Турција последен патник во полуфиналето на Европскиот шампионат за одбојкарки - Канал 5

Турција последен патник во полуфиналето на Европскиот шампионат за одбојкарки

Одбојкарките на Русија се последните кои се пласираа на Европското првенство чија завршница се игра во Баку, Азербејџан.

Турција последен патник во полуфиналето на Европскиот шампионат за одбојкарки
Во последниот меч од четвртфиналната рунда Турција ја победи селекцијата на Русија со 3:0 по сетови 27-25, 25-18 и 25-20.

Со оваа победа Турчинките се озборија за место во „големата четворка“ која ќе разигрува за медалите.

Тие во полуфиналето за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија, додека во другиот полуфинален меч ќе играат Холандија и домашната селекција на Азербејџан пока попладнево во четвртфиналето со 3-0 ја победи Германија.

Полуфиналните мечеви на програмата се утре, а во недела ќе се играат дуелите за медал./МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот

Превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“,

Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот

Денеска (16.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, на возачите во Тетово, Велес, Кавадарци и Неготино им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, а на пешаците за обврска улицата да ја минуваат на обележан пешачки премин и да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин. Полициски службеници од СВР Битола пак, во основното училиште „Даме Груев" во Битола, одржаа едукативно предавање „Да ги заштитиме децата во сообраќајот".

Во Штип, Кочани и Делчево, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози безбедно со технички исправно возило“, а ги информирааа граѓаните и за последиците што може да настанат доколку возат под дејство на алкохол.

Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Куманово спроведе превентивна активност за безбеден јавен превоз на патници и ученици, насочена кон правните лица кои вршат автобуски јавен превоз на патници односно неопходноста превозт да се врши со технички исправни возила.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Неготино, ПС Пробиштип и ПО Чашка денеска реализираа и превентивни активности за заштита од измами и различни форми на кражби, укажувајќи им на граѓаните да бидат внимателни во комуникација со непознати лица, да не ги споделуваат своите лични податоци и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Oд страна на полициски службеници од ПС ГН Попова Шапка во с. Вешала и с. Шипковица беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Полициски службеници од ПС Берово пак во соработка со родителите на малолетни лица, во Берово спроведоа превентивна активност насочена кон малолетниците, односно за спречување на појавите на малолетничка деликвенција, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции и нарушување на јавниот ред и мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична против Рамиз Мерко и двајца вработени во општина Струга- издавале градежна дозвола во с. Мислешево

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Струга и двајца вработени во општината за несовесно работење во службата.

Кривична против Рамиз Мерко и двајца вработени во општина Струга- издавале градежна дозвола во с. Мислешево

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(69), А.Б.(40), двајцата од Струга како и против Н.Р.(57) од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село Мислешево.

Второ и третопријавениот, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија.

Минчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрација

На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија 2026–2030, со фокус на доброто управување, институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на јавната администрација.

Посебно внимание беше посветено на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници, која треба да започне со работа во 2027 година. Разговарано беше за можностите за поддршка од системот на ОН во развојот на обуките, модулите и обучувачите, со цел континуираниот професионален развој да стане составен дел од работењето на јавната администрација. Во овој контекст беше спомената и досегашната соработка со УНДП во воспоставувањето на системот за управување со учењето – ЛМС.

„Реформата на јавната администрација не е само креирање на закони. Нејзината вистинска вредност е во тоа граѓаните да добијат институции кои работат поефикасно, попрофесионално и во нивен интерес. Затоа ни се важни партнерствата што носат знаење, искуство и конкретна поддршка“ истакна министерот Минчев.

Министерството за јавна администрација ќе продолжи да ја продлабочува соработката со меѓународните организации и партнери преку конкретни иницијативи и активности, насочени кон поддршка на приоритетите и реформските процеси во јавната администрација, со цел да се придонесе кон создавање на поефикасна, професионална и современа јавна администрација во служба на граѓаните.

Ви благодариме.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер