Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон
Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?
1Судот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон
2Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?
КултураТурскиот уметник Омер Фарук Текбилек ќе го отвори 38. Скопско летоБогата програма за сечиј вкус со над 50 содржини ќе понуди 38. издание на Скопско културно лето кое ќе биде отворено со концерт на еден од највлијателните турски музичари и композитори кој живее и работи во САД маестро Омер Фарук Текбилек.Елизабета Кузмановска, член на Извршниот одбор на Скопско лето на денешната прес-конференција информира дека жителите, но и посетителите на Скопје во летните месеци ќе уживаат и ќе можат да изберат да присуствуваат на 20 концерти, осум претстави, три промоции на книги и 10 филмски проекции во кафе-киното кое годинава ќе се одржува во прекрасниот амбиентален простор на Сули ан. Таа се заблагодари на повеќе амбасади во Скопје за соработката во организирањето на манифестацијата на која ќе настапат над 100 уметници на отворените сцени низ градот, како што се плоштадите, Старата скопска чаршија, а поддршка имале и од институциите од областа на културата како МОБ, МНТ, Драмски театар, КИЦ и други. Коце Трајановски градоначалникот на Град Скопје кој заедно со Министерството за култура е покровител и финансиер на манифестацијата, истакна дека и оваа година ќе биде понудена квалитетна и уште подобра програма во однос на претходните години. Тој ги повика скопјани, туристите и посетителите во градот да присуствуваат на бројните културни настани што ќе можат да ги посетат во наредните 40 топли летни денови. - Би сакал да ги поздавам сите уметници, артисти доаѓаат од 16 земји и сите останати кои ќе придонесат за организрање на Скопско лето. Воедно, голема благодарност до сите амбасади кои помагаат во организирањето на овогодинешното Скопско лето. На крајот можам да заклучам дека ќе имаме топло, жешко и содржински богато Скопско лето , рече Трајановски Митко Стефановски Директорот на Дирекцијата за култура и уметност, која го организира Скопско лето, посебно се заблагодари на Турскиот културен центар во Скопје - Институт „Јунус Емре“ со чија помош успеале да го донесат Текбилек, врвен уметник во светски размери кој, според него, со својата музика ќе ја одбележи годинешната програма и ќе остави белег и за сите идни години во Скопје како едно исклучително музичко доживување. Токму затоа, посочи, и не случајно е одбран Текбилек да го отвори со својот настап овогодинешното Скопско лето. Текбилек кој присуствуваше на прес-конференцијата истакна дека лично се чувствува пресреќен за присуството во Скопје и можноста да одржи свој концерт. - Лично во мојата уметничка кариера се убедив, а верувам и вие го делите мислењето дека музиката е нјадоброто нешто што може да не сплоти и да не здбили сите нас. Посебно сум почестен што ќе го отворам овој фестивал кој со уметноста и музиката ќе ги зближи сите луѓе без оглед на јазикот и етничката припадност, рече Текбилек. Тој најави дека пред скопската публика ќе изведе колаж од својот репертоар во кој ќе доминираат романтичната и фолклорната музика. Пред настапот на Текбилек на улицата „Македонија“ светки реномираната американска уметница со потекло од БиХ Едина Селесковиќ ќе ја постави инсталацијата „Мисли слобода“. Таа на прес-конференцијата истакна дека станува збор за уметничла инсталација која успеала да соедини многу млади луѓе, уметници, архитекти кои на скулптури ги поставуваат своите пораки и размисли за тоа што за нив значи слободата. Проектот којшто го започнала во 2015 година во Сарњево, треба да гостува низ градови во 36 земји во светот, а ќе биде заокружен со негова презентација во Њујорк во 2020 година. - Задоволна сум што светската турнеја многу добро поминува. На илјадните скулпури што сега ги имаме има пораки од луѓе за тоа што точно тие скулптури им значат. Во Скопје ќе разговарам со учениците во неколку средни училишта во Скопје што значи слободата за нив, ќе ги соберам нивните пораки, а потоа ќе ги поставам на мини-скулптури во Скопје и ќе ги понесам на гостувањата низ 30 градови и земји во Европа, Азија, Латинска Америка и Австралија. Сите тие ќе бидат презентирани во 2020 година во Њујорк, на тој начин децата од сите тие различни земји ќе бидат симболично заедно и ќе го пребесеме нивниот глас пред светот. Ве повикувам да ја погледнете инсталацијата, но и да ја доживете и ги споделите своите размисли за слободата со нас, рече Селесковиќ. Вториот ден на Скопско лето ќе биде во знакот на словенечката култура и уметност со која ќе бидат одбележани Денот на државноста на Словенија и 25 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Словенија. Како што информира словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец, програмата ќе содржи изложба на словенечката стрип-сцена со дела од седум истакнати словенечки стрип-автори која вклучува втемелени автори, но и дела од младата генерација, а концерт ќе одржи и култниот словенечки рок кантавтор Зоран Предин со неговиот бенд во подмладен состав „Лачни Франц“. - За две години Скопско лето и Зоран Предин ќе слават јубилеј 40 години од своето делување. Предин со својата музика и делување отвораше простор за критика на поранешната држава и го навести нејзиниот распад, приватизацијата..., рече Јазбег. Програмата на овогодинешното Скопско лето ќе се одвива на 18 локации и простори во Скопје, како што се театри, ликовни галерии, музеи, Старата скопска чаршија, Сули ан, централното гардско подрачје кои во летниот период се претвораат во летни сцени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудот му нанесе уште еден удар на Трамп- блокирана е изградбата на неговата Триумфална капија во Вашингтон Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон.Федералната судијка на САД, Тања Чуткан, издаде привремена забрана за изградба на Триумфалната капија на претседателот Доналд Трамп во областа на Вашингтон, кратко откако комисија за планирање предводена од членови на Комисијата за планирање на Трамп ја одобри нејзината изградба. Привремената забрана ѝ забранува на администрацијата да „започне, изврши или на друг начин да изврши каква било изградба, ископ или други чекори“ во проектот Триумфална капија во период од 14 дена, објави NBC News. Наредбата на судијата дојде еден час откако Националната комисија за планирање на капиталот го одобри огромниот и контроверзен проект за лакови, кој ќе биде сместен во Меморијалниот круг помеѓу Споменикот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон. Дистриктот Колумбија и американската држава Вирџинија поднесоа тужба со која бараат привремена забрана за Триумфалната капија. Демократскиот конгресмен Дон Бејер од Вирџинија ја поздрави пресудата и го обвини Трамп дека се обидува да ги заобиколи законските пречки. „Оваа борба не е завршена. Иако оваа одлука го спречува Доналд Трамп веднаш да ги спроведе своите планови за создавање споменик на неговото его, судовите и Конгресот мора да воспостават трајни заштитни мерки за да ја спречат администрацијата на Трамп да го прекрши законот и да продолжи со овој проект“, се вели во соопштението на Баер. Trump Launches Triumphal Arch Website Right As Judge Blocks Construction The president's latest vanity project is already on the ropes https://t.co/r52s2AmK5H — Rolling Stone (@RollingStone) November 6, 2026 Администрацијата на Трамп ја пофали одлуката на комисијата да ја одобри Триумфалната капија и ја критикуваше пресудата со која беше блокирана. „Белата куќа ја поздравува одлуката на Националната комисија за планирање на капиталот целосно да ја одобри историската визија на претседателот Трамп за многу потребната Триумфална капија во Вашингтон. Активистичкиот Окружен суд потоа го блокираше проектот“, изјави портпаролот на Белата куќа, Дејвис Ингл, во соопштението на платформата X. Тој рече дека администрацијата е уверена дека барањата за Триумфалната капија ќе бидат „целосно оправдани додека продолжува овој судски спор“.Тагови: Доналд Трамп Триумфална капија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина. „Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина. „Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар. 🙏🏼 https://t.co/d0UoELOmye — Kristaps Porzingis (@kporzee) November 6, 2026 Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона. Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни. Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс. Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс. За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка. Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
СветИран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот? Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП. Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри. Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“. И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република. Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.Тагови: Иран балистички проектили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook