Твитер со нови правила на ден по оставката на извршниот директор - Канал 5

Твитер со нови правила на ден по оставката на извршниот директор

Твитер денеска објави дека нема да дозволи споделување лични фотографии или видеа без согласност на засегнатото лице.

Твитер со нови правила на ден по оставката на извршниот директор

Според условите на „Политиката за приватност“, таа компанија исто така забранува споделување на приватни информации на други луѓе, како што се телефонски броеви, адреси и други информации.

„Штом луѓето не информираат дека не се согласиле да се објавуваат приватни фотографии и други медиумски содржини, ние ќе ги отстраниме“, објави Твитер на блогот.

Еден ден претходно, Џек Дорси, еден од ко-основачите на Твитер, поднесе оставка како главен извршен директор на компанијата, објавувајќи твит дека „конечно е време да си заминам“.

Тој потврдил дека ќе биде заменет од Параг Агравал, технолошкиот директор на Твитер. Тој ќе биде во управниот одбор на компанијата до пролетта 2022 година за успешна транзиција пред целосно да ја напушти компанијата.

Дорси е исто така основач и извршен директор на Square Financial Services Company.

Дорси претходно бил под притисок на Пол Сингер, основач на хеџ фондот Елиот, да се повлече од функцијата извршен директор на Твитер. Минатата година Елиот и Сингер објавија дека Дорси не може да биде извршен директор и на Твитер и на Сквер пред да постигнат договор со технолошката компанија.

Гигантот на социјалните мрежи, како и поширокиот сектор, беше под постојана контрола за модерирање на штетни содржини на интернет, вклучително и како се однесува кон дезинформации и расистички и други навредливи објави.

Многумина бараат поголема регулација на секторот и поголема одговорност на врвните менаџери на интернет компаниите.

„Го сакам Твитер“, напишал Дорси во неделата во својот последен твит пред да го објави своето заминување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер