,,Deepfake” порно видеата во кои анонимните актери добиваат ликови на познати личности , како пејачи , политичари , филмски ѕвезди и други лажни протагонисти , од денеска се забранети . Најчесто оваа метода на монтажа на порно видеата се користи за женски познати личности .
Но , сепак , освен за порно видеа монтирањето ликови се емитува и преку видео клипови од познати филмови .
Така , претседателот на САД , Доналд Трамп во еден од таквите клипови ,,ја игра” улогата на Биф Тенан во дел од филмот ,, Враќање во иднината “ .
Ваквите видео клипови се особено популарни и се промовираат на повеќе сајтови за возрасни . Само една платформа наречена Reddit group има над 91 000 редовни претплатници на вакви видео клипови .
Забраната на сите вакви порно клипови е воведена откако било утврдено дека во некои од нив се користат ликови и на деца помали од 16 години .