Турски државјанин осуден на 53 доживотни затворски казни

Судот во Турција го осуди Јусуф Назик на 53 доживотни затворски казни поради помагање во организирањето на нападите во кои во мај 2013 година, во градот Рејханли на југот на Турција загинаа повеќе од 50 лица, јавуваат локалните медиуми.

Новинската агенција DHA пишува дека судот во Анкара го осудик Назик на 53 доживотни затворски казни, од кои секоја за една жртви и уште една поради “уништувањето на државното единство и интегритет“.

Лицата кои се осудени на потешки казни соочени со тешки услови во затворите откако смртната казна беше заменета со потешки затворски казни, јавува „АФП“:

Турскиот државјанин Назик во септември беше уапсен од страна на турските разузнавачки служби во сирискиот град Латакија, силно упориште на претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Турција, која им помага на сириските бунтовници во граѓанската војна против провладините сили, ја обвини сириската влада дека е одговорна за нападот, што властите во Дамаск го негирале, потсетува либанскиот весник “Дејли стар“.

Државната новинска агенција „Анадолија“ објави видео снимка во време на апсењето на која Назик, наводно, ја признава одговорноста и тврди дека зад нападот стои владата во Дамаск.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер