Твитер добива подолги твитови и видеа - Канал 5

Твитер добива подолги твитови и видеа

Твитер првично беше претставен како услуга за микро-блогирање, но со текот на времето бројот на карактери во твитовите се зголеми, а тоа ќе продолжи и под водство на Маск.

Твитер добива подолги твитови и видеа

Илон Маск потврди дека планира да ја зголеми максималната должина на твитовите од сегашните 280 карактери на дури 4.000 карактери. Тој го потврди ова како одговор на прашање од корисник на интернет.

Засега нема информации кога би можела да се имплементира оваа промена, а исто така нема информации дали подолгите твитови ќе бидат достапни за сите корисници или само за претплатниците во рамките на услугата „Twitter Blue“.

Ова не е првпат Маск да најавува зголемување на бројот на карактери во твитовите. Во ноември, тој истакна дека зголемувањето на бројот на карактери во еден твит е на листата на нови функции, а во тоа време тоа се однесуваше на границата од 1000 карактери.

Корисниците на „Twitter Blue“ исто така треба да добијат можност да објавуваат подолги видеа во одреден момент, како и да вметнуваат видеа од 1080p.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработка

Заштитата на реката Вардар и одржливото управување со водите мора да бидат долгорочен државен приоритет, а за тоа се потребни координирани институции, меѓусекторска соработка и обезбедено финансирање. 

Хоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработка

Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на отворањето на „Денови на Вардар 2026“, посветени на иднината на управувањето со сливот на реката Вардар.

Хоџа посочи дека подготовката на Планот за управување со сливот на реката Вардар е важен чекор, но нагласи дека вредноста на еден план се потврдува преку неговата реализација, а не само преку неговото усвојување.

Во своето обраќање тој се осврна на напредокот во мониторингот, класификацијата на водните тела и идентификувањето на притисоците врз водите, што е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Но истакна дека управувањето со водите не може да биде одговорност само на едно министерство, бидејќи одлуките во земјоделството, енергетиката, индустријата и локалната самоуправа директно влијаат врз нивната состојба. „Водата не познава ресорски граници. Затоа, потребен ни е вистински меѓусекторски пристап, во кој институциите ќе дејствуваат координирано и ќе преземаат заедничка одговорност“, рече министерот.

Осврнувајќи се на прекуграничниот карактер на сливот на Вардар, Хоџа ја истакна важноста на континуираната соработка со Косово и Грција, како и поддршката од Швајцарија во областа на животната средина. Тој го поздрави и придонесот на научната заедница и младите професионалци, нагласувајќи дека знаењето, искуството и иновациите се важен дел од решенијата.

„Нашата цел не е само да подготвиме уште еден стратешки документ, туку да изградиме систем во кој одговорностите се јасни, институциите имаат капацитет да дејствуваат, средствата се обезбедени, а резултатите се мерливи и видливи. Тоа е нашата обврска кон граѓаните и идните генерации“, порача Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеп Гвардиола го крена гласот: „Кристијано Роналдо не го заслужи ова, грешката мора да се поправи“

Еден од најтрофејните фудбалски тренери во историјата, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше конкретно за Кристијано Роналдо и за начинот на кој тој ја заврши својата репрезентативна кариера. 

Пеп Гвардиола го крена гласот: „Кристијано Роналдо не го заслужи ова, грешката мора да се поправи“

Тој тврди дека тоа мора да се поправи.

Најплатениот свтески фудбалер, Кристијано Роналдо одлучи да стави крај на својата репрезентативна кариера. Тој влезе во конфликт со селекторот Жорже Жезус, откако од него било побарано на прес-конференција да изјави „дека е на нивото на Пеле и Марадона“ – нешто што тој одбил јавно да го каже.

Поради сето ова, тој истакна дека не сака проштален натпревар, а Пеп Гвардиола смета дека тоа е голема грешка.

„Фудбалската федерација на Португалија мора да се погрижи Кристијано Роналдо да добие соодветно испраќање. Двете страни мора да вложат напор и да најдат начин. Тој не смее да ја напушти репрезентацијата на ваков начин. Не смеат да дозволат да си замине така. Тој е значајна личност, не само за себе и за Португалија, туку и за генерации португалски фудбалери“, изјави Гвардиола во подкаст со Ромарио.

Тој нагласува дека мора да постои некаков вид на благодарност за сè што Роналдо има направено. „Мораат да разберат дека Кристијано заслужил сам да одлучи како ќе продолжи понатаму.

Треба да најдат решение за оваа ситуација и да ја поправат работата. Дали ќе го направат тоа или не, не е моја работа, но сметам дека мораат. Она што тој го постигна во светот на спортот заслужува поинаков крај.“

Сите се свесни дека Роналдо направи грешка со начинот на кој си замина и со инцидентите што ги предизвика. „Потребно е да се организира прослава на која тој ќе ја почувствува љубовта на своите сонародници, како и иницијатива со која ќе се испрати порака дека е време да се сврти нов лист. Неговата целокупна кариера не треба да се оценува врз основа на последниот месец или два, само затоа што дошло до несогласување или недоразбирање со одредени поединци. Станува збор за кариера полна со достигнувања, која заслужува да биде сочувана и одбранета. Големите играчи, кои биле на самиот врв во овој спорт, заслужуваат да си заминат достоинствено, низ главната врата.“

Потоа, славниот тренер појасни: „Прво, затоа што го заслужиле тоа – тие му дадоа сè на спортот, а фудбалот им должи такво признание. Второ, поради сите оние најмлади кои ги прават своите први чекори на фудбалскиот терен. За да можат и тие да сонуваат дека еден ден ќе ја завршат својата кариера исто како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Паоло Малдини, Ромарио или кој било друг великан од историјата. Така треба да биде“, заклучи Гвардиола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на Маск

Белгискиот крал Филип вчера свечено отвори фабрика која треба да стане најголемиот капацитет за производство на сателити во Европската Унија.

Белгија отвора голема фабрика за сателити: Европа има за цел да му конкурира на „Старлинк“ на Маск

Целта е да се задоволи растечката побарувачка за сателити и друга вселенска опрема во Европа, пренесува „Еуроњуз“.

Лоциран во градот Шарлроа, во јужна Белгија, погонот е управуван од белгиската компанија „Аероспејслаб“. Меѓу другото, таму ќе се произведуваат сателити за европскиот проект „ИРИС²“, кој има за цел да му конкурира на сателитската мрежа „Старлинк“ на Илон Маск.

„Растевме дури и побрзо отколку што планиравме“, изјави Беноа Депер, извршен директор на „Аероспејслаб“. Тој истакна дека неговата компанија еволуирала од мал стартап во 2018 година во голем деловен потфат, кој сега придонесува за вселенската независност на Европа.

Големиот комплекс во Шарлроа – град кој е попознат по аеродромот што го користат нискобуџетните авиокомпании и по напуштените фабрики од индустриското минато на Белгија – ќе може да произведува околу 500 сателити на годишно ниво.

Во септември, Депер и неговите партнери обезбедија договор вреден 2,4 милијарди евра за производство на 264 од вкупно 348 сателити планирани за проектот „ИРИС²“.

Производството сè уште не е започнато во големиот комплекс со овален облик, кој зафаќа површина од приближно 20.000 квадратни метри. Се очекува вработените да се вселат во фабриката во јануари, а почетокот на производството е предвиден до крајот на 2028 година.

Во последниве години, Европа се стреми да го зајакне својот вселенски сектор за да ги искористи растечките економски можности во вселената, истовремено намалувајќи ја зависноста од други нации – поттикната од загриженоста за доверливоста на Соединетите Држави како партнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер