Твитер доби нова опција: Објави кои исчезнуваат после 24 часа

На социјалната мрежа Твитер пристигна нова опција наречена „fleets“.

Станува збор за твитоци кои исчезнуваат после 24 часа, како што е случај со Стори на Инстаграм.

Како што велат од компанијата, на овој потег се одлучиле заради тоа што многу окорисници се жалеле дека им е непријатно доколку некој најде некој нивни твит од пред неколку годиини.

Сега, се надеваат од Твитер, дека оние кои објавуваат твитори, ќе можат да бидат уште похрабри во споделување на своите моментални мисли и чувство со Твитер пријателите. Подржани се текст, фотографии или видео снимки.

Шпанскиот крал во самоизолација поради ризичен контакт

Шпанскиот крал Фелипе VI се самоизолирал откако стапил во контакт со лице кое имало позитивен тест на Ковид-19, објави палатата.

„Лицето со кои бил во контакт вчера денес е позитивно на Ковид-19“, се наведува во соопштението од кралската палата во кое се додава дека 52 годишниот крал ги суспендирал сите службени актривности на 10 дена.

„Согласно здравствените правила, тој 10 дена ќе помине во превентивен карантин“, се вели во сооштението, пренесе „АФП“.

Кралицата Летиција и ќерките на кралскиот пар Леонор и Софија ги продолжуваат своите активности.

Престолонаследничката Леонор (15) помина две недели во самоизолација во септември, откако беше откриена инфекција со Ковид-19 меѓу нејзините колеги. Подоцна таа била негативна.

Шпанија е меѓу најтешко погодените земји од пандемијата на коронавируси со повеќе од 1,5 милиони заразени и над 43.000 смртни случаи.

Трамп на кратко се појавил пред новинарите, не зборувал за изборите

Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19, рекол Трамп.

Претседателот на САД Доналд Трамо денес на кратко се појави на конференција за новинари во Белата Куќа и не проговорел ниту збор за изборите, пренесе сајтот „ Politico“.

Индустрискиот индекс на Њујоршката берза Дау Џонс денес скокнал за повеќе од 500 поени, надминувајќи ја границата од 30.000 бодови, за што говорел и Трамп.

-Тоа се свети бројки. Никој не помисли дека некогаш ќе се видат тие бројки, рекол кратко Трамп, пренесе „Танјуг“.

Претседателот на САД не одговарал на новинарски прашања, а едиствено ја прокоментирал вакцината против Ковид-19.

- Многу сум возбуден за тоа што се случува на полето на развојот на вакцината против Ковид-19. Тоа е апсолутно неверојатно, рекол Трамп.

Видео: Младоженец случајно ја удри невестата и ја уништи венлавката

Еден младоженец случајно ја уништи сопствената венчавка кога ја удрил со нога својата сопруга директно во лице додека изведувал танц за неа.

Овој невообичаен танц кој младоженецот Адам Гаудет реши да и го приреди на неговата сопруга Микаела заврши неочекувано. Тој ја удри во лица и на тој начин ја уништи соспствената свадба.

Тие се решиле да го споделат видеото на социјалната мрежа Тик Ток под наслов „Како мојот сопруг ја уништи нашата венчавка“ каде што тоа стана вирално.

притисни ентер