Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ФудбалТухел избра за Светското првенство - Англија атакува на врвотСелекторот на англиската фудбалска репрезентација, Томас Тухел, го објави списокот на фудбалери кои што ќе ги поведе на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Англиските медиуми веднаш забележаа дека на списокот за Мундијалот ги нема напаѓачите Кол Палмер од Челзи и Фил Фоден од Манчестер Сити, фудбалери кои подолг период беа стандардни во националниот тим. Тухел дури и не смета на искусниот стопер на Јунајтед, Хари Мегваер, но тука е Џон Стоунс, кој одигра само 3611 минути оваа сезона во дресот на Сити. Мегваер, пак, одигра 22 натпревари, односно 1.565 минути. „Џон Стоунс, и покрај неговите проблеми со физичката кондиција, е исто така дел од групата. Тухел е голем обожавател на Стоунс, а неговите лидерски вештини, способност со топката и искуството од турнирот значат дека е неопходен за селекторот на Англија“, ја објаснуваат Англичаните одлуката на Тухел. Тунхел од редовите на победникот на Лигата на Европа, Астон Вила, избра тројца фудбалери Конса, Роџерс и Воткинс. Меѓу избраните нема изненадување за фудбалерите од одбрана и средниот ред а според медиумите најсилниот потенцијал лежи во нападот каде што Тухел може да се смета на Кејн, Рашфорд, Сака... Комплетниот состав на Англија за Светското првенство. Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џејмс Трафорд (Манчестер Сити). Одбрана: Рис Џејмс (Челзи), Тино Ливраменто (Њукасл), Марк Геј (Манчестер Сити), Езри Конса (Астон Вила), Џон Стоунс (Манчестер Сити), Џарел Квансах (Баер Леверкузен), Нико О'Рајли (Манчестер Сити), Ден Торн (Њукасл), Џедтем Спенс. Среден ред: Деклан Рајс (Арсенал), Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Џордан Хендерсон (Брентфорд), Морган Роџерс (Астон Вила), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал) Напад: Хари Кејн (Баерн Минхен), Иван Тони (Ал-Ахли), Оли Воткинс (Астон Вила), Букајо Сака (Арсенал), Нони Мадуке (Арсенал), Маркус Рашфорд (Барселона), Ентони Гордон (Њукасл). Англија го отвора Светското првенство со натпревар против Хрватска на 17 јуни, а во групата ќе игра и против Гана и Панама.Тагови: тунхел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
КултураПрво место за Дивна Пешиќ Грозданов на натпреварот за најдобри апстрактни експресионистиНајдобри апстрактни експресионисти во светот: Пешиќ Грозданов, Чуан, Мофат, Ривас, Џон, Скопелити, Филичкин, Орантас, Бренан И Александрова / 2026 Американски уметнички наградиУметници од 69 земји се натпреваруваа на АМЕРИКАНСКИТЕ НАГРАДИ ЗА УМЕТНОСТ 2026, каде што на 20 од најценетите галерии во САД им беа испратени слики преку интернет за да ги оценуваат во цртеж, сликарство, скулптура, дигитална уметност и фотографија. Над 300-те победнички дела, од 1-во до 6-то место (и нерешени) во сите 50 категории, ќе бидат прикажани во претстоен филм и 75 статии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаницаНа почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПредизборен молк во Србија пред клучните избори во недела Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија. „Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“ Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери. „Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“ 18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05