Тудор: Интер има подобар тим од Наполи - Канал 5

Тудор: Интер има подобар тим од Наполи

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, ги спореди тимовите на ривалите од Серија А, Интер и Наполи.

Тудор: Интер има подобар тим од Наполи

- Игравме против Интер, еден од најсилните тимови во Серија А, според мене, тие се исто така пред Наполи. Победивме и покрај тоа што не сме на највисоко ниво и имаме некои проблеми. И мене ми се допаѓа да победувам на овој начин, рече хрватскиот тренер на прес-конференција.

По првите три кола од Серија А во сезоната 2025/26, Наполи е на првото место на табелата со девет бода, додека Јувентус исто така има девет бода и е на второто место. Интер има три бода во три натпревари и е на 12-то место.

Во третото коло изминатиот викенд, Јувентус го победи Интер со резултат од 4:3.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во нашата историја, симбол на непокорот, храброста и решителноста на македонскиот народ во стремежот за слобода, достоинство и самостојна држава.

Министерство за јавна администрација: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!

Делото на учесниците во Народноослободителната борба е трајно врежано во темелите на нашата држава. Нивната жртва не обврзува да го чуваме историското наследство и да продолжиме да ја градиме Македонија како демократска и просперитетна држава, со силни институции и јавна администрација посветена на граѓаните.

Со почит кон минатото и со визија за иднината, да продолжиме да придонесуваме за држава во која слободата, достоинството и правдата се темелни вредности.

Нека е честит 11 Октомври!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник, 12 октомври, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар. 

Од понеделник почнува примената на „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

– По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид – посочуваат од МВР.

Примената на системот „Безбеден град“ на територија на СВР Охрид минатата недела ја најави и министерот за внатрешни работи министерот Панче Тошковски при посетата на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад.

Со активирањето на системот, како што нагласуваат од Министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

МВР апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван.

Министерот Тошковски во Охрид изјави дека во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меч за аналите: 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минута

Најлудиот натпревар во годината – 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минута .

Видео: Меч за аналите: 11 гола за едно полувреме и победнички гол во 90+9. минута

Ролеркостер од емоции и возбудување во Солна , Шведска.Спектакуларен натпревар со 11 постигнати голови одиграа АИК и Бромапојкарна во 23-тото коло од шведското првенство, мечот заврши со победа на гостите од 6:5.

Највозбудливиот момент на мечот кој без сомнение е најдраматичниот оваа година се случи во деветтата минута од судиското надополнување, кога фудбалерите на Бромапојкарна го постигнаа победничкиот гол.

Би било преблаго да се каже дека коментаторот на натпреварот, како и гостинските фудбалери, се разбира, паднаа во делириум.

Не се знае што беше поневеројатно во овој крајно луд натпревар: фактот што сите голови беа постигнати во второто полувреме или тоа што гостите водеа со 5:1, ја испуштија предноста, а потоа го постигнаа победничкиот гол длабоко во судиското надополнување. А можеби врвот на лудилото беа последните две минути од судиското надополнување – АИК постигна гол за 5:5 во 90+8. минута, а Бромапојкарна дојде до победа во 90+9. минута!

Па така, ако навивачите на двата клуба го гледале натпреварот на телевизија и се откажале од следење на второто полувреме по првиот дел без голови – зажалиле.

Следеше вистински фудбалски спектакл. АИК, по резултатот 1:5 што стоеше на семафорот во 73. минута, се опушти, уверен во лесен триумф, и му дозволи на ривалот да се разбуди, да возврати и да се врати во натпреварот. Играчите на АИК редеа гол по гол, навивачите се „запалија“, а трибините „експлодираа“ во моментот кога на семафорот стоеше – 5:5. А потоа – шок, вистинска шлаканица.

Буквално во следната акција по израмнувањето, гостинскиот играч Хансен ја стивна еуфоријата на трибините и ја разгоре радоста на својот тим – погоди за 6:5 и стави крај на најлудиот натпревар одигран оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер