Тухел: Рашфорд може да стане еден од најдобрите во светот, но треба редовно да го докажува тоа - Канал 5

Тухел: Рашфорд може да стане еден од најдобрите во светот, но треба редовно да го докажува тоа

Селекторот на Англија, Томас Тухел стравува дека Маркус Рашфорд можеби нема да го достигне својот целосен потенцијал.

Тухел: Рашфорд може да стане еден од најдобрите во светот, но треба редовно да го докажува тоа

- Не станува збор за талент, туку за тоа дали може да ја докаже својата вредност на клупско и меѓународно ниво. Затоа што во спротивно, за 10 години, ќе биде разочаран од она што можеше да биде и од она што го постигна. Мислам дека летвичката за него е многу, многу високо. Можеби повисоко отколку за другите. Тој има потенцијал, но потенцијалот е опасен збор во елитниот спорт. Треба редовно да го покажувате најдоброто од себе, тоа е она што се бара на ова ниво, а тоа е предизвик за него. Би можел да стане еден од најдобрите во светот со квалитетот што го гледам на тренинг. Рашфорд е експлозивен, брз и силен во воздушните дуели, па каде се границите? Нема граници, но бројките не го откриваат потенцијалот, толку е едноставно, рече Тухел.

Оваа сезона, 27-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Англија игра за Барселона како позајмен играч. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Општина Кисела Вода доби нов, современ спортски комплекс во населбата 11 Октомври Бараки, кој претставува прв спортски проект од ваков вид на нејзината територија. 

Нова спортска зона во Кисела Вода: Калистеник парк и терен за одбојка на песок

Лоциран во непосредна близина на Паркот на шахот, овој простор е функционално дизајниран за да ги унапреди условите за рекреација и за развој на спортот на отворено.

Централно место во комплексот зазема модерниот Калистеник парк, кој се простира на површина од 380 квадратни метри. Истиот е целосно осветлен со рефлектори, со што се овозможува непречено користење и во вечерните часови. Оваа нова спортска зона е наменета за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. Опремена е со разновидни справи, вклучувајќи вратило, разбој, паралелки и шведски скали, кои овозможуваат изведување комплексни вежби за развој на силата, издржливоста, координацијата и флексибилноста.

Како дополнување на понудата, во склоп на комплексот е изграден и професионален терен за одбојка на песок. Теренот располага со мрежа поставена на универзална висина и е осветлен со рефлектори, исполнувајќи ги стандардите за одржување на спортски натпревари и квалитетна рекреација. Со успешната реализација на овој проект, се потврдуваат заложбите за континуирано вложување во спортската инфраструктура и за создавање современи услови за активен живот на сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Влада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.

Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството.

Владата и понатаму внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар и, доколку тоа го наложат околностите, ќе продолжи да носи навремени и соодветни мерки во интерес на сигурно, стабилно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.

По усогласување на одлуката во рамки на владините процедури истата ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување, согласно законските надлежности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Роџер Федерер во врска со синот на неговиот противник?

Сè почести се гласините дека синот на Лејтон Хјуит е во врска со една од ќерките-близначки на Роџер Федерер и дека Круз и Мила се заедно...

Ќерката на Роџер Федерер во врска со синот на неговиот противник?

Дали на повидок е нова тениска романса – меѓу синот на Лејтон Хјуит и ќерката на Роџер Федерер? За ова се зборува веќе некое време, особено по Вимблдон.

Таму, Круз Хјуит го загуби мечот во финалето на јуниорскиот турнир, а притоа помина многу време со Мила и Шарлин Федерер. Токму за ова пишуваше британскиот „Дејли мејл“, наведувајќи дека постојат информации оти Круз и Мила се во врска и дека поминале многу време заедно на Вимблдон.

Круз има 17 години (роден на 11 декември 2008 година), додека Мила Роуз и Шарлин Рива се близначки родени на 23 јули 2009 година. Според тоа, тој наскоро ќе стане полнолетен, додека тие две наскоро ќе го прослават својот 17-ти роденден.

Нивните семејства се блиски и тие се познаваат уште од детството. Беа заедно на турнирот „Австрија опен“, а британскиот портал исто така тврди дека Мила била присутна на финалето на Вимблдон, каде што Круз играше и загуби од квалификантот Џордан Ли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер