3Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
КошаркаТурнири во Каунас и Валеснија како „загревање“ пред стартот на кошаркарската ЕвролигатаКошаркарската Евролига по долгата пауза поради пандемијата од корона се турнири во Каунас и Валеснија ја најавува новата сезона. Со организација на претсезонски турнири на кои ќе настапат некои од најдобрите клубови во најелитното натпреварување, Евролигата најавува дека најсилното европско кошаркарско првенство се враќа во погон. Првиот настан ќе биде во „Жалгирио“ Арената во Каунас. На турнирот во Литванија, планиран да се одржи на 12. и на 13. септември, ќе учествуваат екипите на Армани од Милано, Панатинаикос, Анадолу Ефес, и домаќинот Жалгирис. Потоа, вниманието на евролигашката јавност се сели во „Ла Фонтета“ во Валенсија, каде на 15. и 16. септември ќе играат екипите на Баерн од Минхен, Олимпијакос, Асвел и Валенсија, во улога на домаќин на овој собир. „Знаеме колку пропуштија нашите посветени навивачи на Евролигата. Можам да ги уверам сите дека Евролигата не заборава на нив“- порачува претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу. „Со овие претсезонски натпревари не само што дава една таква можност, туку на играчите, персоналот, тимовите и нас како лига ќе ни даде шанса да се подготвиме колку што е потребно за официјалните игри во октомври. Со овие два турнири сите победуваат“. На двата турнири ќе се игра по оној вообичаен турнирски систем. Два полуфинални натпревари, по кои наредниот ден. победниците ќе играат за трофејот, а поразените за третото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСветски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
МакедонијаБугарија потврди дека нема да ја испорача Михаилова во МакедонијаБугарската полиција има сознанија како Ива Михаилова ја напуштила Македонија и влегла во Бугарија, но во моментов не ги открива. Шефот на бугарската гранична полиција Антон Златанов во интервју за бугарските медиуми кажа дека во интерес на истрагата повеќе детали не соопштува околу тоа од кој граничен премин Михаилова поминала, но беше категоричен дека не е извршен никаков прекршок од страна на бугарските гранични власти. -Јас имам сознанија како за тоа како Ива Михаилова стигнала во Бугарија. Не можам да коментирам моментално. Можам да ве уверам дека нема никаков прекршок кај бугарските гранични премини во врска со тој случај. Ние веќе пративме официјален одговор до македонските власти дека запис во системот за гранична контрола низ бугарско-македонските гранични премини нема, изјави Антон Златанов за Нова.бг. Неколку дена по соопштението од бугарското министерство за внатрешни работи во кое тие цитирајќи делови од уставот и европските конвенции навестија дека нема да и ја предадат Михаилова на Македонија, директна потврда стигна и од првиот човек на бугарската полиција Иван Демерџеив во поткаст интервју кој со провокативна изјава, случајно или не, македонските власти ги нарече „српски“ и беше дециден дека Бугарија нема да ја екстрадира Михаилова. -Ива Михаилова не е барана од нас. Нашата дирекција за меѓународно оперативна соработка го доби барањето таа да биде екстрадирана, но одговорот е негативен. Ниту ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е бугарска државјанка, така што ние ги применивме соодветните процедури и закони и ниту ја баравме, ниту ќе ја предадеме. -Случајно ли кажавте „српските власти“ или беше грешка? Беше грешка, но ќе кажам дека и не е толку голема грешка.- Иван Демерџиев - бугарски министер за внатрешни работи По изјавата на бугарскиот министер за внатрешни работи, дел од аналитичарите не очекуваат од бугарските власти брза разрешница на овој случај. Според Марко Трошановски јасно е дека Бугарија не планира да ја екстрадира Михаилова, а преземањето на случајот од бугарските институции и нејзиното третирање како невина личност и жртва на политички прогон според него сериозно ја нарушува меѓусебната доверба, иако смета дека Македонија не смее да се откаже од намерата за дијалог. -Мислам дека беше сериозен удар овој случај врз обидите за возобновување на довербата меѓу двете земји. Свечениот официјален пречек на осомничена личност во Македонија мислам дека сериозно ги подгрева обидите за градење на доверба. Не очекувам дека ќе има разрешница во смисла за екстрадиција. Од страна на Бугарија и особено денешната изјава на министерот за внатрешни работи мислам дека нема намера овој случај да претставува на градење на доверба доколку се случи екстрадиција, изјави Трошановски. Сепак, македонската Влада нема намера да се откаже од барањето одговорност за случајот со Ива Михаилова. Оттаму изјавија дека дека Македонија располага со механизми преку кои случајот може да биде поставен пред меѓународните партнери, а околностите околу нејзиното заминување, како и случајот со бегството на нејзиниот татко ќе бидат презентирани пред партнерите во НАТО и ЕУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРепортажа од предизборна Брвеница: Симбол за соживот и прибежиште за жителите од урбаните средини Сместена во Полошката котлина, во непосредна близина на Тетово, Брвеница за дел од граѓаните значи место за мирен и едноставен живот, подалеку од градскиот метеж. Иако во земјава, луѓето се почесто од помалите места мигрираат во градовите, во потрага по подобри можности, жителите на Брвеница раскажуваат за обратен тренд -луѓе кои од градот ги продаваат своите станови и се преселуваат токму овде, каде велат имаат поквалитетен живот, повеќе простор, почиста средина и можност да живеат поблиску до природата. - Точно е тоа дека од градот доаѓаат тука и ова сега не е село е урбана населба. – Зошто е тоа така? Блискоста до градот, урбанизираноста, младите жители и културно забавниот живот, спортскиот живот и така натаму. - Еве јас сум во Тетово, јас сум живеел во Тетово пред судот. И дојден сум овде сум скоро 24 години седиме овде. Што ве натера да се преселите овде? Помирно е да ви кажам почисто и се тоа. - И поблизу што е до Тетово. Таму го продаваат станчето, ќе земат овде 500 квадрати место ќе посее пипер, патлиџан нешто и тоа. Со десет населени места и жители од различни етнички заедници, Општина Брвеница важи за средина во која соживотот е важен дел од секојдневието. Според Пописот од 2021 година, во општината живеат 54% Албанци и 41% Македонци. Покрај мирниот начин на живот, ваквата мултиетничка средина, соживотот и меѓусебното почитување се меѓу темите за кои зборуваат жителите, очекувајќи тие да бидат сочувани и негувани и за идните генерации. - Јас потекнувам од с,Челопек од мешана населба. Имаме добар соживот почитување и разбирање - Добар соживот има, добро е се многу убава е Брвеница. Има од повеќе места дојдени од ваму таму, народот живее и со албанците живееме добро. Пред Камерата на Канал 5 жителите на Брвеница ги кажаа и другите очекувања од новиот градоначалник. - Нека си продолжи да си ја тера својата работа. Брвеница и поголемиот дел од населените места мислам дека се завршени работите околу комуналија, водовод, канализација, асвалтирање на патишта, меѓутоа секогаш има недовршени работи па нека си продолжи таму каде што има потреба. - Што треба? Се треба да направи треба да се докаже ако сака и понатаму после да турка ако не ништо. Уште една градинка треба во село и готово. За градоначалничката функција на предвремените локални избори се натпреваруваат шест кандидати, четворица предложени од политички коалиции и двајца независни кандидати. - Во очи на утрешните локални избори овде во Брвеница, изборниот процес почна денеска. 88 болни и изнемоштени лица денеска го остваруваат своето право на глас. На потег утре се останатите гласачи, кои се очекува да излезат да го дадат своето право на глас а со тоа да одлучат кој ќе раководи со нивната општина. Од Општинската изборна комисија информираат дека гласањето на болните и изнемоштените лица се одвива во согласност со утврдените изборни процедури. -Процесот започна навремено, денеска ги подигнавме и материјалите и во состав на нашата изборна единица ќе одиме кај болните и изнемоштени лица. Процесот очекуваме да тече мирно и се во најдобар ред да биде. - Снежана Анѓелковска – општинска изборна комисија о.Брвеница Според податоците на Државната изборна комисија, во Избирачкиот список за Општина Брвеница се запишани вкупно 16.256 избирачи, а гласањето утре ќе се одвива на 24 избирачки места. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкција за решавање на проблемот со питачењето во центарот на СкопјеДосега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца.-Ние сме инспектори за малолетници, тука сме заради децата. Тука и Центарот за социјални работи, Министерството за труд и социјална политика, ќе мора да дојдете со нас! Вака, тим од социјални работници и полициски службеници ги пресретнуваат питачите низ Скопје, ги земаат и возрасните и децата, ги идендификуваат и започнува постапката. Прво, во полициска станица или за децата преглед во болница, а потоа се „чешла“ документацијата за да се утврди дали затекнатите питачи имаат примања или некој вид на помош од државата. Досега во период од околу три недели кога акцијата и започна, на улица се затекнати 28 деца. -Дали користите социјална помош? Сега пуштив, да. За што? За социјална помош. И Ви одобрија? Да. Колку деца имате? Седум. Ова е седмото дете. Да. Каде се другите деца? Дома ми се. Акцијата деновиве се спроведува во и околу старата скопска чаршија, Дебар маало, и центарот на метрополата....освен на крстосниците, додека тимот се движи, се застанува и низ тротоарите. Кој и да е затекнат со пружена рака како проси, се проверува. -Не смеете на јавна површина да просите. Застанав само таблети да пијам. Господине, Ве молам лична карта. Иако полициските службеници во цивилна облека правеа обиколки за да утврдат дали станува збор за питачи или не, некои од оние што денеска беа забележани дека питачат ги убедуваа полицајците и инспекторите дека седеле на картон зошто им се вртело во главата. -Ми се вртеше, да се напијам апче. Пензионерот што беше затекнат на Бит пазар со возило од Центарот за социјална работа заедно со придружба беше однесен во полициска станица. -Невладините организации за заштита на правата на децата, а и Народниот правобранител со години алармираат дека државата мора да има функционален систем за помош на децата на улица. Овој пат, за разлика од минатото, надлежните велат дека токму таков имаат. Децата што ќе бидат отстранети од улица прво се носат во болница, за да им се обезбеди детален преглед, а во меѓувреме се лоцираат родителите, кои добиваат опомена и влегуваат во записник кој нотира злоупотреби на деца. Доколку истото дете два пати биде фатено како питачи, се одзема родителсткото право, односно тоа се носи во центар за деца или згрижувачко семејство. Надлежните уверуваат дека ова нема да биде само еднократна акција, туку ќе стане рутинска пракса, со цел ниту едно дете да не остане на улица, а сите да бидат вклучени во воспитно-образовниот процес за да научат дека можат да имаат поинаков живот од оној што им го пружа улицата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook