Тудор останува во Јувентус до 2027 година - Канал 5

Тудор останува во Јувентус до 2027 година

Она за што се шпекулираше неколку дена сега е официјално. Игор Тудор стана трајно решение на клупата на Јувентус и договорена е соработка за (барем) следните две години.

Тудор останува во Јувентус до 2027 година

Хрватот потпиша договор со Јувентус до 2027 година. Но, со опција за продолжување за уште една година.

Поранешниот играч на торинскиот гигант, кој веќе беше во тренерскиот штаб на чело со Андреа Пирло, дојде на крајот од сезоната да го замени Тијаго Мота. И успеа да ја постигне примарната цел, да го одведе тимот до четвртото место и да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Постои надеж дека со Тудор ќе се обезбеди некаков вид стабилност, со оглед на тоа што Јувентус смени четири тренери во изминатите шест години.

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин, одредена мерка притвор

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ.

Лишен од слобода дилер во Скопје, пронајден кокаин, одредена мерка притвор

Имено, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама. Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Петрушевски: СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата

СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици.

Петрушевски: СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата

Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДС.

На повеќе места низ државата на местата на пожарите меѓу другото најдени се и дрва потопени во бензин, гума, ракавици.

Истрагата на институциите дојде и до лица блиски до опозицијата, кои се веќе и во притвор.

Секој може многу јасно да види дека државата не гори само од природни непогоди, туку и од човечки фактор.

И додека некој подметнуваше пожари, а некој ликуваше преку политички соопштенија, институциите го дадоа својот максимум и навремено локализираа и изгаснаа десетици пожари низ државата.

Повикуваме на одговорен пристап на СДС, тие беа власт до пред само 1 година, а на државата и оставија расипани авиони без пилоти, стари возила и недоволна опрема.

Една година потоа, државата има функционални авиони, пилоти, и приспособени воени и полициски возила за гаснење на пожари.

Народот ја гледа разликата.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Еден од синовите на мексиканскиот нарко-бос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, коосновач на картелот Синалоа, Овидио Гузман Лопез, се изјасни за виновен пред американски суд како дел од спогодбата за признавање на вина што обезбедува полесна затворска казна.

Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна

Познат по прекарот „Ел Ратон“ (глувчето), 35-годишниот Овидио е единствениот од четирите синови на водачот на картелот кој постигна спогодба со американското судство и ја призна вината.

Ел Чапо, отслужува доживотна казна затвор во САД, изречена во 2019 година.

Американскиот обвинител Џеј Клејтон изјави вчера на суд во Менхетен дека ова е „важен чекор во повикувањето на одговорност на картелот Синалоа и неговите водачи за нивната улога во епидемијата на фентанил, дрога што одзеде многу американски животи“.

Судот во Њујорк на 1 јули ги отфрли обвиненијата за трговија со дрога против Овидио Гузман како дел од спогодбата за признавање на вината, избегнувајќи судење и обезбедувајќи, според аналитичарите, полесна казна од казната на неговиот татко. Датумот на изрекување на пресудата сè уште не е закажан.

Како дел од спогодбата, Овидио Гузман се изјасни за виновен за заговор поврзан со трговија со дрога и учество во криминално здружение, објави Министерството за правда на САД. Тој, исто така, призна дека тој и неговите тројца браќа ја презеле улогата на нивниот татко во рамките на картелот.

Овидио беше уапсен во јануари 2023 година во операција во Кулијакан во северозападно Мексико, во која беа убиени најмалку 29 лица. Девет месеци подоцна, тој беше екстрадиран во САД.

притисни ентер