Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата
2Ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на Армијата
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ТехнологијаТвитер заедницата од целиот свет му се потсмева на Фејсбук: Не доаѓајте кај нас Сите услуги под покровителство на Фејсбук, кои вклучуваат Месинџер, Ватсап и Инстаграм, денеска паднаа низ светот нешто пред 18 часот, а луѓето веднаш притрчаа на Твитер за да го изразат своето незадоволство и да се пошегуваат со ситуацијата.„Закерберг додека се обидуваше да го поправи Whatsapp, Instagram и Facebook се урнаа ! Zuckerberg dok pokuša da opravi Whatsapp, Instagram i Facebook koji su pali istovremeno! pic.twitter.com/5ysPd76QOl — BLOGDAN (@blogdan_) October 4, 2021 „Сите избегаа од Инстаграм на Твитер за да видат дали барем работи “. Facebook, Instagram, Whatsapp down right now, meanwhile everyone coming to Twitter to check pic.twitter.com/ABBDo9qKqy — Shubham Dutt (@shubhamdutt13) October 4, 2021 „Го мијам автомобилот и падна Инстаграм “. me running to twitter to see if Instagram is down pic.twitter.com/0yfzhDJvpH — Hassan Chammout (@ChammoutHassan) October 4, 2021 „Ги исклучив податоците неколку пати мислејќи дека имам проблем со интернет конекцијата. I'm blaming my Internet, and turn off my router again and again. oh shoot, actually I was wrong! #instagramdown #facebookdown #WhatsAppdown pic.twitter.com/w5HLOdsFdJ — Shah Rhazb (@rhazbs) October 4, 2021 „Се расправав со некого на Инстаграм, а потоа серверите се расипаа и сега таа личност ќе мисли дека победила во дебатата, но не.“ „Сите ние го фалиме Твитер откако Фејсбук падна по педесетти пат оваа година “. i was in the middle of an argument and now instagram is down so they're gonna think they've won #instagramdown pic.twitter.com/FZLAhCh1NO — - 𝚐𝚊𝚋𝚋𝚢*ੈ✩‧₊˚ (@insibile) October 4, 2021 „Твитер и Спотифај никогаш не ме изневерија“. everyone praising twitter after insta goes down for the 50th time this year #instagramdown pic.twitter.com/kplpiKUapq — 💫𝓚𝓸𝓪𝓵𝓪💫 (@PapaKoalaYT) October 4, 2021 #instagramdown again? The only ones that never let me down fr pic.twitter.com/QCp8hF51VX — N M 66 (@NihalNeheem) October 4, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти, зависности и насилствоПолициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (21.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа превентивна активност „Кажи не на дрогата“ со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави. Во Прилеп, Велес и Чашка, пак полициски службеници од ОВР Прилеп и СВР Велес реализираа превентивни активности за заштита од кражби, измами и разбојништва, во рамки на кои, преку непосредна комуникација полициските службеници ги советуваа граѓаните како да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност (16–22 септември). Низ директна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи односно зголемување на нивото на сообраќајна култура, како и почесто користење на алтернативни превозни средства. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Отсекот за превенција при СВР Куманово во Куманово реализира превентивна активност за спречување на говорот на омраза и насилно однесување, пред се кај помладата популација.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаЕшалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа во посета на АрмијатаВо периодот од 20 до 23 септември 2026 година, во посета на нашата држава и Армијата за првпат престојува ешалонот од национални воени претставници при Врховниот штаб на Сојузничките сили во Европа.Целта на посетата е националните воени претставници да стекнат подобро разбирање на стратешките и оперативните аспекти на безбедноста и одбраната преку непосреден увид во безбедносните и одбранбените политики и капацитети на земјата домаќин, начинот на организација и подготвеност на силите, како и да се запознаат со културата, традицијата и обичаите на нашата земја. Денес во касарната „Илинден“ во Скопје гостите беа пречекани од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин и командантот на Командата за опeрации бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Поздравувајќи ги гостите, началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски ја нагласи важноста од сојузничката соработка, која е изградена врз доверба и заеднички вредности во рамките на НАТО - најмоќниот одбранбен сојуз во историјата. Притоа тој истакна дека Армијата има важна улога во придонесот кон мобилноста, брзината, иницијативата, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата, преку своите способности и активно учество во мисиите, операциите и активностите на НАТО, поради што нашата држава е препознаена како кредибилна, ценета и почитувана членка на овој сојуз. Воените претставници беа брифирани за нашето учество во меѓународните мисии и активности во рамките на НАТО, процесот на модернизација и опремување на Армијата и капацитетите на нашиот национален ресурс АП „Криволак“, кој е еден од најзначајните полигони за обука во Југоисточна Европа. Националните воени претставници го проследија тактичко-техничкиот збор на кој имаа можност непосредно да се запознаат со дел од вооружувањето, воената опрема и средствата со кои располага Армијата, како и со нивната намена и примена при извршувањето на редовните задачи. Воедно, тие ја проследија методско-показната вежба изведена од припадници од Баталјонот за специјални намени, Лесната пешадиска баталјонска група и Центарот за одгледување и дресура на кучиња, со што добија непосреден увид во подготвеноста и способностите на Армијата. Деканот на ешалонот на националните воени претставници, генерал-мајор Стефан Мершеноар од Република Франција, изрази искрена благодарност за гостопримството, високото ниво на организација и содржинските презентации со кои беше претставена Армијата. Тој истакна дека ваквите посети претставуваат значаен придонес кон продлабочувањето на меѓусебната доверба, зајакнувањето на сојузничката кохезија и унапредувањето на воената соработка во рамките на НАТО. Посетите на ешалоните од национални воени претставници се реализираат на ротациона основа, при што секоја година друга земја членка е домаќин на оваа активност. Ваквите посети претставуваат значајна можност за размена на искуства и најдобри практики, продлабочување на меѓусебното разбирање и зајакнување на воената соработка меѓу сојузниците. Истовремено, тие придонесуваат кон унапредување на интероперабилноста и градење на уште посилни партнерства во рамки на Алијансата. Канцеларија за воени односи со јавноста, Генералштаб на АрмијатаТагови: Генералштаб на Армијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаПосета на претставници од Амбасада на САД во Општина КумановоНа првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот Фатос Аќифи, денеска имаа средба со претставници од Амбасада на САД во РМ. На првиот официјален прием присуствуваа Никол Варнс, вршител на работи при Амбасадата, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова и специјалистот по односи со јавност, Надица Жакула. Во пријателска атмосфера гостите се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, можностите за унапредување и развивање на нови проекти од повеќе општествени области, со акцент на создавање на млади лидери, кои би придонеле за прогресивна и напредна иднина на младата популација, во интерес на граѓаните. Во прилог на излагањето за капацитетот на Општината, присутните имаа можност да проследат видео – презентација за индустриската зона Новини и Речица.Тагови: Општина Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook