МакедонијаТутунарите бараат законски измени за да можат да учествуваат во формирање на откупната цена за следната годинаДа се усогласува откупната цена на тутунот два пати во годината. Се е периодот кога по завршувањето на откупот, монополите ќе им ја одрдедат цната за тутунот за догодина а претсавниците на тутунарите и земјоделските здруженија бараат во новиот закон да се воведе и обврска на 30 дена пред почетокот на откупот да се нарави корекција на откупната цена во однос на висината на трошоците кои ги имале тутунарите при производството, животниот стандарди и цената на работната сила. Само на овој начин сметаат тутунарите дека нема да бидат дискриминарини и би се постигнала рална откупна цена, проценаката би се вршела по класи постигнувајќи просечна откупна цена од 600 денари за килограм. Во пресрет на најавените измени на законот за тутун со кои се планира да се доуредат неправилностите кои се согледале од терен, тутунарите бараат и укинување на увозот на ориентален тип на тутун во земјава за да не се користи како алатка за намалување на реалната откупна цена. Едно од најзначајните прашања по кое се обединија сите тутуанрски здруженија е во законот да се вметне правото и тутунарите да учествуваат во формирањето на откупните цени со оглед на тоа што ова не култура која се продава на слободниот пазар, но сите се сложни дека мора во измените да има прецизни и обврзувачки правила при одредувањето на откупните цени. Досега откупени се околу 23 милиони килограми на тутун. Годинава заради доцните дождови има доста тутун кој доцна се обра и на кој му треба време да се исуши и подготви заради што тутунарите бараат да се држат отворени дел од откупните пунктови до крајниот законски рок а тоа 28 февруари. Тагови: тутун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОтворен целосно реконструираниот градски базен во КавадарциГрадскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик. Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНевремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на праткитеНевремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата. Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД продолжуваат со воздушните напади врз ИранСоединетите држави ја завршија дванаесеттата последователна ноќ на воздушни напади врз Иран. Цели биле иранските поморски капацитети, складишта за ракети и беспилотни летала, крајбрежни системи за надзор и објекти на противвоздушната одбрана. Според ЦЕНТКОМ, операциите треба дополнително да ја намалат способноста на Иран да напаѓа цивилни морнари и трговски бродови. Американската команда тврди дека, откако повторно почнала да ги блокира иранските пристаништа, пренасочила девет комерцијални бродови, а уште еден онеспособила. Дополнително за првпат Америка го употреби стратегискиот бомбардер Б-1 во нападите врз цели на Иран. -Во моментов, ситуацијата е прилична едноставна. Бродови се обидуваат да минат низ теснеците и тие се напаѓани. Комерцијални бродови кои пловат низ теснеците се напаѓани. САД го штитат овој поморски сообраќај и, покрај тоа, ги гаѓаат местата од каде што се извршуваат нападите врз тие бродови, со цел дополнително да се намали способноста на Иран да напаѓа и да го загрозува глобалниот поморски сообраќај. Тоа сега се случува и на тоа сме сега фокусирани – изјави Рубио. Со веќе препознатливата остра реторика, Трамп се закани дека САД ќе ја напаѓаат цивилната инфраструктура во Иран како одговор на секој напад врз брод во Ормускиот Теснец. -Во овој судир што го имаме со Исламската Република Иран, и намерно ја нарекувам така, затоа што, да ви кажам, тие трпат нависнина силни удари и сакаат да постигнат договор. Но, јас велам дека се уште не се подготвени за договор. Затоа што секојпат кога ќе постигнеме некаков договор, тие сакаат да ги менуваат и слино. Не се подготвени. Но, ќе бидат подготвени многу наскоро. – изјави Трамп. Во меѓувреме, Техеран ги нападна американските сојузници низ Блискиот Исток. Иранските државни медиуми јавија дека американски ракети погодиле цели во западниот дел на Иран. Во уште еден американски ракетен напад на границата со Ирак, биле убиени две лица. Раководството во Техеран одговори со сопствени закани. Во случај на американски напади врз иранската инфраструктура, ќе следува масовна одмазда, изјави министерот за надворешни работи Абас Арагчи на платформата Х. Тој посочи дека иранската одбранбена политика е јасна: „Око за око“.Тагови: Доналд Трамп Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter