Туск: Полска изземена од обврските на европскиот пакт за миграција - Канал 5

Туск: Полска изземена од обврските на европскиот пакт за миграција

Полските опозициски конзервативни националисти од партијата „Право и Правда“ предводени од Качињски ги повикаа Полјаците на марш низ Варшава за да го спречат, како што тврдат, „поплавувањето на Полска со мигранти уште во текот на летото“.

Туск: Полска изземена од обврските на европскиот пакт за миграција

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ги потврди неофицијални информации дека Полска е изземена од механизмот за релокација на бегалци од Европската Унија (ЕУ), а вклучена е во таканаречените земји под притисок на мигранти, кои ќе добијат помош од другите членки според Европскиот пакт за миграција договорен минатата година.

- Реков дека во Полска нема да има релокација на мигранти и нема да има. Ќе ја заштитиме границата со Белорусија, која денес е најдобро чуваната граница во Европа. Ќе ги заостриме правилата за визи и азил, и Полска стана пример за другите. Ние работиме, не зборуваме без резултати, напиша Туск на Х.

Коментарот на Туск е реакција на демонстрации на полската популистичка десничарска партија „Право и Правда“ на поранешниот премиер Јарослав Качињски, на чиј повик денеска се собраа десетици илјади поддржувачи пред Кралскиот замок во Варшава, за да протестираат против непостоечката релокација и наводните илјадници мигранти, кои во реалноста ги нема.

- Денес Доналд Туск ненадејно соопштува дека следната година кај нас нема да има миграција. Не дозволувајте да ве измами. Ова се стари игри. Можеби ќе се продолжи до 2027 година ако претходно нема избори, но на крајот тој ден ќе дојде и нашиот мирен живот ќе заврши, изјави Качињски пред демонстрантите.

Полските опозициски конзервативни националисти од партијата „Право и Правда“ предводени од Качињски ги повикаа Полјаците на марш низ Варшава за да го спречат, како што тврдат, „поплавувањето на Полска со мигранти уште во текот на летото“.

- Да доведеш рекорден број мигранти во Полска, а потоа да повикуваш на протест против миграцијата, тоа може само Јарослав Качињски, објави Туск пред денешниот протест.

Полските медиуми прво неофицијално јавија, а премиерот потврди официјално, дека Полска е изземена како земја под посебен притисок и поради украинските бегалци, од механизмот за релокација и задолжителна солидарност од Пактот за миграција.

Европската комисија треба официјално да ја соопшти таа одлука в среда, на 15 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието, објави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев на средба со директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби

Денес, во големата сала на Општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на Советот д.р Стојанчо Рамов, директорите на јавните претпријатија и раководителите на општинските служби одржаа средба со жителите на населените места Радња, Бунарче, Гарниково, Драгожел, Рожден, Клиново, Бојанчиште, Мајден, Фариш, Ќесендре, Горна Бошава, Долна Бошава и Крњево.

На средбата се разговараше за потребите, предлозите и иницијативите на жителите, како и за прашањата и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневието.

Преку непосредна комуникација и отворен разговор, граѓаните имаа можност да ги изнесат своите барања и идеи, а претставниците на Општината да ги слушнат нивните предлози и да разговараат за можностите за нивно решавање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

Аутопсијата откри од што почина центарфорот на шпанскиот второлигаш Тенерифе, Хесус де Мигел!

Пристигнаа наодите од обдукцијата по смртта на фудбалерот на Тенерифе

30 годишниот напаѓач на Тенерифе починал како последица на трауматска повреда на градниот кош, здобиена при тежок судир со голманот на Андора, Хесус Овоно.

Првичните наоди дадоа одговор за причината за смртта на фудбалерот, кој го загуби животот еден ден по натпреварот, додека истрагата за сите околности на трагедијата сè уште трае.

Според информации од шпанските медиуми, повредата е оценета како причина што би можела да доведе до фатален исход.

Сепак, форензичките испитувања сè уште не се завршени, а конечниот извештај треба да даде поцелосна слика за тоа што се случило. Истрагата е сè уште во тек, а истражителите ги проверуваат сите околности на трагедијата, вклучително и медицинската помош што фудбалерот ја добил по судирот.

Шокатниот настан се случи на 2 ноември, за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во втората шпанска лига.

Натпреварот беше во самиот финиш се играше судиското надополнување, резултатот беше 2:2, а Де Мигел тргна во напад по долгата асистенцијата од своите дефанзивци, се обиде да стигне до топката, но скоро на половина терен се случи стратотниот судир со противничкиот голман.

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше излезен далеку од својот шеснаесетник за да интервенира. Во обидот да стигне до топката, тој го удри Де Мигел со нога во горниот дел од телото. Напаѓачот на Тенерифе веднаш падна на тревата и остана неподвижен.

Фудбалерите на двата тима веднаш почнаа да повикуваат лекарска екипа. Судијата му покажа директен црвен картон на Овоно, наведувајќи дека голманот го удрил противникот со подигната нога и со прекумерна сила, додека топката била во игра.

Лекарскиот тим пристигна брзо до повредениот фудбалер и започна со давање на медицинската помош. Потоа, Де Мигел беше изнесен од теренот на носила и пренесен во болница, каде што беше примен во тешка состојба.

За време на транспортот, тој доживеал срцев застој, но лекарите успеаја да му го вратат пулсот. Сепак, и покрај напорите на медицинскиот персонал, неговата состојба се влоши, а во вторникот наутро беше потврдена неговата смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Земјите од групата „Квад“ (Quad) – Соединетите Американски Држави, Јапонија, Австралија и Индија–денеска започнаа заедничка поморска воена вежба наречена „Малабар“ во водите кај регионот Канто, во близина на Токио, соопштија јапонските поморски сили.

Земјите од групата „Квад“започнува голема воена вежба

Во соопштението се наведува дека четирите земји имаат за цел да ги зајакнат меѓусебните врски преку заедничка обука, која ќе трае до 12 ноември и ќе опфати вежби за реагирање на дејствијата на подморници и поморски сили, пренесе агенцијата „Кјодо“.

„Безбедносната ситуација во регионот на Индо-Пацификот станува сè посложена“, изјави вицеадмиралот Кацуши Омачи, командант на јапонската флота, на свеченото отворање на вежбата, одржано на хеликоптерскиот носач „Исе“, закотвен во поморската база Јокосука, недалеку од Токио.

Околу 200 претставници од четирите земји-членки на „Квад“ (Quad) присуствуваа на церемонијата со која беше означен почетокот на вежбата. Поморската вежба „Малабар“ започна во 1992 година како билатерална иницијатива на морнариците на САД и Индија, додека поморските сили на Јапонија се приклучија во 2007 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер