Завршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови
Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза
1Завршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возови
2Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
КошаркаТурците самите се поразија во финишот на двобојот со Американците (ВИДЕО)Американската кошаркарска репрезентација на два пати беше пред пораз во натпреварот против Турција , па сепак на крајот поберди со 93:92.Со победата над Турците , Американците си обезбедија прво место во групата Е за Светското првенство во Кина. Поточно ,Турците два пати самите себеси се поразија. Прво на Американците им подарија продолжување , а потоа промашија четири слободни фрлања во последните девет секунди на продолжетокот. Со 15 поени, Мидлтон беше најдобар стрелец на Грег Попович. Кемба Вокер забележа 14, а Jејсон Татум, Мајлс Тарнер и Џое Харис имаа по 11 поени. Со 23 поени и 14 скокови, Илјас беше најдобриот играч на натпреварот. Мелих Махмутоглу постигна 18, а Фуркан Коркмаз постигна 16 поени. Во четврток Американците ќе играат против Јапонија, додека Турција и Чешка ќе се борат за второто коло.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗавршена е железничката обиколница околу Скопје по релација Драчево-Илинден ќе се пренасочуваат товарните возовиДо крајот на месецов ќе профункционира пругата Драчево – Илинден, која ќе овозможи пренасочување на товарниот железнички сообраќај надвор од централното градско подрачје на Скопје. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски информира дека реконструкцијата на железничката обиколница, што ја реализираше ЈПДП, е целосно завршена и ќе служи исклучиво за товарен железнички сообраќај. Според него, тоа ќе придонесе за подобра организација на транспортот, но и за намалување на аеро загадувањето. Во наредните дваесетина дена ќе следува тест-период, па технички прием, по што карго-возовите и официјално ќе почнат да ја користат делницата. -Очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт,- Александар Николоски – министер за транспорт и врски. Николоски најави дека на 1 септември ќе биде пуштена во употреба и првата линија од Градскиот воз. Линијата ќе сообраќа од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Кисела Вода, и Аеродром, до Транспортниот центар, а реконструираната пруга ќе овозможи возовите да се движат со брзина од 80 до 90 километри на час, што значи дека патувањето од Зелениково до центарот на Скопје ќе трае околу 25 минути. Од Министерството за транспорт претходно најавија и дека до крајот на 2027 година системот треба да се прошири со уште две линии. Едната од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север до центарот на градот, а другата од Миладиновци, преку Илинден и Маџари, до центарот на Скопје. Паралелно со развојот на градската железничка инфраструктура, Владата најави и реализација на проектот за брза пруга на Коридорот 10, која треба да го поврзе северниот и јужниот дел на земјава, од Табановце до Гевгелија. Во моментов се работи на обезбедување на финансиската конструкција, изработка на физибилити студија и потребната проектна документација. Според најавите na Николоски, целта е проектот да биде реализиран до 2031 година, со што значително би се скратило времето на патување кон Белград и Солун. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берзаМакедонските компании во следните неколку недели ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза. Проектот се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој, а како што посочи директорот на Македонска берза Иван Штериев во периодот кој следи ќе се разговара и со компании од ИТ секторот. Оттаму велат до 10 домашни компании ќе добијат стручна подготовка за пристап до пазарот на капитал, преку можност за финансирање со издавање акции и обврзници .. Во првиот проект ќе има одреден број компании, а ако некоја од нив реши и го направи овој чекор, ќе има втор проект, условно договорен, за конкретна поддршка и на таа оперативна фаза.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеаКога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите .Кога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите додека пријавувате семејно насилство се одвишок и наскоро можат да станат минато. ЦУК најави дека 112 ќе биде надграден со апликацијата „Where are U“ - систем, кој треба да направи разлика меѓу навремената интервенција и трагичниот исход. Таа ќе овозможува прецизно испраќање на локацијата, како и видео и фотографии до службите од местото на настанот или несреќата, воедно и ќе овозможи видео повик со Оперативниот центар. На оние кои се под закана од семејно или било какво друго насилство, ќе им даде можност тивко и безбедно да побараат помош. -Наскоро, нашите граѓани ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where are U“, која ќе им овозможи да го споделуваат точното место, фотографии и видеа од местото на настанот, како и директна комуникација со оперативниот центар во случаи на итност. Воедно ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата во опасност да побараат помош на тивок начин,- -Мухамед Али – Директор на Центар за управување со кризи. Оваа апликација постои во повеќе земји со повеќе имиња, односно над 25 земји членки веќе имаат активирани системи за автоматско и прецизно испраќање на локацијата, на кој се базира и конкретната апликација „Where are U“, која е италијански модел, кој тежи шест мегабајти, и кој веќе има над еден милион преземања и широко е распространета во Европа. -Со активирање на „локацијата“ на вашиот телефон мобилен телефон, а потоа со кликнување на апликацијата, за неколку секунди ќе се појави вашата позиција таму каде што се наоѓате. Во овој момент, ако ви треба помош, притискате 112 да ни пријавите итен случај. На мониторот на нашиот оператор ќе се појави каде е повикувачот пронајден и ќе знаеме точно каде истиот се наоѓа,- - Фабио – Вработен во 112 – Италија. Годишно, според податоците на Европската комисија, најмалку 300.000 луѓе не можат да ја наведат точната локација кога повикуваат 112, а дури 82% од повиците на овој број за итни случаи се направени од паметни телефони, што е клучно за брза интервенција и пресудно за спасување на живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook