Турското Министерство за здравство со нов пакет мерки против пушењето и дебелината - Канал 5

Турското Министерство за здравство со нов пакет мерки против пушењето и дебелината

Министерството за здравство на Турција подготвува законски измени со кои ќе се забрани пушењето и во деловите на кафулињата и рестораните кои имаат подвижни (отворени) покриви, јавуваат турските медиуми.

Турското Министерство за здравство со нов пакет мерки против пушењето и дебелината

Оваа „празнина“ во сегашното законодавство често се користеше за заобиколување на забраната за пушење во затворени простории. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу нагласи дека новите измени ќе ги направат мобилните инспекциски екипи поактивни, а поликлиниките за борба против зависности ќе го прошират својот опсег на работа.

„Подготвуваме измени за пушењето во затворено и се надевам дека наскоро ќе ги доставиме до Меџлисот. Со поддршка на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, очекуваме подобри резултати во борбата против тутунските производи, изјави Мемишоглу.

Покрај пушењето, најавени се и заеднички мерки со Министерството за земјоделство за контрола на содржината на шеќер во храната, како дел од пошироката национална стратегија за борба против дебелината и поттикнување на здрав начин на живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Цената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)

Маж и жена загинаа во пожар што избувна во напуштен магацин во sтарото пристаниште во Трст. Противпожарните екипи ги пронајдоа телата на првиот кат од трикатниот објект.

 Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)

Првичните сознанија укажуваат на тоа дека пожарот настанал откако група мигранти запалиле оган внатре во објектот. Додека пламените јазици се ширеле, поголемиот дел од групата успеал да побегне, но две лица останале заробени внатре.

Пожарникарите влегле во зградата опремени со апарати за дишење за да го изгаснат пожарот и да ги пребараат просториите. За време на интервенцијата, се урнала дрвена подна конструкција, но ниту еден пожарникар не бил повреден.

Надлежните сè уште не го соопштиле идентитетот на жртвите, ниту пак ги потврдиле точните околности под кои тие настрадале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата го стави барањето и побара Надзорна расправа во Собранието за скандалот со Алта банка! 

СДСМ побара Надзорна расправа за скандалот со Алта банка во Собранието

За улогата на Народна банка, за институционална одговорност за измамата на граѓаните!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер