Турската демократска партија излегува од „Европскиот фронт“ - Канал 5

Турската демократска партија излегува од „Европскиот фронт“

Се ситни Европскиот фронт на Али Ахмети пред локалните избори. 

Турската демократска партија излегува од „Европскиот фронт“

Турската демократска партија одлучила самостојно да настапи на претстојните избори, со свои советнички листи и кандидат за градоначалници. Претседателот на Турската демократска партија, Зулфиќар Зејнула, претходно во интервју откри дека соработката со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ завршила, изразувајќи загриженост од сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.

Денеска, тој не беше достапен за коментар за ваквата одлука. Но, потврда за заминувањето на ТДП добивме од потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми. Според него нема зовриени страсти во коалицијата, туку станува збор за партиска одлука за самостоен настап на локалните што тие ќе ја почитуваат.

-Сме известени дека сакаат да продолжат со нивната пракса да настапуваат самостојно на локални избори и ние ја почитувани нивната одлука. И порано така било, и ако биле во коалиција со некоја друга партија на локални избори самостојно настапувале.Тоа значи дека тие не се дел од Европскиот фронт и оваа широка коалиција на овие локални избори. Но тоа не значи дека ние немаме комуникација и контакти со турската заедница и турските политички претставници, изјави Адеми.

По ваквата одлука останува да се види како ќе делува пратеникот на ТДП, Бејџан Илијаз, кој сè уште делува како дел од пратеничката група на Европски фронт. Лани „Фронтот“ предводен од ДУИ го напушти и ДПА на Мендух Тачи.

Во меѓувреме, собранискиот спикер Африм Гаши се очекува да ги распише локалните избори до крајот на неделава, на 8-ми или 9-ти август, потврдија од Собранието.

Партиите се во финална фаза со изборот на кандидатите и советничките листи. Повеќето од кандидатите на владејачките партии и опозицијата се веќе познати. Останува да се види каков ќе биде договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ за општина Центар, како и со кој кандидат ВМРО-ДПМНЕ ќе излезат за Кичево, кој ќе треба да му се спротивстави на актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари кого интегративците вчера го избраа да бори за нов мандат.

Се уште останува отворено прашањето и со учеството на независните кандидати за локалните избори откако настана правен вакуум со прагот за собирање потписи. Дел од нив веќе почнаа да собираат 1.000 потписи потребни за формирање партии. Една посебна партија ќе биде „Зелен хуман град“, додека заедничка партија ќе формираат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“. Партијата ќе се вика „Независни заедно“ и како што велат, тоа е единствен начин да учествуваат на изборите и гласот на граѓаните да биде слушнат во општините.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во работните активности за обнова на жичарата на Водно.

Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед

- Жичарата е едно од омилените скопски доживувања. Таа нѐ носи поблиску до природата и до глетката што секогаш нѐ потсетува колку е убав нашиот град. Но, при увид, беа констатирани сериозни недостатоци, последица на долгогодишното неспроведување на неопходните големи сервиси и редовното одржување од страна на претходните раководства. Беше потребен обемен и темелен зафат, занемаруван речиси една деценија. Затоа жичарата беше ставена вон функција. За мене, безбедноста на нашиот народ е пред сѐ. Тука нема компромис. Сега сме посветени на нејзината целосна реконструкција. За безбедно возење, сигурна работа и спокојство за секој посетител – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека во тек се зафатите за обнова на жичарата и темелна реконструкција на кабините, а се очекува да пристигне и моторот кој е испратен на репарирање надвор од државава.

- Очекуваме за многу кратко време, веќе следниот месец, по завршувањето на работите и неопходните безбедносни проверки, жичарата повторно да ги пречека скопјани и гостите на нашиот град. Го обновуваме она што со години било запоставувано. Со одговорност, со работа и со дела. Го враќаме сјајот на Скопје рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

Максим Димитриевски во „Само Интервју”

Правосудниот систем -тригер за владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ или секое чудо за три дена? Кој и зошто прави хистерија, важат ли во оваа држава законите еднакво за сите?

ЕУ челниците не’ упатуваат решение за деблокада на процесите да бараме преку Софија, како до брз излез од ќор-сокакот со Бугарија, или ќе чекаме подобри времиња?

Кој со какви очила го гледа европскиот извештај? Прави ли Владата доволно за подобрување на животниот стандард?

Може ли растечките тензии во Европа да се прелеат и во регионот?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Научниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината

Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA).

Научниците од Германија, САД и Канада работат заедно за да направат стакленици за зеленчук на Месечината

Германскиот вселенски центар (DLR) објави дека развива проект за стаклена градина за одгледување зеленчук на Месечината во соработка со американската вселенска агенција (NASA) и канадската вселенска агенција (CSA), кој треба да обезбеди свежа храна за астронаутите за време на долгите мисии во иднина.

Проектот, наречен „Лунарен земјоделски модул - демонстратор за тестирање на земја“ (LAM-GTD), има за цел да развие контролиран систем за одгледување растенија во услови без атмосфера погодна за живеење, плодна почва и лесно достапна вода, со големи температурни флуктуации и изложеност на космичко зрачење, објавува Euronews.

Планирано е стаклена градина да биде поврзана со симулираниот животен и работен простор на астронаутите, за да можат истражувачите да ги испитаат можностите за меѓусебно снабдување и функционирање на двата система.

Првиот демонстративен модел ќе биде изграден на Земјата, а трите партнерски институции треба да одлучат за неговата евентуална изградба на Месечината најдоцна до 2032 година.

NASA веќе спроведе бројни експерименти за одгледување растенија на Меѓународната вселенска станица (ISS), каде што, меѓу другото, се одгледуваат зелена салата, кинеска зелка и чили пиперки. Новиот проект е чекор кон развој на поголеми и посложени системи што би можеле да обезбедат храна за цели екипи.

Германскиот центар DLR го носи во проектот искуството стекнато преку претходниот проект EDEN ISS, во чии рамки на Антарктикот работеше специјално дизајнирана стаклена градина од 2018 до 2023 година.

Во екстремни услови, без почва и природна сончева светлина, со помош на LED осветлување, хранливи раствори и систем за наводнување, истражувачите произведоа околу еден тон свеж зеленчук, вклучувајќи зелена салата, домати, краставици, ротквици и јагоди.

Истражувачите истакнуваат дека технологиите развиени за одгледување храна на Месечината би можеле да имаат примена и на Земјата, особено во сушните области и регионите со ограничени резерви на вода. Контролираните системи за одгледување би можеле да овозможат поефикасно користење на водата, енергијата и просторот, како и да ја намалат употребата на пестициди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер