Туск во Тирана: ЕУ треба да отвори преговори со Албанија и со Северна Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск од Тирана, испрати јасна порака дека Европската Унија треба да отвори преговори со Албанија и со Северна Македонија. 

Ваквата одлука, според него, не е чест за никого, туку неопходност за мир и стабилност во Европа.

-Отсекогаш сум бил на мислење дека ЕУ треба да ги отвори преговорите и јас не сум се предомислил и продолжувам така да мислам. Вашата земја треба да се третира исто како и другите земји во регионот. Не може да има стабилна Европа без интеграција на Балканот во ЕУ. Тоа значи дека никој никому не му се прави чест,т уку тоа е неопходност, изјави Туск на заедничката прес-конференција со албанскот премиер Еди Рама.

Што се однесува до спроведувањето на законот, Туск рече дека тоа ќе биде обврска на Албанија и кога таа ќе биде членка на ЕУ.

Премиерот Еди Рама пред новинарите го одликува претседателот на Советот на Европа со медал „Големата ѕвезда на благодарноста", нарекувајќи го „адвокат на процесот на проширување и натамошно зближување на Западен Балкан со ЕУ".

Според Рама, Туск пристигнал во Тирана за да „даде јасна порака за сите албански граѓани".

-Задоволство ми е да ја истакнам јасноста со која претседателот Туск отсекогаш се изразувал во овој процес и несомнено ги цени постојаните напори како адвокат на процесот на проширување и натамошно приближување на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ. Најважната работа за нашите граѓани денеска е да се слушне што има да каже претседателот Туск, кој е тука да говори за нив и да испрати порака до нив, рече Рама.

Заблагодарувајќи се Туск рече дека е горд на одликувањето и додаде дека за него „најголем медал ќе биде отворањето на преговорите на Албанија со ЕУ".

-Многу сум горд што го добив овој медал. Вие ми рековте дека го заслужувам, но за мене, најголем медал би бил отворањето на преговорите за членство на Албанија, рече Туск.

Претседателот на Советот на Европа во Тирана пристигна попладнево при што имаше средба само со премиерот Еди Рама, која траеше половина час./MИА

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

притисни ентер