Туск: Во свет каде секој може да се купи, секого можат и да продадат - Канал 5

Туск: Во свет каде секој може да се купи, секого можат и да продадат

Полскиот премиер Доналд Туск денеска им порача на политичарите кои мислат дека е време за сила и политика заснована на логиката на комерцијалните трансакции, дека „во свет каде што секој може да се купи, исто така секого може и да го продадат“.

Туск: Во свет каде секој може да се купи, секого можат и да продадат

„Од време на време слушам мислења дека е време за политика заснована на трансакции и за договор на големите сили. Оние кои мислат дека можат да купат секого, нека поведат сметка дека според оваа филозофија секој може и да биде продаден“, напиша Туск на мрежата X.

Притоа, тој повтори дел од својата порака од минатонеделната Минхенска конференција за безбедност, каде што рече дека не смее да се дозволи некој однадвор или од самиот Запад да ги уништи фундаменталните вредности и се спротивстави на гласовите дека Европа се урива, дека НАТО е застарен, дека светскиот поредок треба да се уништи затоа што настапи ерата на „трансакциска политика“ и сила.

Шефот на полската дипломатија, Радослав Шикорски, по тој повод на Минхенската безбедносна конференција во дебатата за раздорот внатре во Европа, ги обвини САД дека со Доналд Трамп на чело се обидуваат да ги наметнат своите вредности, занемарувајќи го фактот дека во Европа од различни историски причини не е можна неодговорна и апсолутна слобода на говорот и пропаганда, на пример, на нацизмот

„Веруваме во слободата на говорот, но со одговорност. И еве, пред една година, потпретседателот на САД (Џ.Д. Венс) ни објасни дека нашиот концепт за слобода на говорот е цензура. Јас не го прифаќам тоа. Едната страна од Атлантскиот Океан се обидува да ги наметне своите вредности на другата. Ова е неприфатливо“, рече Шикорски во Минхен.

Полскиот министер ги обвини американската администрација и претседателот Трамп за директно мешање во изборите и изборните кампањи во Европа. Како пример, тој ја наведе отворената поддршка за Карол Навроцки, националистичкиот кандидат за претседател на Полска, која пресуди Навроцки да биде избран минатата година, иако со минимална предност пред противникот.

„Порано не се мешавме во внатрешните работи на сојузниците, се мешавме во име на демократијата во работите на автократиите. Сега е обратно. Скандалозно е“, рече Шикорски и потсети дека Полска до недодамна со години беше пример дека и владата и опозицијата, која и да беше, беа подеднакво проамерикански настроени, додека сега, кога САД почнуваат да избираат страна, расположението во Полска станува поинакво.

Додека во 2023 година, според анкетата на агенцијата ИРБИС, САД уживаа доверба кај 72 проценти од Полјаците, а само два проценти изразија негативни ставови, најновите анкети по една година власт на Трамп во Белата куќа покажаа пад на довербата во американскиот сојузник на 49 проценти, 11 проценти го гледаат негативно, а 41 процент од анкетираните сега се рамнодушни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Српскиот евролигаш КК Партизан го претстави шестото засилување! 

Крилниот центар Дерек Вилис е шестото засилувања на Партизан

Американскиот кошаркар Дерек Вилис е официјално новото засилување на Партизан.

205 сантиметри високиот Вилис потпиша двегодишен договор со „црно-белите“ од Белград.

Станува збор за класичен крилен центар, односно играч на позицијата „четири“.

Дерек Вилис имаше солидна сезона во Евролигата, со просек од 5,8 поени, 3,9 скока и 1,2 асистенции, при што реализираше 55 проценти од обидите за два поена и 37 проценти од оние за три поени, што го направи атрактивна опција на пазарот.

Вилис забележа уште подобри бројки во француското првенство, со просек од 7,6 поени, 4,8 скока, 1,2 асистенции и 0,8 украдени топки за помалку од 19 минути по натпревар, остварувајќи импресивни 65 проценти реализација за два и 43 проценти за три поени.

Американецот роден во Кентаки му се приклучи на тимот на Жоан Пењароја и е шестото засилување во екипата што се формира за претстојната натпреварувачка сезона во Евролигата.

Пред него, во црвно белиот табор пристигнаа Кевариус Хејс, Ламар Стивенс, Алесандро Пајола, Никола Танасковиќ и Лука Вилдоса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

О. Крушево: Водата за пиење во Општина Крушево е исправна и безбедна за употреба

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно резултатите од трите последователни лабораториски испитувања извршени од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Причината за привременото отстапување во квалитетот на водата беше технички прекин во функционирањето на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија. Веднаш по отстранувањето на дефектот беа преземени сите неопходни мерки за нормализирање на процесот на хлорирање и континуирано беа спроведувани контроли на квалитетот на водата.

Трите последователни анализи извршени од Центарот за јавно здравје – Прилеп потврдија дека водата е здравствено исправна и ги исполнува сите законски пропишани критериуми за безбедност.

Ги известуваме граѓаните дека водата од јавниот водовод во Општина Крушево може слободно да се користи за пиење, подготовка на храна и за сите останати потреби во домаќинствата, без потреба од дополнителни мерки или ограничувања.

Општина Крушево и Јавното комунално претпријатие ќе продолжат со редовен мониторинг на системот за водоснабдување и со континуирана соработка со Центарот за јавно здравје – Прилеп, со цел обезбедување сигурна, квалитетна и здравствено исправна вода за сите граѓани.

Им благодариме на граѓаните за трпението, разбирањето и довербата што ја покажаа во текот на изминатиот период.

Општина Крушево

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар

Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар и следење на вектор-преносливи заболувања

Министерството за здравство презема конкретни мерки за засилен епидемиолошки надзор во Гостивар

На денешната прес-конференција министерот за здравство информираше за актуелната епидемиолошка состојба во Гостивар, како и за состојбата со вектор-преносливи заболувања во земјава.

Во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти, додека во изминатите четири дена нивниот број се движи од 80 до 125 дневно. Според податоците од претходните години, просечно во текот на јули, во Гостивар биле пријавувани по 25 заразени лица.

Во моментот се евидентирани вкупно 869 формални пријави, а досега е спроведена епидемиолошка анкета со 622 лица.

По консултација со Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство донесе одлука за воведување засилен здравствен надзор во постакутна епидемиолошка фаза. До сите јавни здравствени установи и матични лекари ќе бидат доставени соодветни упатства за навремено следење, информирање и рано препознавање евентуални случаи на хепатит А и Е, како и на други заразни заболувања што може да се појават како последица на епидемијата.

Паралелно, Министерството спроведува сеопфатна анализа и евалуација на текот на епидемијата и на настанатата состојба. Анализата го опфаќа системот за пријавување, како и актуелните и ретроспективните податоци собрани преку системот Мој Термин. Целта е да се утврдат можностите за дополнително унапредување на системот и да се зајакне неговото навремено и ефикасно функционирање.

Следење на вектор-преносливи заболувања

На последната седница на Комисијата за заразни болести беше разгледана и состојбата со вектор-преносливи заболувања. Под засилена опсервација се четири заболувања: маларија, денга, зика и западнонилска треска.

По две години без регистриран случај на маларија, годинава се потврдени четири случаи кај туристи кои престојувале во Занзибар и на Малдиви. Регистрирани се и три случаи на денга и еден случај на зика, сите поврзани со престој на Малдивите. Станува збор за возрасни пациенти со коморбидитети.

Министерството апелира граѓаните кои патуваат во тропски земји доследно да ги следат препораките на Светската здравствена организација во однос на потребната вакцинација и профилакса. До матичните лекари ќе биде упатена препорака при прегледите задолжително да ги земат предвид податоците за неодамнешни патувања во тропски земји, со цел навремено препознавање, дијагностицирање и третман.

Во однос на западнонилската треска, досега се евидентирани осум случаи, од кои два во текот на јуни. Станува збор за повозрасни пациенти со придружни заболувања. Во координација со Државниот санитарен и здравствен инспекторат се дадени насоки за контрола на спроведувањето и опфатот на дезинсекцијата во општините.

Министерството за здравство останува посветено на континуирано следење на состојбата, навремено преземање конкретни мерки и транспарентно информирање на јавноста. Во соработка со Комисијата за заразни болести, здравствените установи, матичните лекари, инспекциските служби и локалните самоуправи, ќе продолжиме да дејствуваме координирано за заштита на здравјето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер