Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
2Шасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужува
3ВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортисти
Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
БалканТурција праќа 1 000 специјалци на границата со Грција , ќе ги спречуваат мигрантите да се вратат (ВИДЕО)Според турската новинска агенција Анадолу, Турција испраќа 1000 целосно опремени полицајци на грчката граница.Агенцијата ја цитира изјавата на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Медиумите објавија дека полицијата ќе спречи враќање на мигрантите кои се префрлиле во Грција. ТРТ Турк, кој ја пренесе изјавата на министерот Сојлу, пренесува информации за заминувањето на полицијата кон границата. „Разговаравме со турските вооружени сили утрово. Доведовме илјадници специјални полицајци на границата. Тие се целосно опремени и ќе спречат напади“, рече министерот. Тој исто така тврди дека тројца мигранти биле убиени од Грците и дека 164 лица се повредени како резултат на груби интервенции на грчката полиција. „Тие ги третираат луѓето што бараат азил според сите хуманитарни правила - Што значи тоа? Тие им се нафрлуваат на земјоделци со пиштоли. Одат против невини луѓе со пиштоли “, рече тој. Грција денеска објави дека ќе ги премести илегалните мигранти кои пристигнуваат на нејзината територија по 1 март во северниот град Серес и потоа ќе ги депортираат во нивните матични земји. Илјадници мигранти влегоа во Грција, откако Анкара на 28 февруари објави дека ќе ги пушти преку својата граница за да го продолжат своето патување кон Европа. Турција се одлучи на овој потег, и покрај заложбата според договорот со ЕУ во 2016 година за да ги задржи на своја територија. „Нашиот план е да ги вратиме во нивните земји“, рече министерот за атинската агенција (АНА) доцна синоќа. Турција од почетокот на војната во Сирија прими 3,6 милиони сириски бегалци и соопшти дека веќе не може да прима нови. Турскиот Реџеп Таип Ердоган вчера се состана со шефот за надворешна политика на ЕУ, Џозеп Борел, кој му рече дека Турција не треба да ги охрабрува мигрантите да се преселат во Европа и најави дека ЕУ ќе одвои 170 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Сирија. Портпаролот на Ердоган по состанокот рече дека ЕУ не направила „конкретен предлог“ за мигрантите за време на разговорите. Претставници на ЕУ велат дека околу 25.000 луѓе на грчко-турската граница се обидуваат да влезат во ЕУ. Атина бара остар пристап против „уцените“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Бугарија- според анкетите, Јотова во предност пред Ѓуров Бугарите денеска гласаат на претседателските избори, додека руската војна против Украина се прошири на бугарскиот брег на Црното Море. Дури 27 кандидати учествуваат во трката, а според анкетите, вршителката на должноста претседателка Илијана Јотова (61) е во водство. Нејзин најсериозен ривал е поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров (50). Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Ѓуров: Сакам Бугарија да биде сигурен сојузник на НАТО Премиерот Румен Радев рече дека „резултатот од тие напади е во корист на Русија“, но не ја обвини директно дека ги извршила. Двајцата водечки претседателски кандидати, исто така, ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. „Сакам Бугарија да има свој глас во Европа. Сакам да биде сигурен сојузник во НАТО што ги штити своите интереси со силна дипломатија и јасна позиција“, рече тој на предизборен митинг во четврток. Можен втор круг ќе се одржи следната недела Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја држи од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се кандидира на парламентарните избори. Радев ги доби тие избори, а политичките аналитичари го сметаат за близок до Кремљ. Поранешниот претседател, сега премиер, го поддржува својот поранешен заменик; двајцата се за дипломатски крај на војната во Украина. „Моите противници тврдат дека мора да има војна на исцрпување. Вистината е дека ние сме најисцрпени“, рече Јотова во четврток на предизборен митинг. Ако победи, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија. Анкетите ѝ даваат поддршка од 41 процент, додека Ѓуров има 28 проценти. Доколку никој не освои апсолутно мнозинство гласови, вториот круг ќе се одржи на 1 ноември. Гласачките места се отворени во 7:00 часот наутро и ќе се затворат во 20:00 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаШасивари на Европскиот ден на правдата: Правдата е обврска, одговорноста е должност, довербата се заслужуваПравдата е темелот на правната држава, чуварот на слободата, достоинството на секој човек и најсилниот доказ за вистинската зрелост на институциите. Без независно судство, професионално обвинителство и одговорни институции, нема правна сигурност, нема еднаквост и нема вистинска доверба. Како министер за правда, мојата определба е да градиме правосудство во кое законот ќе биде над секој интерес, правдата нема да зависи од ничија моќ, а секој граѓанин ќе има еднакво право на заштита и правично постапување. Ни треба судство кое одлучува независно, непристрасно и во разумен рок. Обвинителство кое постапува професионално, одлучно и неселективно. Институции што ќе ја оправдаат довербата не со зборови и ветувања, туку со конкретни резултати, интегритет и одговорност. Довербата во правдата не се бара – таа се заслужува. Не со декларации, туку со дела. Не со ветувања, туку со резултати. Затоа, реформите нема да ги мериме само според бројот на донесени закони, туку според промените што граѓаните реално ќе ги почувствуваат: поефикасни постапки, поквалитетни одлуки, поголема правна сигурност и еднаква примена на законот за сите. Европската иднина на државата подразбира европски стандарди во секоја институција, доследност во спроведувањето на реформите и одговорност без исклучок. Тоа не е само наша обврска на европскиот пат, туку пред сè обврска кон граѓаните и нивното право да живеат во праведна и уредена држава. Правдата е обврска. Одговорноста е должност. Довербата се заслужува. Честит 25 Октомври – Европски ден на правдата! Министер за правда д-р Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кочани со конкретни инвестиции и проекти, изградба на дом за стари лица, поддршка на студентите и младите спортистиВо изминатите 11 месеци, Општина Кочани реализираше и започна значајни проекти за подобар живот на граѓаните, со фокус на инфраструктурата, социјалната грижа и младите.Се реконструира булеварот „Теодосија Паунов“, во должина од 1.040 метри, инвестиција од 88 милиони денари, од кои 85 милиони се обезбедени од Министерството за транспорт. Изведени се атмосферската канализација, тротоарот и велосипедската патека, а поставен е и завршниот асфалтен слој на едната коловозна лента. Започна и изградбата на домот за стари лица, со вкупна вредност од околу 247 милиони денари. Државата учествува со 200 милиони денари, а Општина Кочани со околу 47 милиони денари, со цел да се обезбедат подобри услови за грижа и достоинствен живот на повозрасните сограѓани. Посебно внимание се посветува на младите. За академската 2025/2026 година доделени се стипендии на 31 студент, во износ од 4.000 денари месечно за 10 месеци, а за спортските клубови и младите спортисти се обезбедени над 7 милиони денари. Со инвестиции во инфраструктурата, социјалните услуги и младите, Општина Кочани продолжува да гради град со повеќе можности, подобри услови и посигурна иднина за сите граѓани. Кочани напредува со работа, одговорност и конкретни резултати, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook