3Ѓорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата
ТехнологијаТворецот на апликацијата Zoom се збогати преку ноќ, акциите сега вредат 35 милијарди долариШто е заедничко со обраќањето на британскиот премиер Борис Џонсон, славењето роденден и наставата на илјадници ученици ширум светот?Сите тие ја користат апликацијата за видео Zoom додека физички се одделени среде смртоносната пандемија на коронавирус. И покрај својата нова слава, компанијата со седиште во Силиконската долина во Калифорнија е под лупа за приватност и безбедноста на своите корисници. Поточно, „непоканети гости“ можат да влезат среде видео конференција. Апликацијата е креирана од инженерот Ерик Јуан во 2011 година, а сега вреди околу 35 милијарди американски долари на берзата Насдак. Страста на Јуан за комуникациска технологија датира од 1990-тите, кога како кинески студент се обиде да најде начин да ја види својата девојка без да патува кон неа со воз неколку часа. Zoom е призната на пазарот како алатка за деловните луѓе и се натпреварува за корисници со другите компании, вклучително и Мајкрософт, Фејсбук и Гугл. Луѓето ширум светот престојуваат дома поради ризикот од ширење на коронавирус, па Zoom стана услуга за далечинско образование, посетување часови, славење на родендени, играње покер, практично присуствува на црковни церемонии и погреби. „Многу е лесен за употреба и бесплатен е, тоа е убаво“, вели американскиот учител Џастин Минкл, кој им предава на учениците што користат Zoom. Во март, 200 милиони луѓе го користеле Zoom споредено со само 10 милиони корисници на крајот на минатата година, вели Јуан. Видео повиците се зголемија во другите платформи за пораки, WhatsApp, Messenger и Google Hangouts, но Zoom стана sвезда. До 100 луѓе можат да присуствуваат на видео конференција. Првите 40 минути се бесплатни, а дополнителните минути и услуги можат да се користат за 15 долари месечно. Но, Zoom сега го укина 40-минутното ограничување на бесплатни сметки за наставници во многу земји. Како и да е, феноменот Zoom го покрена и прашањето за безбедноста на апликациите. Виртуелните напаѓачи прекинувале верски церемонии, часови и другите собири. Во некои случаи, биле вметнати и порнографски фотографии. Американските медиуми објавија дека Зум споделува некои податоци со трети страни и се прашува колку се безбедни податоците од виртуелните средби. Обвинителите во неколку американски држави, вклучувајќи ги Конектикат, Њујорк и Флорида, ги испитуваат безбедносните практики на компанијата. Јуан вети дека ќе ја засили заштитата на податоците и се извини. - Знам дека не ги исполнивме очекувањата на нашите корисници за безбедност и заштита на податоците. За тоа, јас длабоко се извинувам “, рече тој. Zoom е создаден првенствено за големи компании и има потреба од поддршка и заштита од нивните технолошки тимови, вели Јуан. - Не дизајниравме производ со очекување дека за неколку недели, секој човек во светот ќе работи, учи и ќе се дружи одеднаш на платформата, - рече Јуан. - Ова ни помогна да ги откриеме проблемите што не можевме да ги предвидиме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
СветАмериканските сили се повлекоа од последните бази во Ирак, се стравува од безбедносен вакумАмериканските сили денеска се повлекоа од преостанатите свои бази во Ирак, предизвикувајќи стравувања дека зад себе оставаат безбедносен вакуум што би можел да ги зајакне проиранските милиции и да доведе до прегрупирање на Исламската држава.Повлекувањето што го поздравија Иран и неговите сојузници, беше договорено во 2024 година, за време на претседателствувањето на Џо Бајден, а се спроведува во услови на војна против Иран кој има свое влијание и во Ирак преку одредени вооружени групи. Повлекувањето се случува 23 години откако американските сили го соборија од власта Садам Хусеин, што предизвика бунт и хаос во државата во која подоцна се појави џихадистичката организација Исламска држава. Иако ирачаните се задоволни од заминувањето на американските војници, постојат стравувања дека безбедносните сили што ги финансираа и обучуваа САД, не се во состојба да ја заштитат земјата во која за изминатите 20 години загинаа повеќе од 4.500 Американци. Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 година и практично ја окупираа земјата, поставија шиитска влада и се бореа против лојалистите на Садам, а потоа и против Ал Каеда, пред да се повлечат кон крајот на 2011 година. Тие се вратија три години подоцна за да им помогнат на ирачките сили да ја поразат сунитската исламска држава во војната од 2014 до 2017 година. Во операцијата „ирачка слобода“ загинаа двојно повеќе американци отколку во војната во Авганистан, од каде исто така американската војска се повлече во 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС ДубровоПо речиси 50 години се решава деценискиот имотно-правен проблем на МЕПСО – ТС Дуброво конечно впишана во државна сопственостПо речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со тоа се создаваат услови за сигурно одржување, модернизација и натамошен развој на една од клучните точки на преносната мрежа. Министерството за енергетика и минерални суровини, во соработка со АД МЕПСО и надлежните институции, започна системско решавање на долгогодишните имотно-правни прашања поврзани со електроенергетските објекти, кои со години претставуваа пречка за целосно уредување на сопственоста и реализација на нови инвестиции. ТС Дуброво е конкретен пример дека кога институциите работат координирано, проблеми што со децении биле нерешени можат конечно да се затворат. По одлуката на Владата и носењето на решението за формирање Работна група за регулирање на имотно-правниот статус на 110 kV трафостаниците помеѓу АД МЕПСО и ЕВН АД. Врз основа на донесените одлуки, извршено е запишување на правото на сопственост над објектите на ТС Дуброво во корист на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со ова, трафостаницата изградена во 1977 година, по речиси 50 години, за првпат се евидентира со уреден сопственички статус во корист на МЕПСО. Ова не е само административно уредување на документација. Уредената сопственост е основа за планирање и реализација на идни инвестиции, реконструкции и модернизација на преносната мрежа, особено на инфраструктурата која има стратешко значење за сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем. Со формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и ставањето на МЕПСО под надлежност на Министерството, воспоставен е нов модел на директна и редовна институционална координација со клучните субјекти во енергетскиот сектор. По иницијатива на министерката Сања Божиновска, се воспоставија редовни координации со МЕПСО и другите институции и компании од секторот, со јасна цел – проблемите што со години стоеле отворени да се стават на маса и заеднички да се забрза нивното решавање. Овој пристап значи промена од институционално постапување „секој во својот дел“ кон координирана работа околу конкретни проблеми и конкретни резултати – од уредување на имотно-правниот статус на електроенергетската инфраструктура, до реализација на капитални проекти, модернизација на преносната мрежа и зајакнување на сигурноста на електроенергетскиот систем. Се решаваат и други децениски имотно-правни прашања Во рамки на работата на групата се изработуваат геодетски елаборати со цел уредување и запишување на правата на недвижностите каде што тие досега не биле соодветно евидентирани. Паралелно, се преземаат активности за уредување на имотно-правниот статус на ТС 110/20 kV Бунарџик, каде што е во тек подготовка на договор за отстапување без надоместок на ½ идеален дел од недвижниот имот на име на АД МЕПСО. Уредувањето на овој имот ќе овозможи создавање на услови за реализација на новиот 110 kV далекувод ТС Бунарџик – ТС Миладиновци, значаен за стабилно и непрекинато снабдување со електрична енергија на железничката инфраструктура во Македонија. Министерството продолжува со системско расчистување на имотно-правните прашања на електроенергетската инфраструктура, со јасна цел: она што со децении било нерешено да се уреди, за да може државата да инвестира, модернизира и да ја зајакнува преносната мрежа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Во градот недостасува комунална полиција не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобатаУтринава од 10 часот, низ сите скопски општини се одржува голема еколошка акција за чистење на јавните површини, во која ќе учествуваат неколку илјади волонтери.Во акцијата се вклучаени општините и градоначалниците, амбасади, ученици,спортисти, јавни личности и голем број граѓани, со заедничка цел – почисто, поубаво и поздраво Скопје. Градоналникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека ќе се чисти на 50 локации, а во акцијата ќе бидат вклучени 30 000 луѓе. Акцијата е замислена како почеток на континуирана иницијатива, која ќе продолжи да се организира двапати месечно, со цел грижата за јавниот простор да стане трајна навика и заедничка одговорност. Градоначлникот предупреди дека во градот недостасува комунална полиција , и апелира до пратениците да го донесат законот за локална самоуправо. Зошто според него не е важно само да се казнува, важна е и висината на глобата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11