Туск: Одбраната на источната граница е заедничка обврска на НАТО и ЕУ - Канал 5

Туск: Одбраната на источната граница е заедничка обврска на НАТО и ЕУ

Полскиот премиер Доналд Туск, по посетата на граничната линија со Белорусија, денеска изјави дека одбраната на источната граница на Полска со Русија и Белорусија е заедничка обврска на НАТО и на Европската унија.

Туск: Одбраната на источната граница е заедничка обврска на НАТО и ЕУ

Тој рече дека благодарение на зајакнувањето и модернизацијата на граничната ограда, полските граничари и армијата сега спречуваат дури 98 проценти од обидите за илегално преминување.

Полскиот премиер повтори дека оваа граница не е за класична илегална миграција, туку за „државната машинерија за шверц на Русија и Белорусија“.

- Денеска добив извештај во кој се потврдува дека Александар Лукашенко е спонзор на ова. Знаеме и дека Русија е вмешана. Има меѓународни групи кои се вклучени во шверц на луѓе преку границите. Секој кој работи во корист на илегалната трговија со луѓе е дел од оваа валкана работа, рече Туск.

Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш на прес-конференција по увидот на модернизираниот дел од границата во должина од 47 километри, соопшти дека на границата служат 5.000 војници, 1.000 се во готовност, а вкупно 17.000 војници се подготвени за одбрана на граничната линија.

Министерот за внатрешни работи Томаш Шемоњак додаде дека првобитната ограда изградена на границата со Белорусија и Русија од претходната влада не била доволно силна и дека на мигрантите им биле потребни 20 секунди да ја пробијат со обичен алат и да влезат во Полска.

Границата меѓу Полска и Белорусија е долга 418 километри, а претходната влада на сега опозициската десничарска партија „Право и правда“ подигна метална ограда висока 5,5 метри за да спречи илегална миграција на оваа источна рута, масовна од 2021 година. Варшава ги обвинува Белорусија и Русија за организирање и управување со масовната илегална миграција како дел од хибридната војна против НАТО и Европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер