Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
1Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
2Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
3Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаТуркаљ: Една од најважните работи за стекнување независност во судството е политички консензус Една од најважните работи за стекнување независност во судството е политички консензус. Сите проблеми што постојат, треба да се решат заедно, потенцираше денеска правниот експерт за Западен Балкан, Кристијан Туркаљ, кој беше главен преговарач во преговарачкиот тим на Хрватска за Поглавје 23 – Правосудство и основни права. Тој денеска во своето обраќање за време на единаесетта сесија на Работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23), на тема „Улогата на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во стекнувањето независност и интегритет во судството“, објасни дека извршната власт не може да спроведе голема правосудска реформа за корупција додека нема поддршка и од самиот правен сектор. -Дури оваа година Хрватска ги доживеа сите привилегии за членството на ЕУ, како што е слободно патување, бенефициите на шенген зоната, но и она што и беше најважно на Хрватска, а тоа е помошта што ја добија од ЕУ за време на пандемијата, потенцираше Туркаљ. Една од најважните работи, според Туркаљ, е политичкиот консензус. Сите проблеми кои треба да се решат, треба да се решат заедно, и затоа консензусот е најважен. -Во поглавјето 23 не постојат доволно регулативи, туку акцент се става на вредностите. Ова поглавје е тешко, затоа што нема кој да каже дали сме ги достигнале вредностите што се очекуваат од нас, вели хрватскиот експерт, бидејќи како што е познато и во јавноста, додека не се отвори првиот фундаментален кластер, не може да се отвараат другите, односно овој кластер се отвара прв, а се затвора последен, затоа што прогресот што ќе се постигне со првиот кластер ќе го предетерминира начинот и брзината на кои ќе се одвиваат и преговорите, додаде Туркаљ. Според хрватското искуство, како што напомена, во преговарачката рамка постои хоризонтално прашање кое се провлекува во сите преговори, односно темата за корупција, која е присутна во сите поглавја. Тој посочи дека фондовите на ЕУ можат да се замрзнат ако нема напредок во преговарањето. -За да знаеме како да и помогнеме на Македонија треба да ја отфрлиме погрешната мисла дека само Комисијата преговара, туку дека треба да дискутираат сите засегнати страни. Надворешните фактори кои можат да и пречат на Македонија се воените фактори од Украина, но сепак можеме да препознаеме дали тоа има позитивно или негативно влијание над нашите преговори. Ако судството не сака искрено да ги избира најдобрите професионалци, тогаш тие нема да ги изберат. Затоа, треба искрено да видиме колку е важно во Македонија добро да се селектираат судиите. Фрустрацијата е голема кога некој од 150-то место на листата ќе ги прескокне другите 150 професионалци за да добие работно место што не го заслужува, заклучи Туркаљ. Домаќин на денешната сесија беше Националната конвенција за Европската Унија во Македонија, и е организирана од Европското движење. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска ТрајчевскиМинистерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија. Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови. На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter