто треба да дадат иднина на државата преку образование на нови генерации.

Има силен инвестициски циклус: се градат основни училишта, средни училишта, универзитети, се помага на истите и се стимулира научната дејност. Истото се прави и во здравството и во социјалната грижа и така ќе продолжиме да работиме.

Рамковниот договор е едно поглавје од нашата историја коешто сведочи дека научивме да живееме заедно, но во исто време е и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. За да не се сеќаваат, како што јас се сеќавам на таа година кога бев трета година средно, а летото наместо за летен распуст зборувавме за некои други работи

Мислам дека идните генерации треба да зборуваат за тоа каде ќе се запишат на факултет, кој постигнал подобар успех и на кој концерт ќе одат.

Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава” – заклучи заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камион

Царинската управа денеска информираше дека пронајдени биле тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење.

Во Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камион

„Царински службеници од царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба“, посочија од царина.

Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите.

„Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на министерството за внатрешни работи“, додаваат од управата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер