Тврди дека се ослободила од ќелавоста за три месеци (видео) - Канал 5

Тврди дека се ослободила од ќелавоста за три месеци (видео)

– Една девојка подели трик со помош на кој нејзината коса расте како “луда“.

Тврди дека се ослободила од ќелавоста за три месеци (видео)

Која и да е причината, опаѓањето на косата е многу фрустрирачко, и за мажите и за жените.

Лаки, како што се претставува на Tикток, споделува „приказни“ со своите придружници на мрежата за тоа како да имате здрава и силна коса со помош на одредени масла и третмани. Меѓу нејзините последни објави, на видеото се појави жена со ретка коса во предниот дел од главата и слаби прамени, нејзиниот совет за растење на нова коса го сподели Лаки откако лично го испробала трикот.

Текстот над видеото гласеше: „Како всушност функционира маслото од рузмарин? Како да го користите?

Покрај тоа, објаснила и дека маслото од рузмарин, ги стимулира фоликулите на косата и помага во обновувањето на косата така што го подобрува дотокот на крв во скалпот. Таа напомена дека може да го користат и мажи и жени и дека треба да се чува на косата најмалку 3-6 часа во текот на ноќта.

@ms.micelles0 No gatekeeping in 2023 growth👩🏻‍🦱#fyp #hairtiktok#hairloss#hairgrowth#baldspot#hairtreatment#rosemaryoil#casteroil#arganoil#naturespell ♬ Cupid – Twin Ver. (FIFTY FIFTY) – Sped Up Version - sped up 8282

Меѓутоа, жената на видеото, користеше комбинација од две масла, рузмариново и рицинусово, за подобар ефект. Оваа жена разредената комбинација ја користела двапати неделно за да постигне импресивни резултати. По рутинска масажа и користење на овој производ цели три месеци, таа има видно погуста и поздрава коса.

Иако многумина ќе го потврдат ефектот од користењето на овој производ, бидејќи неговите корисни својства се широко познати на Tикток, повеќето луѓе не знаат како правилно да го користат.

Дипа Берар е тиктокерка која ја следат повеќе од 10.000 луѓе, таа изјави дека луѓето воопшто не се занимаваат со причината за опаѓање на нивната коса, а потоа истакна дека сите го користат погрешно маслото од рузмарин, зашто тоа всушност се разредува во основно масло, како што е рицинусовото. Таа исто така изјави дека на телото може да му недостасува некоја хранлива материја која е важна за растот на косата, а освен тоа наведе дека е можно нашето тело да е чувствително на рузмарин и дека тоа треба да се земе предвид.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер