Тудор за натпреварот против Борусија: Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер - Канал 5

Тудор за натпреварот против Борусија: Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ги искажа впечатоците по синоќешното реми 4:4 против Борусија Дортмунд во првото коло од Лигата на шампионите.

Тудор за натпреварот против Борусија: Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер

- Беше натпревар каде што можеше да се види колку енергија потрошивме против Интер. На полувремето, забележав дека некои од играчите беа уморни. Игравме против силен тим со играчи од врвно ниво. Честитки до момците, бидејќи во тој момент не можеа да направат повеќе. Последните два натпревара беа посебни, игравме против важни тимови. Секој што излегува на теренот го прави тоа со голем ентузијазам, што е многу важно за тренер. Секој ден работиме на нашиот тимски менталитет на тренинг. Убаво е да се види дека никогаш не се откажуваме, изјави Тудор за клупскиот сајт на Јувентус.

Натпреварот од Серија А одигран минатиот викенд против Интер заврши со 4:3 во корист на клубот од Торино.

Во второто коло од Лига на шампиони, Јувентус ќе игра против Виљареал на гостински терен на 1 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“

Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..

Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“

Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска..

Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење

Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.

Уапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење

На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење.

Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби.

Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода.

Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер