У18: Македонските кошаркари утре ги почнуваат подготовките за ЕП, Андреевски го објави списокот - Канал 5

У18: Македонските кошаркари утре ги почнуваат подготовките за ЕП, Андреевски го објави списокот

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години Горан Андреевски го објави денеска списокот на кој се најдоа вкупно 21 кошаркар за подготовките за настап на претстојното Европско првенство во А дивизијата.

У18: Македонските кошаркари утре ги почнуваат подготовките за ЕП, Андреевски го објави списокот

Макеоднската репрезентација со подготовките стартува утре во саката „Борис Трајковски“ во Скопје.

Европското првенство во А дивизијата ќе се одржи во Белград од 26. јули до 3. август.

Селекторот Андреевски на подготовки ги повика Никола Јаничиќ, Дарјан Димовски, Даниел Бутемер, Сергеј Петровиќ, Христијан Миленовиќ, Филип Сребров, Марко Бајалџиев, Михајло Малиниќ, Ристе Букршлиев, Жарко Терзиевски, Илин Најков, Лука Марјановиќ, Дамјан Данев, Григориј Ѓорѓевиќ, Дамјан Стојаноски, Ѓорѓи Цветковски, Борјан Китановски, Кирил Петковски, Алексеј Нешовиќ, Стефан Сапроновски и Христијан Несторовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушка

Лишен од слобода жител на село во општина Илинден, управувал возило со 3,02 промили алкохол во крвта, во кое била пронајдена воздушна пушка.

„Камен пијан“ жител на с. Марино возел со 3,02 промили алкохол- уапсен е, а во автомобилот носел пушка

На 09.09.2026 во 14:55 часот во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода А.С.(37) од с.Марино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружје.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,02 промили алкохол во крвта. Исто така, при контрола во возилото била пронајдена возушна пушка, која била одземена.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев: Посилна соработка за поефикасна борба против финансискиот криминал

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (10.09.2026) учествуваше на “Билатералната вежба Македонија–Грција за меѓусебна правна помош во случаи на финансиски криминал”, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Директорот на БЈБ Јанев: Посилна соработка за поефикасна борба против финансискиот криминал

Вежбата е насочена кон унапредување на практичната соработка меѓу надлежните институции од двете земји, преку размена на искуства, информации и најдобри практики во постапувањето со случаи поврзани со финансиски криминал и прекугранични криминални активности.

„Безбедноста нема граници. Затоа и нашата соработка не смее да има граници“, истакна директорот Јанев, нагласувајќи дека криминалот не познава граници, криминалните мрежи се поврзуваат, а финансиските текови често минуваат низ повеќе држави.

Затоа, како што посочи Јанев, одговорот на институциите мора да биде заеднички, навремен и координиран – преку директна размена на информации, ефикасна меѓусебна правна помош, финансиски истраги, следење на сомнителни трансакции и размена на податоци од значење за истрагите.

Како соседни земји, двете држави имаат посебна одговорност за зајакнување на безбедносната соработка и создавање механизми кои ќе овозможат институциите да бидат чекор пред криминалот.

„Нашата цел не е само да реагираме кога криминалот ќе се случи. Целта е заеднички да бидеме чекор пред него – преку навремено споделување информации, координирани постапки и ефикасна правна помош“, порача Јанев.

Тој нагласи дека ваквите вежби се особено значајни бидејќи овозможуваат практично тестирање на механизмите за соработка и унапредување на процедурите за постапување во сложени прекугранични случаи.

„Таму каде што криминалот гледа граница како можност за криење, ние треба да гледаме можност за уште посилна соработка. Силни институции, тесно поврзани партнери и заедничка одговорност се основата за побезбедни граѓани и постабилен регион“, истакна директорот на БЈБ, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

28 повредени во украински напад со дронови во руското одморалиште Сочи

28 луѓе се повредени во украинскиот напад со дронови во руското одморалиште Сочи на Црното Море.. 

28 повредени во украински напад со дронови во руското одморалиште Сочи

Властите во Краснодарскиот регион соопштија меѓу повредените има и две деца и дека по нападот избил голем пожар на пристанишниот кеј..

Сочи е познат како „втора престолнина“ на Русија и е дом на официјалната летна резиденција на претседателот Владимир Путин..

Нападите се сметаат за одговор на во вчерашните жестоки руски напади врз Украина во кои беа убиени најмалку осум луѓе..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер