Туск направи промени во Владата: Шикорски станува вицепремиер, нови ресори за економија и енергетика - Канал 5

Туск направи промени во Владата: Шикорски станува вицепремиер, нови ресори за економија и енергетика

Полскиот премиер Доналд Туск денеска го унапреди министерот за надворешни работи Радослав Шикорски на функцијата вицепремиер, во рамките на реконструкција на Владата чија цел е да се спречи падот на популарноста.

Туск направи промени во Владата: Шикорски станува вицепремиер, нови ресори за економија и енергетика

Шикорски ќе го задржи и министерското место за надворешни работи. Во исто време, актуелниот министер за финансии Анджеј Домански ќе ја предводи новата обединета структура – Министерството за финансии и економија – што ќе ги опфати сите економски ресори во центристичката и проевропски ориентирана Влада, најави Туск.

Реконструкцијата следи по поразот на либералниот сојузник на Туск, градоначалникот на Варшава Рафал Тшасковски, на претседателските избори во јуни, кога победи кандидатот на конзервативците Карол Навроцки. Тоа предизвика зголемени тензии во владејачката „Граѓанска коалиција“ и отвори сомнежи за иднината на владата, со оглед на претседателското вето како инструмент за блокирање на законите.

Анкетите покажуваат дека поддршката за Владата на Туск опаѓа од средината на минатата година. Последното истражување покажува дека опозицијата има поддршка од 48 отсто, додека Владата ужива стабилни 32 отсто.

Во рамките на преструктурирањето, Милош Мотика од коалицискиот партнер – Полска народна партија – ќе раководи со новоформираното Министерство за енергетика. Министерството за правда, кое има задача да ги зајакне стандардите на владеење на правото ќе го предводи судијата Валдемар Журек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувања

Не запираат меѓупартиските обвинувања за тоа кој е виновен за загадената вода во Гостивар и колку често проблемите се повторувале во минатото.

Водата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувања

Од СДСМ ја лоцираат одговорноста кај премиерот и министерот за здравство, и повторно го повикаа обвинителството да отвори истрага. Велат дека тие имаат различни препораки до граѓаните за употреба на водата, иако се утврдило дека таа содржи опасна бактерија и треба да е целосно забранета.

-Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: Христијан Мицкоски, Сашо Клековски, Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. - Елена Радеска - СДСМ

СДСМ се обидува политички да профитира од состојбата во Гостивар, а кога беа на власт не ги решавале ваквите проблеми – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партиската говорница повторно покажаа документи со кои тврдат дека во 2022, 2023 и 2024 година имало неколку случаи со потврдена небезбедна вода за пиење токму во Гостивар, а воопшто немало забрана за употреба на истата.

-Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места. - Валентин Манасиевски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

За епидемијата во Гостивар која е прогласена официјално од 19 јули, градоначалникот кој доаѓа од партијата на Таравари Валбон Лимани кажа дека не чувствува лична одговорност. Засега во 30 дневен притвор се Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, раководителите од Јавното претпријатие „Комуналец“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Седница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар

Додека трае топлотниот бран, во Гостивар се уште нема питка вода. 

Седница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар

Во Центарот за управување со кризи во моментов во тек е седница на главниот штаб посветена на состојбата со водата, таму е Маја Стојановска.

Дали наскоро гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте

200-те повици дневно во брзата помош од граѓани кои имале проблеми, заради влошена здравствена состојба со високите температури. Најчесто се колапси, проблеми со крвниот притисок и сообраќајни незгоди. 

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте

Докторите од брза помош објаснуваат дека влошено и психичкото здравје кај граѓаните кои веќе имале здравствени психички проблеми, а кај дел од граѓаните и заради проблеми со крвниот притисок од топлото време имаат пониска концентрација и се понервозни.

Од Институт за јавно здравје со препораки до граѓаните да не се изглегува во најтоплиот период. Во случај на прегревање на телото сончаница, може да се појават симптоми како слабост, вртоглавица, гадење, грчеви во мускулите. Во потешки случаи може да има има из забрзано чукаање на срецето, и губење на свест. Посебно внимателни треба се трудните жени, лицата над 60 годишна возраст и малите деца. Граѓаните да не излегуваат без вода за пиење, светла облека и зашита на главата и очите. Црвениот крст на терен во најтоплите денови во заштита на граѓаните. Тие на граѓаните им даваа вода и им кажуваа совети. Она што е важно во случај на некој да му се слоши треба да се даде прва помош и да се повика итна помош. Од Црвениот крст посебно внимаваат бездомните лица на кои им треба лекарска помош.

Граѓаните во брзање ги завршуваат обврските до пладне, иако топлото е уште рано од сабајле.

УХМР најавуваат топла работна седмица до 40 степен каде на некои места може да достигнат и над 40 степени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер