Уапсен „бајач“ од скопско, за 400.000 евра измамил брачен пар од Берово - Канал 5

Уапсен „бајач“ од скопско, за 400.000 евра измамил брачен пар од Берово

Растурал магија и се претставуал како божји човек. Измамил сопружници од Берово кои барале помош за нивниот син, со што се стекнал со  неверојатни 400 илјади евра.

Уапсен „бајач“ од скопско, за 400.000 евра измамил брачен пар од Берово

Измамата пред два дена во Штип ја пријавиле оштетените, а наводниот бајач бил уапсен вчера. При претресот кај мајката на осомничениот биле најдени парични средства во висина од 3.000 евра, а во нивниот дом биле пронајдени и одземени предмети кои биле поврзани со кривичното дело.

-Веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело – „измама”. –велат од МВР.

Почнувајжи од 2022 година, па се до сега, за три години осомничениот, во повеќе наврати и на различни локации во Скопје и Берово ги навел оштетените лица да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за наводната „помош“, така што незаконски се стекнал со огромната сума на пари.

Претставувајќи се како човек кој поседува паранормални способности, тврдел дека над синот на оштетените била направена магија која го загрозувала неговото здравје.

-Прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности, наводен бајач, истерувач на духови и магии, односно како божји човек кој има моќ и сила да растури зла магија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозила неговото здравје и живот.

Против двајца осомничени е поднесена соодветна кривична пријава и се изведени пред судија за претходна постапка во основниот суд во Кочани, потврдија од полицијата.

YouTube video

УКЛО објави оглас за запишување 751 кандидат на втор циклус студии

 Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола објави оглас за запишување студенти во втор циклус студии или магистерски студии, на кои со кофинансирање во студирањето може да се запишат 751 кандидат.

УКЛО објави оглас за запишување 751 кандидат на втор циклус студии

Според конкурсот, за академски студии обезбедени се 646 места, додека за стручни студии обезбедени се 105 слободни места.

Најмногу слободни места огласија Правен факултет, вкупно 100 и Технички и Педагошки факултет по 90 места, каде кофинансирањето по семестар се движи од 500 до 600 евра, и исто толкава цена за студирање е предвидена на Факултутетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) каде може да се запишат 77 магистранти. На Технолошко-техничкиот факултет во Велес студирањето на насоката „Нутриционизам“ чини 700 евра по семестар.

Повисоки цени за студирање на втор цикулс на студии посочени се на насоките каде наставата ќе се изведува на англиски јазик како што е програмата „Финансии“ на Економски факултет во Прилеп каде кофинансирањето изнесува 900 евра, на Факултетот за безбедност во Скопје странските државјани може да студираат за 800 евра по семестар, додека на насоката „Царина и шпедиција“ на англиски јазик во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, еден семестар чини 600 евра.

Во новата академска година втор циклус на студии ќе биде организиран во придружните членки на УКЛО-Битола, односно на Научен институт за тутун, каде може да се запишат 10, и Институт за старословенска култура, каде може да се запишат 15 студенти, и двете во Прилеп.

Првиот уписен рок е на 24 септември, а право на студирање на втор циклус студии имаат кандидати кои завршил прв циклус студии или академски студии со времетрање од најмалку три години со обезбедени 180 европски кредити.

Во Собранието на Србија конференција за партнерството меѓу Србија, Израел и САД

 Конференција „Белградски стратешки дијалог - партнерство на Србија, Израел и САД“, организирана од Конгресот на српско-американско пријателство, ќе се одржи денеска во Парламентот на Србија.

Во Собранието на Србија конференција за партнерството меѓу Србија, Израел и САД

Конференција „Белградски стратешки дијалог - партнерство на Србија, Израел и САД“, организирана од Конгресот на српско-американско пријателство, ќе се одржи денеска во Парламентот на Србија, на која ќе се обрати и претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ.

Шефот на дипломатијата Марко Ѓуриќ, потпретседателот на Советот за надворешна политика на САД Илан Беман и потпретседателката на Собранието на Србија, Марина Рагуш ќе зборуваат за стратешкото партнерство меѓу Србија, Израел и САД, објавија организаторите.

Министерот за европски интеграции и шеф на српската делегација во Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот Немања Старовиќ, претседателот на парламентарната група за пријателство со Израел Милован Дрецун, директорот за комуникации на Британско-израелскиот центар за комуникации и истражувања (BICOM) Даниел Ритербанд и почесниот конзул на Србија во Израел Александар Николиќ ќе зборуваат за партнерството меѓу Србија, Израел и САД во борбата против антисемитизмот.

Пратениците од власта поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти

Пратениците од власта денеска поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти.

Пратениците од власта поднесоа Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери за студенти

Ова го соопшти на денешата прес-конференција Сергеј Попов, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тој информира дека вредносни ваучери ќе можат да добие секој студент на додипломски студии, редовен или вонреден, на државен или на приватен факултет, до 29 години ќе добие по 250 евра или 15.300 денари за да набави техничко помагало.

-Станува збор за предлог закон со кој се предлага издавање на вредносни ваучери за обезбедување на персонален компјутер, таблет компјутер или лаптоп – пренослив компјутер, за потребите на редовните и вонредните студенти запишани на додипломски студии на сите високообразовни установи во државата. Оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО-ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни решенија, а не на празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања, рече тој.

Попов потенцира дека средствата потребни за оваа намена се обезбедени и веќе се дел од државниот буџет, а институциите се подготвени да помогнат во, како што вели, брзата, транспарентна и ефикасна реализација на оваа мерка.

-Нашата цел е искрена и јасна, а не само декларативна: со дела и проекти, покажуваме дека секој студент мора да има еднаква шанса за пристап до модерно образование. Да учи, да твори, да напредува – за доброто на Македонија и идните генерации. Како уште една од низата мерки за младите, со гордост можам да ви ветам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави работи, мерки и проекти кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина. Иднина, која ќе ја предводиме ние како млади луѓе – иднина за нас, но и за генерациите кои доаѓаат по нас, рече пратеникот Попов.

притисни ентер