ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО, од сабота – 15.12.2018, ќе се емитуваат на КАНАЛ 5 - Канал 5

ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО, од сабота – 15.12.2018, ќе се емитуваат на КАНАЛ 5

 Државна лотарија на Македонија ги известува играчите на играта на среќа Лото, дека од сабота, 15.12. 2018, од коло 100 во 2018та, ТВ извлекувањата на играта на среќа Лото, ќе се емитуваат на КАНАЛ 5 Телевизија.

ТВ извлекувањата на играта на среќа ЛОТО,  од сабота – 15.12.2018, ќе се емитуваат на КАНАЛ 5

ТВ емисиите ќе се реализираат во редовниот термин – секоја среда и сабота од 20:00 часот.

Рокот на уплата за тековно коло во среда и сабота останува до 19:00 часот.

Промената на теливизискиот канал, е согласно резултатите по јавен оглас за избор на ТВ канал за продукција и емитување на извлекување на добитни бројчиња од играта на среќа Лото, а по истек на договор со ТВ СИТЕЛ.

Државна лотарија на Македонија изразува благодарност за досегашната професионална соработка со ТВ СИТЕЛ, каде заклучно со среда 12.декември, 2018 се емитувани близу 900 (деветсто) кола од играта на среќа НовоЛото 7/34.

КАНАЛ 5 Телевизија, е веќе познат соработник на Државна лотарија, со кој се реализирани ТВ емисии со извлекувања на играта Бинго.

Во тек на деветте години приредување игри на среќа, од 23ти април 2010та, Државна лотарија на Македонија реализараше извлекувања на свои игри на среќа, во соработка со МТВ, КАНАЛ5 и ТВ СИТЕЛ.

Водител на емисиите ќе биде и понатаму Марјана Станојковска, која со умешност и шарм не води низ светот на среќните бројчиња, уште 3ти мај 2010та година.

Во колото број 100, кое ќе се реализира во сабота, се очекува премијата за 7ка да достигне 11.000.000 денари. Со оглед на зголемувањето на бројот на играчи и се побрзиот раст на премијата, се надеваме дека празниците ќе ги дочекаме со нов Лото милионер. Премијата на играта Џокер, е најпримамлива до сега, очекуваме да ја надмине најголемата освоена Џокер премија која во 2016та изнесуваше 3.221.285,00.

Семејството на Лото милионери брои 22 (дваесетидве) лица од различни краишта на нашата земја. Најголемата Лото премија беше освоена во 2014та со износ од 365.000 евра. Рекордна година по број на Лото 7ки е минатата – 2017та година, кога се постигнати дури 5 (пет) 7ки. Во тек на оваа година, до сега се постигнати две премии, но не очекуваат уште пет извлекувања, заклучно 29ти декември, а со среќата никогаш не се знае.

За добро!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 27 загинати во руски напад во близина на Буча- силнит еексплозии траеле со часови (ВИДЕО)

Најмалку 27 лица загинаа, а уште 42 се повредени во рускиот напад врз округот Буча во Киевската област, објави началникот на регионалната воена администрација, Тимур Ткаченко. 

Најмалку 27 загинати во руски напад во близина на Буча- силнит еексплозии траеле со часови (ВИДЕО)

Меѓу повредените има четири деца.

Спасувачите евакуираа 381 лице, а околу 50 куќи беа оштетени.

Нападот се случи синоќа околу 20:10 часот во селото Мила, каде што руски дрон удрил или паднал на територијата на една компанија. По ударот, избувнал голем пожар, а потоа започнала силна детонација на материјалот складиран на локацијата.

Пожарот се проширил на околните станбени згради.

Се истражува што имало во магацинот. Премиер на Украина: Ова е криминална небрежност

Украинското државно обвинителство започна истрага не само за рускиот напад, туку и за можна службена небрежност поврзана со складирањето на експлозивни предмети и материјали.

Истражителите ќе проверат дали експлозивните материјали биле легално поставени и складирани во просториите на компанијата, дали биле постоечки потребните дозволи и кој од службените лица донел одлуки за нивното складирање.

Украинскиот премиер Сергеј Корецки го нарече целиот случај „криминална небрежност“ и побара строга казна за одговорните.

„Правењето на истите грешки во петтата година од целосната инвазија е криминална небрежност. Сите виновници, без исклучок, мора да бидат строго казнети за да не се повторат вакви ситуации“, рече тој.

Корецки се потсети на претходниот напад врз магацинот во Вишнево во близина на Киев и рече дека властите очигледно не научиле од таа трагедија.

Експлозиите траеле со часови

Поради големиот пожар и секундарните експлозии, властите привремено затворија дел од автопатот Киев-Коп за да овозможат работа на спасувачките служби и евакуација на населението.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат огромна експлозија проследена со голема топка оган што се издига кон ноќното небо.

Пожарникарите, полицијата, пиротехничарите и другите служби за итни случаи работеа со часови на местото на ударот. Претходно во текот на ноќта, властите пријавија шест повредени и непознат број на жртви, а бројот на жртви расте додека спасувачите се движеа подлабоко во погодената област.

Русија испрати 267 дронови

Нападот врз Буча беше дел од голем руски воздушен напад врз Украина.

Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала 267 дронови, една противбродска ракета „Оникс“ и една балистичка ракета „Искандер“ од петокот навечер.

Украинската воздушна одбрана тврди дека до сабота наутро соборила или електронски неутрализирала 233 дронови.

Во одделен руски напад со дронови врз Херсон, еден човек е убиен, додека 44-годишно лице е повредено од експлозија и шрапнели. Две лица се повредени и во населбата Свјатошин во Киев.

Зеленски сака да ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно

Русија и Украина ги засилуваат нападите длабоко зад фронтовските линии во последните месеци, а енергетските и логистичките објекти се меѓу честите цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера повика на понатамошно зголемување на украинските напади со долг дострел врз Русија и постави цел од 1.000 лансирања на дронови дневно.

„Моментално во просек имаме повеќе од 300 санкции со долгорочен дострел. Мора да има повеќе“, рече Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се вери ќерка му на Сталоне, зетот го помина неговиот специјален тест (ФОТО)

Софија Сталоне, најстарата ќерка на Силвестер Сталоне, ја објави својата свршувачка со своето момче Мајкл Шиан. 

Се вери ќерка му на Сталоне, зетот го помина неговиот специјален тест (ФОТО)

Таа ја сподели веста на Инстаграм во петокот, кратко по прославата на својот 30-ти роденден на 27 август. Заедно со серија фотографии на кои се гледа романтичното запросување, таа напиша: „Засекогаш со мојата најдобра пријателка“.

На црно-белите фотографии, во преден план е дијамантски прстен, а на една од снимките Мајкл клечи опкружен со бели рози и свеќи. За таа пригода, Софија носеше бела мини фустан, додека нејзиниот вереник носеше лежерна кошула и кремасти панталони. Двојката подоцна позираше пред ноќен градски пејзаж, а Софија покажуваше прстен на левата рака. Запросувањето се случи ноќта пред објавата, што се совпадна со нејзиниот роденден.

Реакции на семејството и пријателите

Помладите сестри на Софија беа меѓу првите што реагираа. „Јупи, мои најмили луѓе! Плачам! Толку сум среќна, ве сакам обете“, напиша 28-годишната Систин. 24-годишната Скарлет рече дека тие се „најубавиот верен пар“. Таа исто така ѝ честиташе на Парис Хилтон со пораката: „Честитки, љубов моја“.

Софија подоцна позираше со своите родители, Силвестер и Џенифер Флавин, а 80-годишниот актер гордо стоеше покрај својата ќерка додека таа го покажуваше вереничкиот прстен. Неговиот благослов е важен чекор, со оглед на тоа што е познат како заштитнички настроен татко кој отсекогаш сериозно го сфаќал љубовниот живот на своите ќерки.

Тест за зетовци на Сталоне

Запознавањето со Слај долго време беше сериозен предизвик за партнерите на неговите ќерки. Кога Софија и Систин беа прашани за нивниот љубовен живот во шоуто „Today“ во 2023 година, Софија се пошегува: „Па, ние сме слободни, па...“. Нејзиниот татко веднаш додаде: „Се надевам дека ќе останат невенчани. Работам на тоа“. Сестрите во неколку наврати открија дека потенцијалните додворувачи едноставно исчезнувале откако ќе го запознаат холивудскиот актер.

„Тој е едноставно застрашувачки“, призна Систин, додека Софија сподели дека нивниот татко може да процени дали врската ќе трае само за неколку минути. „Всушност, тој е секогаш во право“, рече Софија за проценките на нејзиниот татко. Сестрите исто така признаа дека нивниот татко понекогаш им пишувал пораки за раскинување.

„Им препорачувам на девојките да го замолат својот татко да им напише порака за раскинување, бидејќи мажите најдобро ги познаваат мажите“, објасни Систин во подкастот „Giggly Squad“, додавајќи дека примателите „никогаш не се лутат затоа што некој бил искрен“. Се чини дека Мајкл Шиан успешно го поминал еден од најтешките тестови за идните зетови во Холивуд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Величањето воени злосторства на Младиќ е кривично дело – бараме одговорност од Стоилковиќ - пуленот на Мицкоски

Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние маме министри во Владата на Мицкоски кои ги величаат воените злосторници како Ратко Младиќ.

Штерјова: Величањето воени злосторства на Младиќ е кривично дело – бараме одговорност од Стоилковиќ - пуленот на Мицкоски

Ова е дел од поширока агенда, Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник.

Поделбите меѓу граѓаните во општеството, создавањето етнички тензии, навредите на Мицкоски, сето ова е дел од операцијата “Талог“ за која предупредувавме.

Но, одобрувањето или оправдувањето геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства е кривично дело.

И за ова мора да има одговорност.

Членот 407-а од Кривичниот законик предвидува одговорност за „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

Членот 319 од Кривичниот законик го санкционира предизвикувањето или разгорувањето национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост.

Законот посебно ја третира и злоупотребата на положбата или овластувањето.

Но тука не завршува одговорноста.

Членот 20 од Уставот поставува јасна граница за политичките партии којшо директно се однесува на партијата на Стоилковиќ.

Програмите и дејствувањата не смеат да бидат насочени кон повикување на воена агресија или разгорување национална, расна или верска омраза и нетрпеливост.

Истата црвена линија ја поставува и членот 4 од Законот за политичките партии.

Значи, законот постои. Кривичното дело постои. Надлежна институција постои.

Што чека Јавното обвинителство? Повик од Мицкоски?

Јавното обвинителство мора да постапи за величањето на Ратко Младиќ и да ја утврди одговорноста на Иван Стоилковиќ, неговата партија и Далибор Китановиќ.

Стоилковиќ е министер во Владата на Мицкоски и претседател на Демократската партија на Србите.

Китановиќ е директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Мицкоски мора да каже дали во неговата Влада има место за функционери кои величаат или оправдуваат осудени воени злосторници или ќе ги повика на политичка одговонрост.

Ама Јавното обвинителство мора да си ја заврши работата и кривично да одговараат, рече Кети Штерјова од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер