Турско МНР: Македонија да ги земе предвид забелешките на координативното тело на Турците

Македонија да ги земе предвид забелешките на Националното координативно тело на Турците за резултатите од пописот.

Турција ги поддржува легитимните барања и ги штити правата и интересите на турската заедница, која со векови живее на територијата на Македонија и која е меѓу нејзините рамноправни и конститутивни народи и се залага за благосостојбата и развојот на државата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција, Танџу Билгич во врска со резултатите од Пописот на населението во земјава.

– Претставниците на турската заедница во земјава во текот на процесот упатија повеќе апели пописот да се спроведе правично, транспарентно и без никакво сомнеж. Резултатите од пописот покажаа дека тие повици, за жал, биле игнорирани, наведува Билгич во изјавата.

Тој воедно ги повикува властите во земјава да ги земат предвид забелешките на објавените пописни резултати на Националното координативно тело за пописот на турскиот народ во Република Македонија.

Ова Тело во кое членуваат невладини организации, политички субјекти, интелектуалци, универзитетски професори и други влијателни личности од турската заедница, во реакцијата на резултатите од пописот наведе дека тој ќе се памети по многу „неодговорени прашања и игнорирање на барањата" на Турците, со што се „повредени правата на турскиот народ кој е еден од државотворните народи на РМ и еднаков со другите".

Координативното тело наведува дека во текот на пописниот процес многу пати изразувале незадоволство околу „методологијата, недостатоците, недоволниот број на попишувачи и инструктори Турци, прекини и нефункционирање на апликацијата за попишување во земјава и во странство, проблеми со преводот и недостатоци во софтверот, недоволна информираност на населението за пописот, притисоци и манипулации на терен и фактот дека многу граѓани не се избројани, односно попишани".

– За горенаведените проблеми, пропусти и забелешки беа информирани сите надлежни институции, органи и претставништва на странски мисии во нашата држава. Нашите барања беа занемарени и игнорирани. Ваквиот пристап на надлежните институции го засенија целокупниот пописен процес. Доколку беа земени предвид нашите барања и забелешки согласно Уставот и законите, првично од Државниот завод за статистика, ќе беа решени повеќе од горенаведените проблеми и пропусти, се наведува во реакцијата.

Според Телото, во текот на пописот се повредени повеќе уставни одредби, како оние за слободно изразување на националната припадност, владеењето на правото, соодветната и правична застапеност на граѓаните, еднаквите слободи и права и гарантирањето на заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници.

– Искажаната загриженост пред и за време на пописот за жал денес е потврдена. Објавените резултати и проценти не ја претставуваат вистинската слика на турскиот народ во земјава, односно бројките и процентите се потценети. Кога ќе се споредат нашите податоците од различни населени места каде што живеат Турци со објавените податоци, се воочува огромна разлика помеѓу податоците. Согласно горенаведените факти турскиот народ во РМ под никакви услови не ги признава пописните бројки и проценти, наведува Координативното тело, додавајќи дека во наредниот период максимално ќе ги искористи сите законски и демократски права и приговори во врска со пописните резултати.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

притисни ентер