Туристичкиот потенцијал на нуркањето огромен, но многу малку искористен - Канал 5

Туристичкиот потенцијал на нуркањето огромен, но многу малку искористен

- Нуркањето бара дисциплина, подготвеност, голема инвестиција во обуки, опрема, тренинзи и постојани усовршувања и надградувања.

Туристичкиот потенцијал на нуркањето огромен, но многу малку искористен

Тоа е специфичен спорт, кој бара откажување од многу задоволства и е начин на живот кај љубителите на подводните авантури. Овој уникатен спорт е одлична можност за промоција на државата и привлекување туристи, кој треба да е дел од севкупната туристичка понуда.

Уникатните нуркачки доживувања, Клубот за подводни дејности Охрид, 40 години ги споделува со своите членови, но и со сите добронамерници кои пројавуваат желба да уживаат во длабочините на езерото и да ја запознаат богатата флора и фауна во бистрите води на Охридското Езеро. Цели 40 години се грижат за езерото што покажуваат многубројните еколошки акции кои резултираат со огромни количини цврст отпад извадени од езерското дно, што се последица на човечката несовесност.

Нуркањето дел од туристичката понуда

Охридското Езеро со својата убавина и карактеристичен подводен свет е своевидна атракција за привлекување туристи. Најинтересен за нуркање е делот од Градиште до Љубаништа, каде подводната убавина посебно плени. Нема многу капачи и сообраќај, има риби, алги, полжави, сунѓери, има што да се види во езерото. Но и покрај својата посебност, недоволно е застапено во туристичката понуда за Охрид и за Македонија.

Нуркањето, според Емил Јовановиќ од Клубот за подводни дејности Охрид, е еден од битните фактори за развој на туризам. Смета дека полека, но сигурно го зазема своето место и туристите имаат можност да видат што се нуди Охридското Езеро и да уживаат во неговата уникатност.

- Во сите големи туристички центри нуркањето зазема едно од првите места во понудата на хотелите и туристичките водичи. Охридското Езеро е уникатно и единствено. Ова што го имаме ние го нема никаде во светот, ендемични риби, сунѓери, полжави..., кои неможе да се видат на друго место во светот, вели Јовановиќ.

Смета дека е потребна поголема промоција на езерото и она што е во езерото, иако во овие 20-тина години било постигнато многу. Во понудите за Охрид постојано се вртат слики од Охридското Езеро и неговото дно.

- Нуркањето станува се подостапно за туристите во Охрид. Доволно е да имаат мало познавање и ќе можат да ги видат подводните убавини на Охридското Езеро. За сертифицираните нуркачи уживањето може да биде поголемо и да нуркаат подлабоко. Најинтересен за нуркање е делот од Градиште до Љубаништа. Нема многу капачи и сообраќај, теренот е карпест, има риби, алги, полжави, сунѓери. Има навистина што да се види на езерското дно, тврди Јовановиќ.

Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот, забележува Слободанка Јакимовска од Спелео нуркачкиот клуб „Врело“. Пештерата Врело, која е една од најдлабоките во Европа, нагласува, ја посетуваат нуркачи од Русија, Полска, Чешка, Шпанија, Мексико...

- Дефинитивно го имаме Охрид, бисерот на Македонија. Ја има и пештерата Врело, но Охрид си има свои убавини дури и почетници во нуркањето можат да ги видат убавините на езерото под вода, што поинаку се доживува, вели Јакимовска.

И претседателот на Клубот за подводни дејности Охрид, Горан Балевски, нагласува дека државата има огромен туристички потенцијал со нуркањето.

- Огромен е туристичкиот потенцијал на нуркањето. Само 30 до 40 отсто ни е искористен нуркачкиот туристички потенцијал. Државата и градот треба да учествуваат во промоцијата и афирмацијата. Ние сме спремни да носиме туристи и други нуркачи во секое време, вели Балевски.

Извадениот отпад од езерското дно резултат на човечката свест

Убавините што ги создала природата и она што го нуди Охридското Езеро честопати се засенуваат со несовесноста на граѓаните. Тоа го покажуваат честите подводни еко акции за чистење на езерското дно во кои се вадат тони цврст отпад, пластики, стакло, па дури и покуќнина, шпорети, болјери, автомобилски гуми...

- Состојбата секоја година е се поалармантна. Се повеќе и повеќе отпад има. Се трудиме колку што можеме, но свеста кај луѓето не се менува, забележува Јовановиќ.

Покрај грижата за дното на Охридското Езеро, членовите на Клубот за подводни дејности Охрид, биле дел и од подводни акции низ цела држава за деминирање, вадење давеници, обуки, но и надвор од државата.

- Прв таргет ни се еколошките акции. Езерото е премногу загадено. Посебно не разочарува на местата кај што сметаме дека е најчисто, е доста загадено. Тоа е потегот од Пештани до Свети Наум, кај најубавите плажи. Тој потег последниве години и најмногу го чистиме. Клубот е препознатлив по еколошките акции, покрај во Охридското Езеро реализираме и во другите езера низ Македонија, Дојранско, Преспанско, Мавровско Езеро, вели Балевски.

Еколошки акции се реализираат и покрај кањонот Матка, каде фреквенцијата од посетители е голема, а еколошката свест ниска.

Адреналинско уживање во пештерата Врело

Чувството да се нурка во пештера, за Јакимовска е посебно, а најубаво и е на Матка, во Врело.

- Сите гости што дошле до сега да ја посетат пештерата на Матка се воодушевени. Не наишле на таква убавина, бидејќи отвара огромен простор со преубави ѕидови, преубави карпи, има и сталактити и сталагмити. Сите пештери се на свој начин убави, посебно оние во Мексико, меѓутоа Врело е со слатка вода, извор кој доаѓа од многу длабоко и си има своја убавина. Дополнително е многу пригодна за луѓе кои сакаат да почнат со пештерско нуркање и да дојдат тука да се обучуваат за пештерско нуркање, просторот и длабочината го дозволуваат тоа, истакнува Јакимовска.

Нуркањето начин на живот

За специфичноста на Клубот, кој 40 години се грижи за Охридското Езеро, со многубројните еко акции, подводното чистење на отпадот и подигнувањето на свеста кај населението да го чуваме она што ни го дала природата ни раскажа претседателот Балевски.

- Ние сме едно специфично здружение кое 40 години го чува Охридското Езеро, но и водните пространства низ Македонија со свои сопствени средства, со свој напор. Нуркањето не е некој популарен спорт, но е спорт кој е начин на живот. Ако малку се подружите со сите нуркачи ќе забележите дека сме како едно семејство. Во нуркањето се дели еден медиум, кој во ниеден спорт го нема, односно делите воздух и затоа мора да се има перфектно доверба во другите нуркачи, вели Балевски.

Нуркањето, според него, е специфичен спорт и бара откажување од многу работи.

- Немаме преголем интерес од младите за нуркање. Нуркањето е доста специфичен спорт и бара откажување од многу работи. Мора да се помине обука, да се заборават некои навики како пушењето, излегувањето до доцна навечер, за наутро да се биде спремен за нуркање. Опремата е доста скапа. Иако кај нас во клубот целата логистика е бесплатна, сепак опремата е на трошок на нуркачот. Цел на клубот е да имаме квалитетни нуркачи, нагласува Балевски.

Хипербаричната медицина и нуркањето „брат и сестра“

Балевски, кој по професија е хирург, вели дека нема спорт кој е толку врзан со медицината. Според него, хипербаричната медицина и нуркањето се како „брат и сестра“.

- Хипербаричната медицина значи лекување со кислород над еден бар. Секаде каде не може да помине кислородот на нормален притисок поминува со зголемување на притисокот над еден бар во посебни садови, кои се викаат хипербарични комори. Хипербаричната комора лекува преку 250 болести. Доста од нуркачите знаат перфектно што е кислород и брза помош. Многу ми помогнаа во пандемијата со Ковид. Нуркачите знаеа пет пати повеќе за кислородот од лекарите кои работеа во Ковид центрите, појаснува Балевски.

Водороден нуркач, единствен во Македонија, реткост во светот

Нуркањето со водород е реткост во светски рамки, поради ризикот што го носи. Неколкумина во светот се обиделе да го користат водородот во нуркањето, но не го преживеале подвигот. Но, Македонија го има единствениот водороден нуркач Љубомир Глигоров, кој со таа ризична авантура се забавува низ годините.

- Генерално таа идеја и не е многу прифатена, поради тоа што водородот е запаллив и експлозивен гас. Од таа причина при полнење на боците постои огромен ризик да дојде до експлозија, доколку не се почитуваат процедурите, а едноставно процедури не постојат. На почетокот креирав постапки за полнење боци со водород, додавање кислород, односно правење хипотична смеса, која содржи само четири проценти кислород. И во тие услови водородот не е екслпозивен, ниту запаллив. Проблемот кај оваа смеса е што може да се користи исклучиво од 40 до 300 метри метри длабочина. За разлика од хелиумската смеса, во оваа смеса има наркотичен потенцијал, но со додавање хелиум можно е да се нурка на огромни длабочини и да не дојде до наркоза, појаснува Глигоров.

Според него, има голема разлика меѓу нуркањето со хелиум и со водород, нагласувајќи дека при креирањето на водородот имал многу проблеми.

- Во еден момент се случуваше плуќата да ми гори, но со тек на време го избалансирав гасот и го направив многу покомактибилен со водородната смеса. Го користам редовно и според записите што сум ги прочитал со толкав број на нуркања сум единствен во светот, истакнува Глигоров.

Нуркачите од земјава изминатиот викенд имаа можност да ги споделат своите искуства и знаења на третиот нуркачки конгрес на кој беше одбележан јубилејот 40 години постоење на Клубот за подводни дејности Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Мустафа Болат (29) извадил пиштол од 9 мм и отворил оган врз Али Унлу во продавница во Вуд Грин, северен Лондон, по расправија со семејството на жртвата.

Упад на маскиран разбојник во продавница- пукал три пати кон маж, а тогаш настанал пресврт (ВИДЕО)

Еден од истрелите бил испукан само неколку сантиметри од главата на Унлу, но неверојатно, сите три куршуми ја промашиле жртвата.

Инцидентот е снимен со безбедносните камери на продавницата. Снимката го покажува Унлу како се врти непосредно пред разбојникот да отвори оган.

Потоа жртвата возвраќа и почнува да се бори со напаѓачот. Двајцата се туркаат и влечат еден со друг сè додека не паднат врз фрижидер со пијалоци, испраќајќи корпи со овошје што летаат во сите правци, објавува Дејли Меил.

Болат бил уапсен и обвинет за обид за убиство, но поротата го ослободила од обвинението откако тврдел дека „само се обидувал да ја исплаши“ жртвата. Тој бил ослободен и од обвинението за поседување огнено оружје и муниција со намера да се загрози животот.

Болат му рекол на судот дека не сфатил дека оружјето што го држел е „вистинска смртоносна машина за убивање“. Тој исто така тврдеше дека снимките од безбедносните камери покажуваат дека претходно имал можност да го убие Унлу и дека тоа не му била намера.

Тој се изјасни за виновен за поседување огнено оружје со намера да предизвика страв од насилство и беше осуден на затворска казна во Олд Бејли во Лондон во петок, 6 ноември.

Снимките од безбедносните камери, прикажани за време на судењето, го покажуваат Болат како влегува во продавницата во март и испука три истрели, пред Унлу да го фати и да го турне кон полиците на фрижидерот.

„Болат станува и го насочува пиштолот кон Унлу, кој инстинктивно ја подава десната рака и ја крева левата рака на Болат, која го држи пиштолот. Двајцата продолжуваат да се борат, паѓаат на ладилник, а потоа се движат кон дното на екранот“, рече обвинителот Николас Александар.

Потоа напаѓачот е виден како мирно ја напушта продавницата, додека жртвата фрла шише во негов правец.

Александар додаде: „Како што можете да замислите, имало голем број повици на 999 од луѓе кои пријавиле пукање во продавницата WG Express“.

Болат, кој живее во Тотенхем, ѝ рече на поротата: „Не сум чудовиште, не сум ангел. Правам грешки како и сите други. Бев глупав што извршив сериозно кривично дело. Не се обидувам да го минимизирам кривичното дело што го извршив, само сакам да бидам сигурен дека поротата знае дека не сум убиец.“

Напаѓачот имал претходна пресуда за тешка телесна повреда во врска со напад со нож на 14 јули 2017 година.

За време на вкрстеното испрашување на Болат, обвинителот рече: „Ова беше инцидент каде што возевте автомобил, а пред вас имаше друго возило. Во таа пригода имавте кујнски нож со вас.“

„Излеговте од вашиот автомобил, ја ставивте раката низ отворениот прозорец на автомобилот пред вас и замавнавте со ножот кон возачот на тој автомобил.“

„Возачот во таа пригода претрпе две повреди, на ногата и зглобот. Значи, вие сте лице способно да користи оружје.“

Болат беше уапсен додека возел автомобил, иако претходно му беше забрането да вози.

Со тоа, тој ги прекрши условите на 12-месечна условна казна изречена во период од две години за опасно возење и одбивање да даде примерок за тестирање за алкохол и дрога.

Во писмо до судијата, осудениот изрази каење и рече дека сега сака да води „законски живот“.

Судијата Сајмон Мајо го отфрли тврдењето на Болат дека не знаел дека пиштолот всушност е функционален.

„Уверен сум дека знаевте дека е вистинско огнено оружје“, рече судијата.

„Влеговте во продавницата, го репетиравте пиштолот и го насочивте кон г-дин Унлу. Следеше жестока борба за време на која од пиштолот беше испукано неколку пати. Последиците лесно можеа да бидат катастрофални. Фактот дека никој не беше убиен или сериозно повреден беше во голема мера прашање на случајност.“

„Намерно внесовте наполнето огнено оружје и беше очигледно дека некој може да биде убиен или сериозно повреден. Целта на внесувањето на тоа оружје во продавницата беше да се заплаши и да се предизвика страв.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)

Типичен работен ден во американската држава Мичиген се претвори во непријатно искуство за татко на четири деца, кој се обидуваше да ја заврши работата и да се врати кај своето семејство. 

Инфлуенсер понижувал сиромашен работник за да добие кликови- наместо да го понижи, добил 800.000 долари (ВИДЕО)

Додека редеше замрзнати пици во супермаркет, еден млад човек му се приближи со телефон и реши да се пошегува на социјалните мрежи.

Меѓутоа, она што требаше да биде уште едно вирално видео заврши на сосема неочекуван начин. Наместо да му се смеат на работникот, луѓето од целиот интернет застанаа на негова страна и започнаа кампања за собирање средства што надмина 760.000 долари.

Според „Американ Форчун“, работникот познат како Волт З. немал поим дека еден од најнепријатните моменти на работа ќе му донесе толку многу поддршка од странци.

„Мојот живот е веќе доволно тежок“

Сè започна кога младиот човек што го снимаше побара да му каже колку е часот.

Кога Волт го извади телефонот, непознатиот инфлуенсер го приближи својот уред до него и пушти звук што имитираше успешно плаќање преку системот Apple Pay. Потоа рече дека штотуку зел десет долари од него.

Всушност, не беа префрлени пари. Целта беше да се предизвика реакција од работникот и да се сними неговата збунетост или лутина.

На почетокот, Волт се обиде да ја прекине непријатната ситуација и да продолжи да работи. Сепак, младиот човек повторно му се приближи и овој пат рече дека му зел дваесет долари. Во тој момент, работникот го изгуби трпението.

- Мојот живот е доволно тежок. Немам време за вакви работи - рече тој, видливо вознемирен.

Објасни дека неговите деца веќе си легнале, дека требало да биде дома еден час порано и дека следниот ден има нов работен ден.

Морал да стане во пет часот наутро за да посети уште десет продавници.

И потоа изговорил реченица што особено ги погодила луѓето кои подоцна го гледале видеото.

- Веројатно заработувате пари од ова, а јас не можам ниту да ја платам хипотеката. Имам четири деца дома. Ова не е смешно! - рече работникот.

Интернетот одлучи да му помогне

Видеото брзо почна да се шири на социјалните мрежи, но јавната реакција не беше она што веројатно го очекувал шегаџијата.

Наместо да се исмева работникот, имаше гнев поради неговото понижување и излив на поддршка за човек кој отворено зборуваше за финансиските тешкотии на неговото семејство.

Еден од луѓето кои беа особено погодени од видеото беше Лук Оукеншилд, воен ветеран кого Волт никогаш порано не го запознал.

Тој одлучи да започне кампања GoFundMe на 27 октомври за да собере пари.

Реакцијата беше релативно скромен првиот ден, но ситуацијата се промени многу брзо.

До следниот ден беа собрани околу 5.500 долари, потоа износот надмина 100.000 долари, а до 30 октомври достигна половина милион долари.

Според податоците објавени од Fortune на 2 ноември, кампањата собра 761.514 долари преку донации и ветувања.

Меѓу донаторите беше и американскиот претприемач и политичар Вивек Рамасвами, кој придонесе 38.000 долари.

Човекот кој ја започна кампањата живее во својот автомобил

Постои уште еден необичен детаљ во целата приказна. Имено, човекот кој ја започна кампањата за помош на Волт, самиот се соочува со сериозни животни тешкотии.

Оукеншилд изјави дека нема постојан дом и живее во својот автомобил. И покрај ова, тој одлучил да му помогне на еден потполно непознат човек чија ситуација длабоко го погодила.

Тој објасни дека ја започнал кампањата затоа што добро знае што значи да се бориш со животните проблеми и дека не очекувал поддршката да достигне такви размери.

Откако дознал за неговите околности, еден пријател започнал посебна кампања за да му помогне и него.

Организаторот истакнал дека платформата GoFundMe го следи собирањето средства наменети за Волт, за да можат парите да стигнат до него.

Компанијата стои зад вработениот

За време на непријатната средба, Волт се плашел дека инцидентот може да му предизвика проблеми на работа.

Сепак, Schwan's, кој е сопственик на брендот за замрзната пица Red Baron, јавно го поддржал својот вработен.

Компанијата соопшти дека го контактирала за да провери како е и дека продолжува да го поддржува.

На социјалните мрежи беше објавена и порака, во која се наведува дека Волт сè уште работи за компанијата и има база на обожаватели, вклучувајќи ги и неговите работодавци.

Во меѓувреме, Инстаграм профилот од кој првично беше објавено видеото со шегата е избришан.

Приказна што допре до милиони

Fortune истакнува дека силната јавна реакција не е поврзана само со несоодветното однесување на авторот на видеото.

Ситуацијата на Волт им потсети на многу Американци на нивните сопствени финансиски проблеми.

Според анкетата на CNBC и SurveyMonkey од јули 2026 година, 63 проценти од Американците рекле дека живеат од плата до плата.

Во такви околности, приказната за човек кој работи со полно работно време, издржува четири деца и се бори да го отплати хипотеката предизвика големо сочувство.

Самиот Волт им се заблагодари на донаторите и рече дека поддршката што ја добиле тој и неговото семејство значи повеќе отколку што можат да изразат зборовите.

Тој исто така нагласи дека сака да ја зачува приватноста на своето семејство, поради што засега најчесто се држи подалеку од јавноста.

Приказната што започна со обид за понижување на еден работник, така, имаше сосема поинаков крај.

Наместо да стане предмет на потсмев на интернет, таткото на четири деца ја доби поддршката од илјадници странци, кои решија да му помогнат да ги надмине финансиските тешкотии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркети

Техеран ги отфрли обвинувањата од Париз дека стои зад неодамнешната серија сајбер напади врз фрижидерите на француските супермаркети. 

Иран ги отфрли обвинувањата за хакерски напади на фрижидери во 700 француски маркети

Иранското Министерство за надворешни работи ги нарече таквите тврдења неосновани и пристрасни и објави дека најостро ја осудува „истрошената политика на Франција за обвинување против Иран“, пишува Politico.

Францускиот министер за дигитална транзиција Жан-Ноел Баро вчера изјави дека Корпусот на гардата на Исламската револуција на Иран е одговорен за невидени сајбер напади врз неколку трговски ланци минатиот месец. Баро додаде дека Париз не исклучува никакви опции како одговор на нападите што погодија 700 локации за дистрибуција на храна.

„Ќе ги преземеме сите мерки што сметаме дека се соодветни и неопходни за да ги одвратиме идните напади и да ги казниме одговорните за оваа неприфатлива агресија, вклучително и оние што нема да ги објавиме во јавноста“, рече министерот.

Истрагата се фокусираше на Револуционерната гарда

Амбасадорот на Иран во Франција е повикан во Министерството за надворешни работи откако француските обвинители објавија дека отвораат истрага за хакирање. Според француските истражители, нападите ги извршила иранската сајбер единица Шахид Каве, која е поврзана со Револуционерната гарда.

Париското обвинителство соопшти дека истрагата ќе се фокусира на шефот на тоа одделение. Наведоа и дека поради сајбер нападот избувнале дваесетина пожари.

„Напаѓачите од далечина ја презедоа контролата врз опремата преку веб-интерфејсот и започнаа ненормални циклуси на одмрзнување со неограничено времетраење. Тие, исто така, ги исклучија безбедносните предупредувања на сензорите кои требаше да се активираат откако температурата ќе надмине одредена граница“, се вели во соопштението.

Дискусија на ниво на ЕУ

Претседателката на Европскиот совет Каја Калас вчера најави дека наводните ирански хакерски напади ќе бидат разгледани на состанокот на Советот за надворешни работи следната недела. Таа рече дека одговорот на Европа треба да биде силен доколку се потврди кој стои зад нападот.

Европската комисија исто така ги истражува овие напади. Европскиот комесар за земјоделство и храна Кристоф Хансен ги опиша како „намерен обид да се наруши нашиот синџир на снабдување со храна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер